Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Општина Илинден потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryvdmnja83bnbs2SCvDoY

Општина Илинден потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери, во соработка со Центарот за развој на Скопскиот плански регион.

— реклама —

Договорот го потпишал градоначалникот Александар Георгиевски, а со проектот е предвидена реконструкција на најоштетениот дел од патот, од улицата „19“ во населбата Илинден кон населеното место Јурумлери.

— реклама —

Според најавите, ќе се реконструира делница во должина од околу половина километар, со широчина на коловозот од 4,5 метри.

Од Општината посочуваат дека со зафатот ќе се овозможи побезбедно и поквалитетно сообраќајно поврзување, како и подобрување на инфраструктурните услови во овој дел од општината.

— реклама —

Георгиевски истакнал дека станува збор за значаен патен правец кој поврзува повеќе населени места од соседните општини и дека реконструкцијата ќе придонесе за подобро и побезбедно движење на сите учесници во сообраќајот.

— реклама —

Од Општина Илинден велат дека проектот е дел од заложбите за унапредување на патната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc50roh5s7uibcDbhplk

Нова инфраструктура во Илинден: Реконструирана улица долга 1.200 метри

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-librarycmvsq0ba93h37lY6OZS

Над 150 првачиња од Илинден добија по 3.000 денари и училишен прибор

Скопје | пред 1 месец

media-library1fmniemn36qef2H9Gji

Во недела посебен сообраќаен режим во Илинден поради атлетска трка

Скопје | пред 1 месец

media-librarylur8gk2jim4afhL6VmX

Илинден ја зголеми помошта за новороденчиња на 6.000 денари, по 3.000 денари добива и секое прваче

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања