Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Орбан: Постигнав договор со Трамп, Путин и Ердоган

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-librarydnnqm6i9k13tck8SYt4

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека без интервенција на владата сметките на домаќинствата би се зголемиле за околу 30 отсто поради екстремно студеното време, нагласувајќи дека државните мерки се клучни за заштита на граѓаните. Во редовното утринско интервју на радиото „Кошут“, Орбан рече дека постигнал договор со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за натамошно снабдување на Унгарија со евтин гас.

— реклама —

Според Орбан, претстојните избори во април ќе бидат одлучувачки за опстанокот на намалените цени на енергенсите, за кои тврди дека Брисел сака да ги укине. Тој истакна дека рускиот гас е неопходен за одржување на сегашното ниво на цени и дека Унгарија има рок од околу година и пол за да најде начин да ја заобиколи забраната на Европската унија.

— реклама —

Европската унија оваа недела усвои регулатива со која постепено се укинува увозот на природен гас од руски гасоводи и течен природен гас. Целосната забрана за увоз на течен гас треба да стапи на сила на почетокот на 2027 година, додека забраната за увоз преку гасоводи е предвидена за есента истата година. Орбан оцени дека доколку Унгарија не најде решение во предвидениот рок, домаќинствата ќе се соочат со сериозен хаос, додавајќи дека со оваа одлука Брисел, според него, настојува да ѝ помогне на Украина.

Тој посочи дека Европската унија не би требало да се меша во трговските прашања, освен кога станува збор за санкции, за кои, како што нагласи, е потребна согласност од сите земји членки. Истовремено додаде дека за трговските одлуки не е потребна едногласност.

— реклама —

Осврнувајќи се на Украина, Орбан потсети на планот за нејзино обновување, со кој од Европа се бараат стотици милијарди евра. Според него, целта е во Унгарија да дојде на власт проукраинска влада, што, како што тврди, би го уништило унгарското стопанство, а поради географската близина со Украина, најмногу би страдале токму унгарските граѓани.

Орбан оцени дека Украина не ја зајакнува, туку ја ослабува Европа и дека таа треба да се задржи во, како што рече, преодна состојба. Тој порача дека во Брисел се води битка која мора да се добие, наведувајќи дека како што Унгарија, според него, ја добила битката околу миграциите, така може да ја добие и битката околу членството на Украина во Европската унија. Премиерот изрази уверување дека и западноевропските земји ќе се спротивстават и ќе ги принудат своите лидери да не ги поддржуваат, како што ги нарече, погрешните политики, нагласувајќи дека за тоа најпрво е потребна победа на домашен терен, а потоа и во Брисел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zelenski-putin

Путин му гарантира безбедност на Зеленски ако дојде во Москва

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин: Обвинувањата дека Русија поттикнува немири во Европа се претерани

Свет | пред 2 дена

677z381_677z381_677z381_677z381_Vladimir-Putin-ANVAS025

Путин: Источна Украина е историски руска територија, подготвени сме за преговори - безбедноста на Европа мора да е дел од договорот

Свет | пред 4 дена

media-librarym82uq7eg5dq73jSXhLX

Путин во воена униформа: Градиме безбедносна зона во Украина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања