Промени тема
Контакт

Општинската изборна комисија му го врати уверението за вториот мандат на градоначалникот Кирил Пецаков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

ОО
media-librarylfquvfmpp6eqeMdeCoA

Претседателката на Општинската изборна комисија Антигона Сионов, денеска официјално му го врачи Уверението за избор на градоначалник на Општина Охрид, на досегашниот градоначалник Кирил Пецаков, за претстојниот четиригодишен мандат.

— реклама —

– Од денeска започнува мојот втор мандат, заедно со мојот тим и администрацијата и секако на сите јавни претпријатија, основни и средни училишта, кои се дел од локалната самоуправа. Реализиравме многу проекти кои што значат за Охрид и стратешки го менуваат, а така продолжуваме и во вториот мандат. Имаме 10 нови капитални проекти на кои ќе се надополни и финиширањето на четири проекти, кои беа ветени во претходниот мандат. Станува збор за сериозна промена на сето она што ние го перцепираме во Охрид, првично за охриѓани и за сите оние кои што доаѓаат и уживаат во неговите убавини. Пред нас следува инвестициски период кој верувам дека ќе заврши успешно, односно за многу работи за кои што охриѓани разговарале, побарувале и било како насушна потреба во изнинативе 30 години, ќе се остварат, ќе се завршат и сметам дека Охрид не само што ќе изгледа поинаку, ќе има и многу подобри услови за сите жители и сите туристи кои го посетуваат, истакна градоначалникот Пецаков во својата изјава за медиумите.

На свеченото доделување на Уверението за избор на градоначалник присуствуваа сите членови на Општинста изборна комисија од Охрид кои упатија искрени честитки до градоначалникот Пецаков.

— реклама —

— реклама —

Изборна комисија – општина Охрид

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања