Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Орбан: САД ѝ дадоа на Унгарија целосно изземање од санкции за руската енергија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
orban-tramp1

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во Вашингтон дека неговата земја постигнала договор со САД, со кој Унгарија добила потполна и неограничена изземеност од американските санкции за користење руска енергија преку гасоводот „Турски тек“ и нафтоводот „Дружба“.

Орбан, кој се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата одржа заедничка прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, нагласувајќи дека овој договор ја „спасил унгарската политика на ниски режиски трошоци“.

— реклама —

„Од американскиот санкциски систем сега успеавме да се извлечеме, но со европските санкции допрва ќе водиме борба“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија повеќе не мора да стравува дека најавените американски мерки против руските енергенти ќе се применат и врз неа.

Сијарто потврди дека и други држави се обиделе да добијат сличен изземок.
„Да санкциите стапеа на сила, сметките на домаќинствата драстично ќе пораснеа. По денешната средба, таа опасност повеќе не постои за Унгарија“, изјави тој.

Еден од најважните делови на договорот, според Орбан, се однесува на гасоводот „Турски тек“ и нафтоводот „Дружба“, преку кои Унгарија увезува руски гас и нафта.
„Овие две стратешки линии добија изземок без временско ограничување. Со тоа успеавме да ја одбраниме политиката на пониски трошоци за граѓаните“, истакна Орбан.

— реклама —

Тој прецизираше дека без постигнатиот договор, сметките за струја и греење во декември би биле двојно повисоки.

Орбан објави и дека САД повлекле сè што било проблематично околу изградбата на нуклеарната електрана „Пакс 2“, проект кој се реализира во соработка со Русија.
„Во врска со завршувањето на ‘Пакс 2’ нема повеќе американски сомнежи. Такви санкции во иднина нема да бидат воведени,“ рече Орбан.

— реклама —

Американската страна, според Будимпешта, потврдила дека нема да воведува ниту да одржува санкции кои би ја попречиле изградбата на нуклеарката.

Иако Унгарија успеала да обезбеди изземок од американските мерки, санкциите на Европската Унија остануваат, а Орбан најави „борба во Брисел“.

Тој потсети дека се спротивставува на планот на ЕУ до крајот на 2027 година постепено да се отфрлат руските енергенти, оценувајќи дека станува збор за одлука што може да се донесе со квалификувано мнозинство, без согласност на сите членки.

— реклама —

Трамп: „Некои земји зборуваат едно, а купуваат руско гориво“

Американскиот претседател Доналд Трамп коментираше дека многу европски држави и натаму купуваат руска нафта, иако тврдат дека не зависат од неа.
„Некои европски земји немаат проблем каков што има Унгарија, а сепак купуваат многу руска нафта. Тоа ме вознемирува повеќе,“ рече Трамп.

Орбан, пак, повтори дека географијата е реалност и дека алтернативите, како снабдувањето преку Хрватска, имаат премал капацитет за да ги задоволат енергетските потреби на Унгарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvrde277rr2p394ARYwI

Прекин во безбедносната комуникациска мрежа на НСА, засега нема докази за кибернапад

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 1 ден

media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 2 дена

media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања