„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Општина Карпош: „AUDI-Q7“ е продадено легално - парите се пренаменија за јавна хигиена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
46519555_1879600305491558_4463405175930880000_o

— реклама —

 Општина Карпош целосно ги демантира информациите за нерегуларности во постапката за продажба на општинското возило AUDI Q7, објавени на некои од порталите.

— реклама —

„Лицето кое го купи возилото, ниту е другар, ниту пак е познаник на градоначалникот Стефан Богоев.

Во интерес на вистината и врз основа на фактите, возилото AUDI Q7 е оттуѓено врз основа на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост.

Оттуѓувањето се вршеше и преку електронскиот систем на ЗЕЛС  за оттуѓување на движни ствари (e-stvari.mk), а преку електронската аукција се избра најповолниот понудувач.

Сакаме да ја потсетиме јавноста, дека Општина Карпош на седницата на Советот во февруари, донесе Одлука за оттуѓување на дел од општинскиот движен имот, со цел да се обезбедат повеќе средства за набавка на возило за одржување на јавната хигиена.

Целта на локалната самоуправа е да се минимизираат непродуктивните трошоци и средствата да се пренаменат за набавка на посоодветна механизација за одржување на чистота.

Постапката за продажба на возилото е транспарентна и прописна, а непотпишаните текстови на дел од порталите говорат за лагите и несериозноста на нивните обвинувања.

Сите портали кои ја имаат објавено лажната вест, без претходно да побараат став од Општина Карпош, бараме во интерес на професионалното информирање во целост да го објават овој демант“, стои во соопштението од општина Карпош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krevet-700x525

(ФОТО) Телевизор и кревет фрлени во Вардар

Скопје | пред 6 години

67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Скопје | пред 6 години

67399920_10217330857137154_5844851848724348928_o

ФОТО: Повторно се сечат дрва во Аеродром, градоначалникот едно ветува - друго прави

Скопје | пред 6 години

67105796_10219334269487408_7078197084100231168_n

(ФОТО) Шилегов го пронајде гробот на Александар Македонски под тротоар во Карпош

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања