Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Општина Аеродром ќе поставува видеонадзор на детските и спортските игралишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-librarypdl97gqr860l9WsqE1e

Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите, со цел да се зголеми безбедноста и да се спречи вандализмот. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општината.

— реклама —

Од Општина Аеродром информираат дека проектот добил поддршка од советниците, на кои им изразија благодарност за препознавањето на важноста на оваа мерка.

— реклама —

Според општината, поставувањето видеонадзор е дел од пошироките активности за заштита на јавната инфраструктура, покрај реконструкцијата и обновата на детските и спортските игралишта.

Новиот систем треба да придонесе за спречување на вандализмот, заштита на општинскиот имот и урбаната опрема, зачувување на парковите и игралиштата, како и да им помогне на надлежните институции во откривањето на сторителите на казниви дела. Воедно, се очекува да овозможи поголем јавен ред и повисоко ниво на безбедност.

— реклама —

Од Општината посочуваат дека реализацијата на проектот ќе се одвива согласно законските процедури и со целосно почитување на прописите за заштита на личните податоци.

— реклама —

„Безбедноста е инвестиција во иднината. Со оваа мерка продолжуваме да создаваме побезбедни, поуредени и подобро зачувани јавни простори во интерес на сите граѓани“, наведуваат од Општина Аеродром.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntpro4bu5nb97HKk4Kg

Граѓани снимиле камион кој истурал отпад во Аеродром, инспекциските служби веднаш реагирале

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryol0d1jb71ovg20k6aK5

Општина Аеродром ослободува паркинг-места: Се отстрануваат старите и напуштени возила

Скопје | пред 3 дена

media-librarybmk019jm58sj9WAoOPC

Отстранети 400 тони отпад од диви депонии и јавни површини во Аеродром

Скопје | пред 6 дена

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања