Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Оптимизам на американските берзи: S&P 500 и Dow Jones на историски нивоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
rast-na-berzi

На Волстрит во четвртокот беше забележан нов пораст на индексите, при што S&P 500 и Dow Jones достигнаа рекордни вредности, пред сè поради растот на цените на акциите на големите технолошки компании.

— реклама —

Dow Jones се зголеми за 0,16 отсто, на 45.636 поени, S&P 500 порасна за 0,32 отсто, на 6.501 поен, додека Nasdaq оствари раст од 0,53 отсто и достигна 21.705 поени.

Рекордот на S&P 500 се должи на раст во седум од 11-те најважни сектори, со најголем скок од 0,9 отсто во комуникацискиот сектор. Иако Nvidia објави подобри од очекуваните квартални резултати, цената на акцијата падна за 0,8 отсто. Сепак, најавите за силна побарувачка ги поддржаа акциите на други компании поврзани со вештачка интелигенција: Alphabet порасна за 2 отсто, Amazon за 1, а Broadcom за речиси 3 отсто.

— реклама —

Инвеститорите денес со внимание ќе го следат извештајот за трошоците на домаќинствата во САД, кој ќе даде насоки за инфлацијата. Доколку податоците покажат раст на инфлацијата, ќе се отвори прашањето дали Федералните резерви имаат простор за намалување на каматните стапки во септември. Ако, пак, инфлацијата покаже слабеење, пазарот очекува дека централната банка сигурно ќе ги намали каматите на следната седница.

Токму тие очекувања за пониски камати се главниот двигател на растот на акциите во последните месеци.

На европските берзи, трговијата беше повнимателна. Лондонскиот FTSE падна за 0,42 отсто, на 9.216 поени, франкфуртскиот DAX благо се намали за 0,03 отсто, на 24.039 поени, додека парискиот CAC порасна за 0,24 отсто, на 7.762 поени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

nafta-mazut

Глобалните тензии ја раздвижуваат цената на нафтата

Свет | пред 1 час

rast-na-berzi

Светските берзи во пад поради новите трговски царини на САД

Свет | пред 5 месеци

rast-na-berzi

Европските берзи паѓаат поради заканата на Трамп за царини

Свет | пред 7 месеци

rast-na-berzi

Берзите брзо растат

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања