Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Опозициските тврдења ги демантира извештајот на Евростат за куповната моќ, Македонија е пред сите земји од регионот“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryfa3dbt298mj8dDUs5cH

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека најновиот извештај на Евростат за куповната моќ ги демантира тврдењата на опозицијата, истакнувајќи дека Македонија не е на дното на европската листа, туку, како што рече, е пред сите земји од регионот и пред неколку земји членки на Европската Унија.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорите за финансирање на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, Мицкоски рече дека во изминатите денови опозицијата и дел од медиумите воделе, како што оцени, „плитка кампања“ околу податоците на Евростат.

— реклама —

„Македонија не е најслаба, туку е подобра од неколку земји од Европската Унија и пред сите земји од регионот кога станува збор за куповната моќ на граѓаните“, изјави премиерот.

Тој додаде дека според него е видлив напредокот во однос на состојбата од пред три до четири години, но нагласи дека Владата не е задоволна со постигнатото и ќе продолжи да работи на подобрување на животниот стандард.

— реклама —

„Ако тоа се спореди со бројките од пред три-четири години, може да се забележи значаен напредок. Дали е тоа доволно? Не е. Ќе продолжиме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и за државата“, рече Мицкоски.

— реклама —

Премиерот додаде дека, според него, опозицијата ќе продолжи со, како што кажа, „конструкции и лаги“, додека Владата ќе остане фокусирана на реализација на своите политики и економскиот развој на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: Во Европа енергенсите се многу поскапи, правиме сè за граѓаните да плаќаат најевтино

Македонија | пред 6 минути

— реклама —
media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

Мицкоски: Денес им се распрснаа плитките лаги на СДСМ, ќе сторам се да се најде решение за купувачите и граѓаните да не бидат оштетени

Македонија | пред 28 минути

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски: Владата на СДСМ во 2023 година носела одлука поврзана со Алта банка и Давор Мацура

Македонија | пред 42 минути

media-librarychnerospkash5j7nNgr

Мицкоски: Нема предвремени избори, следните две години треба да обезбедиме пет милијарди евра

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања