Промени тема
Контакт

Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестиции во спортот, Стојкоски порача: Младите се нашиот приоритет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
igralista-gorce

Општина Ѓорче Петров, продолжува со инвестиции во спортот и младите генерации. По долг период, општината повторно се развива, инвестира и обновува, со јасна стратегија за создавање современи спортски објекти кои ќе го поттикнат здравиот и активен живот на најмладите. Во рамките на оваа визија, неодамна беше завршена реконструкцијата на спортскиот терен во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“, каде што е поставена нова тартан подлога на површина од 650 м², известуваат од општината.

Во таа насока, градоначалникот Александар Стојкоски порача:

— реклама —

„Младите се нашиот приоритет! Општината не ги заборава – вложуваме во нивната иднина со модерни, безбедни и инспиративни простори каде ќе растат, ќе учат и ќе се забавуваат. Ѓорче Петров ја гради иднината на спортот, а со тоа ја гради и иднината на нашите деца“.

— реклама —

Дополнително, општината реализираше и други значајни проекти од ваков карактер, вклучувајќи: Реконструкција на спортските терени во населбата Даме Груев со нова тартан подлога; Реновирање на спортскиот комплекс „Бранители“ во Волково со 1.500 м² нова подлога; Поставување вештачка тревна подлога во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“; Изградба на нов фудбалски терен кај стадионот во Ѓорче Петров.

— реклама —

Во претстојниот период, општината ќе започне со поставување на вештачка тревна подлога во училиштата „Страшо Пинџур“ и „Мирче Ацев“, дополнително подобрувајќи ги спортските услови, додаваат од општина Ѓорче Петров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

prvacinja

Општина Ѓорче Петров со ранци и учебници за сите првачиња

Скопје | пред 1 година

— реклама —
rascistuvanje-na-sneg-1

Eкипите на општина Ѓорче Петров на терен од рано утро

Скопје | пред 1 година

GP

(Видео) Стојкоски: Затекнавме општина во долгови и населени места без инфраструктура, денес Ѓорче Петров расте и се модернизира

Скопје | пред 1 година

postavuvanje-stolbcnja

Општина Ѓорче Петров ги засилува безбедносните мерки во сообраќајот: поставени нови столбчиња и пешачки премини, следуваат успорувачи на брзина пред училиштата и градинките

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања