Промени тема
Контакт

Оризот се откупува за 16 денари, производителите стравуваат за идната жетва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryspuoj27fnlvn11N34FU

Ниската откупна цена на оризот ги загрижува производителите од Кочанско, кои велат дека со актуелните 16 денари за килограм едвај ги покриваат трошоците за производство.

— реклама —

На средба со оризопроизводителите во Горни Подлог, заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, оцени дека состојбата во оризопроизводството е сериозна.

Каранфилова-Пановска посочи дека ниската откупна цена е еден од најголемите проблеми со кои годинава се соочуваат земјоделците. Таа потсети дека во 2021 година оризот се откупувал по 42 денари за килограм.

— реклама —

Производителите велат дека во исто време со падот на откупната цена растат и трошоците за производство. Како проблеми ги посочуваат повисоките цени на горивата, ѓубривата и механизацијата, како и неизвесноста околу сигурниот откуп.

— реклама —

Од СДСМ предлагаат државата да обезбеди дополнителна субвенција од 10 денари за секој произведен и откупен килограм ориз. Според партијата, предлог-законот веќе е доставен до Собранието.

Каранфилова-Пановска ги повика Владата и владејачкото мнозинство да го поддржат предлогот и преку ребалансот на буџетот да обезбедат средства за дополнителна поддршка на оризопроизводителите.

— реклама —

Земјоделците предупредуваат дека, доколку состојбата продолжи, следната година може да немаат доволно средства за повторно да ги засеат нивите, со што производството на ориз би било дополнително доведено во прашање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

oriz

Многумина го прават ова погрешно: Еве како правилно се мие оризот

Магазин | пред 4 месеци

— реклама —
media-libraryspuoj27fnlvn11N34FU

Трипуновски: Подготвуваме стратегија за оризопроизводство и редефинирање на откупот на оризова арпа

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања