Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Опасни инсекти се шират низ Србија: Пренесуваат сериозни заболувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
media-librarygk18hv3i7vo5c7pP1DG
Magnific / Илустрација

Малите инсекти познати како папатаци или песочни мушички стануваат сè поголем предизвик за јавното здравје, а најновите истражувања покажуваат дека тие најверојатно се присутни на целата територија на Србија.

Станува збор за инсекти кои се хранат со крв и можат да пренесуваат различни заразни заболувања, меѓу кои и лајшманиозата – потенцијално опасна паразитска болест што ги погодува и луѓето и животните, особено кучињата.

— реклама —

Според истражувањата спроведени во рамките на проектот CLIMOS, во текот на 2023 и 2024 година биле собрани и анализирани повеќе од 94.000 примероци од папатаци и патогени што тие ги носат. Резултатите покажуваат дека овие инсекти се сè почести преносители на заразни болести низ Европа, вклучително и во Србија.

— реклама —

„Прелиминарните резултати покажуваат дека папатаците најверојатно се распространети на целата територија на Србија и дека кај нас се присутни подвидови кои можат да пренесуваат заразни заболувања“, изјави д-р Сузана Блесиќ од Физичкиот факултет во Белград.

Папатаците се активни претежно ноќе, најчесто во самрак и во раните утрински часови. Освен лајшманиоза, тие можат да пренесуваат и различни вируси, од кои некои предизвикуваат лесни инфекции, а други можат да доведат до сериозни компликации, како што е летниот менингитис.

— реклама —

Научниците предупредуваат дека климатските промени создаваат сè поповолни услови за нивно размножување и ширење кон северните делови на Европа.

— реклама —

Експертите препорачуваат користење заштитна облека, репеленти и редовни ветеринарни прегледи на домашните миленици, особено кучињата, кои претставуваат главни преносители на лајшманиозата.

Дополнително, граѓаните се советуваат да ја одржуваат чиста околината околу домовите и да избегнуваат престој на отворено во периодите кога овие инсекти се најактивни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 10 часа

— реклама —
media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 1 ден

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 3 дена

media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања