Промени тема
Контакт

Општина Илинден започна со изградба на нова канализациона линија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library0e5hd4rrj4em4Ug1tFo

Општина Илинден започна со реализација на нов инфраструктурен проект – изградба на канализациона линија на улицата „8“ во населбата Илинден, со цел подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот на жителите.

Новата канализациона мрежа ќе биде во должина од 130 метри и ќе се поврзе со постојниот фекален систем, односно со колекторот Илинден–Марино. Со нејзиното ставање во функција ќе се овозможи приклучување на околу 10 домаќинства, соопштија од општина Илинден.

— реклама —

Градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во почетокот на градежните активности, при што истакна дека проектот е значаен за решавање на долгогодишен проблем со одведување на отпадните води во овој дел од населбата, стои во соопштението.

— реклама —

„Со изградбата на оваа канализациона линија директно придонесуваме за подобрување на животната средина и создавање поквалитетни услови за живот на граѓаните“, изјави Георгиевски.

— реклама —

Од општината најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со инвестиции во комуналната инфраструктура, со посебен акцент на проширување и модернизација на фекалната канализациона мрежа во повеќе населени места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylur8gk2jim4afhL6VmX

Илинден ја зголеми помошта за новороденчиња на 6.000 денари, по 3.000 денари добива и секое прваче

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library5sn0ddvncrmo4qMaB9k

Поддршка за најмладите во Илинден: Секое прваче ќе добие по 3.000 денари и училишен ранец

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryqsoc5bqeo1js8Cs5TJ7

СДСМ: Делегација предводена од претседателот Филипче положи свежо цвеќе на споменикот на илинденците на Мечкин Камен

Македонија | пред 1 месец

media-library6p0n8v0htbrmbewPaAu

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања