Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Орце Ѓорѓиевски најави 100 нови еколошки автобуси: Јавниот превоз во Скопје влегува во нова фаза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-libraryv6h8agcfa0lv4aFqrbU

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, оценувајќи дека со ова започнува суштинска трансформација на јавниот превоз во главниот град. Според него, станува збор за исполнување на конкретно ветување и за чекор што директно ќе го подобри секојдневието на илјадници граѓани.

— реклама —

Како што соопшти Ѓорѓиевски, одлуката е донесена од страна на Влада на Република Македонија, а предвидува на Скопје да му бидат доделени 100 нови автобуси, заедно со 50 полначи. Тој истакна дека ваквата инвестиција значи побезбеден, навремен и подостоинствен јавен превоз, но и значаен придонес кон заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот.

Градоначалникот се повика и на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека оваа поддршка за Скопје е дел од поширока стратегија за стабилизација и модернизација на јавните услуги. Според Ѓорѓиевски, одлуката произлегува од стратешки договор „влада со влада“ меѓу Македонија и Унгарија, што овозможува набавка на возилата по исклучително поволни услови.

— реклама —

Во своето обраќање, Ѓорѓиевски нагласи дека проблемот со јавниот превоз, кој со години бил една од најголемите болки на скопјани, наскоро ќе стане минато. Тој посочи дека преземањето на функцијата значело соочување со сериозен колапс во системот, но и дека токму поради тоа прифатил одговорност да започне процеси кои со години биле закочени.

— реклама —

Градоначалникот информираше дека за неполни три месеци од стапувањето на функцијата се иницирани повеќе клучни постапки, меѓу кои и набавката на нови возила за Комунална хигиена, чие пристигнување се очекува до крајот на годината, како и стартот на процесот за набавка на новите автобуси. Според него, ова се првите конкретни резултати од, како што рече, „тектонски промени на подобро“.

Ѓорѓиевски упати јавна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и, како што нагласи, за посветеноста кон граѓаните, оценувајќи дека без таквата поддршка реализацијата на вакви крупни проекти не би била возможна. Тој порача дека Скопје има потенцијал повторно да стане град со достоинство, ред и јасна визија за иднината.

— реклама —

На крајот, градоначалникот истакна дека времето на дилеми дали може подобро завршува и дека следува период во кој граѓаните директно ќе ги почувствуваат промените, додавајќи дека подобриот јавен превоз и почистата животна средина се заедничка обврска кон сегашните и идните генерации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhodacqm1ac996HPQi0R

(Фото) Комунална ги исчисти хартиите расфрлани на патот кон Градиште, паднале од возило на фирма

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library5e7huf074neqeEn1FI6

(Видео) Куп листови расфрлани на булеварот од Кисела Вода кон Драчево

Скопје | пред 1 ден

media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Скопје на листата најдобри градови во светот за соло патување

Магазин | пред 1 седмица

media-librarybgrpom8m8tr54cDlVcy

(Фото) Се переле улици, се отстранувале диви депонии: Ѓорѓиевски се пофали дека екипи го чистеле Скопје цела ноќ

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања