„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Светските берзи во пад поради новите трговски царини на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
rast-na-berzi

Минатата недела цените на акциите на светските берзи забележаа остар пад, откако Вашингтон воведе високи царини за увоз од земјите со кои до 1 август не постигна трговски договор. Ова предизвика голема несигурност кај инвеститорите и ги затресе пазарите ширум светот.

На Волстрит, индексот Dow Jones се намали за 2,9% и се затвори на 43.588 поени, S&P 500 загуби 2,4% (6.238 поени), додека Nasdaq падна за 2,2% и заврши на 20.650 поени.

— реклама —

Падот следуваше откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба за воведување царини од 10 до 50% на увоз од земји како Индија (25%), Тајван (20%), Тајланд (19%), Швајцарија (39%) и Бразил (50%). Дополнително, царините за некои канадски производи се зголемени од 25% на 35%.

— реклама —

Сега се очекува одлуката на Трамп дали ќе се продолжат преговорите со Кина или ќе следи дополнително зголемување на царините кон втората најголема светска економија.

— реклама —

Иако новите царини може да го зголемат буџетскиот приход, експертите предупредуваат на раст на инфлацијата. Федералните резерви (ФЕД) одлучија да ги задржат каматните стапки непроменети поради „ниска невработеност и стабилно пазарно работење“, но и покачена инфлација. Тоа ги разочара инвеститорите кои очекуваа намалување на каматите уште во септември.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, изјави дека е рано за одлука за намалување на каматите и дека моменталната монетарна политика е „благо рестриктивна, но не го гуши економскиот раст“. Ова доаѓа и покрај инсистирањето на Трамп да се олесни монетарната политика пред изборите.

Иако БДП на САД порасна за 3% во второто тримесечје – повеќе од очекувањата – вестите за слаб раст на вработеноста ги вознемирија пазарите. Во јули се отвориле само 73.000 нови работни места, далеку под очекувањата, а ревидираните податоци покажаа дека во мај и јуни биле отворени 258.000 помалку работни места од првично објавеното.

Овие индикатори укажуваат на забавување на пазарот на труд и нови предизвици за ФЕД, кој е под притисок – дали да ги намали каматите за да стимулира вработување или да ги задржи поради растечката инфлација.

И европските берзи беа во минус. Лондонскиот FTSE изгуби 0,6% (9.068 поени), франкфуртскиот DAX потона 3,3% (23.425 поени), а парискиот CAC ослабе 3,7% (7.546 поени).

Берзите влегуваат во период на нестабилност и висока осетливост на економски и политички вести – особено додека се чека следната одлука на ФЕД во септември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

nafta-mazut

Глобалните тензии ја раздвижуваат цената на нафтата

Свет | пред 2 месеци

rast-na-berzi

Оптимизам на американските берзи: S&P 500 и Dow Jones на историски нивоа

Свет | пред 7 месеци

rast-na-berzi

Европските берзи паѓаат поради заканата на Трамп за царини

Свет | пред 10 месеци

rast-na-berzi

Берзите брзо растат

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања