Промени тема
Контакт

Орце Ѓорѓиевски: За првпат после половина век, жителите од улица ,,25” во Припор добиваат целосна фекална канализација и нов асфалт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
kisela-voda-orce-1

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на активностите за изградба на улица, за првпат по половина век, каде што претходно жителите добија и целосна фекална канализација. Се работи за сериозен проект, како што информираше тој, бидејќи ова барање на жителите со години се провлекувало но досега не било реализирано.

- Работата е она што ме исполнува и мотивира да направиме уште повеќе, да има задоволни граѓани и да ги решаваме децениските проблеми.

— реклама —

Еден таков, сега целосно решен а се провлекува веќе 50 години низ лавиринтите на лажните ветувања е улицата ,,25” во Припор.

— реклама —

Оваа улица за првпат била изградена од самопридонес на жителите и годините поминати си го направиле своето, односно видливите оштетувања беа сериозен проблем во извршување на секојдневните потреби.

По разговор со мојот народ кој живее таму и нивните барања кои за мене се приоритет, се пуштивме во акција за да го решиме проблемот трајно. Изградивме фекална канализација во должина од 530 метри, а денес по завршувањето, почнавме со асфалтирање на улицата која опфаќа 1600 метри квадратни површина.

— реклама —

Не постои нерешлив проблем кога се пристапува со сериозност, немањето волја е она што е проблем. Затоа, продолжуваме во секое населено место, кај секој домаќин да ги слушнеме барањата кои ги имаат и да пристапиме кон нивно решавање, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

voda

Водата во Скопје е безбедна за пиење – сите анализи покажуваат усогласеност со стандардите

Скопје | пред 7 месеци

— реклама —
media-libraryt1b3hoglbsel6z2Gurj

Стаменкоска Трајкоска: Создаваме еднакви можности и подобра иднина за сите ученици

Скопје | пред 7 месеци

media-librarytkqbbirujnchfayd7Zz

Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари

Скопје | пред 8 месеци

media-libraryfmlfc1u59jm2fdsx0Ky

Во недела започнува тридневна „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода

Скопје | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања