Промени тема
Контакт

ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ПОДДРШКА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ ОД СТРАНА НА ФОНДОТ ЗА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
JAKNENJE-NA-KAPACITETI-2

 

— реклама —

Како дел од проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, Општина Охрид ќе добие поддршка од страна на Фондот за техничка документација во износ од 3.418.650 денари. Средствата ќе бидат наменети за Изработка на урбанистички и основен проект за затворање, рехабилитација и понатамошна грижа за некласифицираната и нестандардна депонија Буково.

— реклама —

Со оваа поддршка се подобруваат општинските капацитети за имплементација на инфраструктурни проекти во насока на интегрирано планирање на локалниот развој и заштита на животната средина. Договорот за поддршка во името на Охридската локална самоуправа го потпиша Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески на официјален настан кој се одржа вчера во Скопје.

— реклама —

Проектот за јакнење на општинските капацитети е дел од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка на Амбасадата на Шведска, Бирото за регионален развој и во партнерство со Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС и со него ќе бидат поддржани вкупно 11 македонски општини.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања