„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Општина Центар започна со реализација на проектот „Нула Глад“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од висок социјален ризик, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претставникот од здружението Банка за Храна – БХМ, Душко Христов, официјално го означија почетокот на реализацијата на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар.

— реклама —

Овие 150 граѓани секој месец во текот на целата 2019-та година ќе ги добиваат социјалните пакети, со што ќе им се олеснат месечните трошоци за основната исхрана, а општината со спроведувањето на овој проект, активно ќе се вклучи во борбата против сиромаштијата и гладот.

— реклама —

“Сакавме во овој период што претстои да направиме систем, во кој со Банката за храна ќе доставуваме прехранбени продукти, за да овие можат овие семејства полесно да го поминат месецот. Знаете дека податоците кои излегоа во скоро време се застрашувачки, некои семејства го поминуваат денот со само еден оброк. Затоа ги повикувам и другите општествено одговорни компании да ни се придружат и како нивни сограѓани, заедно да им помогнеме на овие луѓе“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Пакетите содржат масло за јадење, брашно, супи, тестенини и останати прехранбени производи, неопходни за живот на овие наши сограѓани на кои им се најпотребни, особено во зимскиот период кога температурите паѓаат под нулата.

“Пакетот е доволен да се помогне месечно на едно семејство. Примерот од Општина Центар го препознаа и други општини и веќе тие се приклучуваат“, додаде претставникот на Банка за Храна, Душко Христов.

Општина Центар е првата општина во Македонија која се вклучува во проектот “Нула Глад“, проект на Обединетите нации, кој има за цел да стави крај на гладот, да ги елиминира сите форми на неухранетост и да изгради инклузивни и одржливи прехранбени системи.

Општина Центар овој проект го реализира во партнерство со здружението Банка за Храна – БХМ, а со поддршка на маркетите: Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит Го.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krevet-700x525

(ФОТО) Телевизор и кревет фрлени во Вардар

Скопје | пред 6 години

67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Скопје | пред 6 години

67399920_10217330857137154_5844851848724348928_o

ФОТО: Повторно се сечат дрва во Аеродром, градоначалникот едно ветува - друго прави

Скопје | пред 6 години

67105796_10219334269487408_7078197084100231168_n

(ФОТО) Шилегов го пронајде гробот на Александар Македонски под тротоар во Карпош

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања