Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Општината ќе ја реконструира 22- километарската оф-роуд велосипедска патека околу Беровско Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
IMG_0922-HDR-1

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, ги посети Делчево и Берово и разговараше со градоначалниците и советите за локален развој, поддршката преку Ресурсниот центар и ажурирањето на базите на даночни обврзници за поголема самоодржливост. Информираше дека се активни два јавни повика за рамномерен регионален развој со вкупно 223.423.000 денари, при што МЛС и Бирото за регионален развој нудат поддршка за аплицирање. Во Берово се истакна проектот „Нискојаглеродна InFinity патека“ (117.736 евра, 15% кофинансирање) за реконструкција на 22 км вело-патека и вело-хаб. Во Делчево се реализира проект (347.636 евра, 15% кофинансирање) со скејт-парк и уредување кеј на Брегалница (300 м) за заштита од поплави и нова рекреативна зона. Перински ја пофали динамиката и посветеноста на локалните раководства.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински оствари работни посети на општините Делчево и Берово.

— реклама —

Министерот средбите со градоначалниците Ружински и Гоцевски и членовите на Советите ги искористи за дискусија за прашањата од значење за локалниот развој, за можностите кои им се ставени на располагање преку Ресурсниот центар, како и за процесот на ажурирањето на базите на даночни обврзници кој директно ќе придонесе кон зајакнување на самоодржливоста на општините.

Во фокусот на разговорите беше и информацијата дека од минатата недела се активни двата јавни повика наменети за проекти што ќе придонесат за рамномерен регионален развој — преку Програмата за намалување на диспаритетите и Програмата за рамномерен регионален развој. За оваа намена се обезбедени вкупно 223.423.000 денари.

— реклама —

„Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој стојат на располагање на општините за споделување на дополнителни информации и поддршка во процесот на аплицирање со предлог проекти“ потенцираше министерот Перински.

Во Берово посебен акцент беше ставен на проектот „Нискојаглеродна InFinity патека“, финансиран во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Северна Македонија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“. Проектот има за цел зајакнување на туристичката понуда и ревитализација на регионот.

„Во рамки на проектот, Општина Берово ќе ја реконструира 22- километарската оф-роуд велосипедска патека околу Беровско Езеро, а ќе се изгради и современ вело-хаб со сервисни и санитарни содржини. Овие инвестиции директно ќе придонесат за зголемување на бројот на посетители, продолжување на туристичката сезона и поттикнување на локалната економија“ нагласи градоначалникот Ружински.

Вредноста на проектот за Берово изнесува 117.736 евра, од кои 15% се кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

Во Делчево беше извршен увид на проектот од областа на туризмот „Интегрирани прекугранични туристички акции во регионот Благоевград–Делчево“, кој се спроведува во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Северна Македонија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“.

„Во моментов во Делчево интензивно се работи на изградба на скејт-паркот-катче за младите за рекреација и забава и уште една понуда спакувана во туристичката приказна на Делчево. Истовремено течат градежните работи за изградба на кејот на река Брегалница возводно во должина од 300 метри со што директно се влијае во заштитата од опасноста од поплави, а коритото на реката ќе се уреди со што ќе се промени сликата во централното градско подрачје и ќе прерасне во убаво место за рекреација“ изјави градоначалникот Гоцевски.

Вредноста на проектот за Делчево изнесува 347.636 евра, од кои 15% се обезбедени како кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

Министерот изрази задоволство од динамиката на работа на градоначалниците, посочувајќи дека локални раководства покажуваат сериозна посветеност во справувањето со тековните предизвици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-10-29-at-16.50.58

(Видео) Се огласија од хотелот во Берово, каде викендов изби пожар

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-27-at-21.59.09

(Видео) Први снимки по пожарот во хотелот „Манастир“: се започнало од скарата

Македонија | пред 1 година

IMG_6352

(Видео) Гори туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово

Македонија | пред 1 година

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

Беровчанец си ја запалил куќата додека семејството му било внатре

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања