„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Османи во Индија испратил амбасадор за кој судот одлучил да му се конфискува незаконски стекнат имот, пишува Милошоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3379

,,Зошто Османи во Индија испратил амбасадор за кој судот одлучил да му се конфискува незаконски стекнат имот?

— реклама —

Амбасадорот Слободан Узунов треба под итно да биде отповикан од Индија затоа што е недостоен да ја врши таа висока државна функција, без разлика колку им е близок на функционери од СДСМ и на министерот Османи. Еве зошто:

Фросина Ушлиновска, Слободан Узунов и Кирил Бухов (вториот е братучед, а третиот сопруг на Ирина Бухова, поранешен дир.на Државен здравств.инспекторат) се основачи на фирмата "Инженеринг ОК Групација". Со судска пресуда од декември 2018 утврдено е дека оваа фирма на ул.Хелсинки бр.49 (Тафталиџе1, Карпош):

— реклама —

- изградила зграда без дозвола за градба

- изработила фалсификат одобрение за градба

- противправно се стекнале со имотна корист преку продавање на стамбен простор во дивоградба со лажна документација и измамиле пет фамилии кои уплатиле 200.000 евра за станови кои сеуште не ги добиле.

Судската пресуда, која станува извршна во ноември 2021 година, налага од Фросина Ушлиновска, амбасадорот Слободан Узунов и Кирил Бухов да се конфискува непосредна и посредна имотна корист стекната со извршување на кривично дело и да им се врати на оштетените пет фамилии, кои останале и без пари, и без станови.

Но, и покрај ваквото дело, ниту МНР Османи ниту владата, немале проблем во март 2021год. да донесат одлука Слободан Узунов да биде именуван за амбасадор во Индија. МНР Османи требало да знае за овој случај бидејќи оштетените фамилии очајно ја барале правдата и за овој криминал неколку пати писмено ја известиле Владата, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет и градоначалниците на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и Стефан Богоев. Во меѓувреме, основачите на фирмата, меѓу кои и амбасадорот Слободан Узунов, преку правни трикови се обезимотиле, што може да се види и од неговиот празен анкетен лист во регистарот на ДКСК и сега амбасадорот "нема" средства, нема приходи, нема фирма, ниту има имот за да плати обесштетување на жртвите на измамата. Не знам дали МНР воопшто му уплаќа плата на трансакциска сметка?!

Во текот на целата оваа голгота за пет фамилии, двајца од уплаќачите на овие дивоизградени станови веќе починале, другите се на улица, а дивоградбата во срцето на општина Карпош (ул. Хелсинки бр.49) е запленета од Агенцијата за управување со одземен имот. А Бујар Османи ни збори за европски вредности

Пред министерот Османи да се обиде да ја сокрие својата неспособност позади флоскулата "лажни вести", му препорачувам да направи увид во пресудата бр.1411/19 од Кривичниот суд Скопје, како и да го побара предметот од Агенцијата за управување со одземен имот, каде директор е нему добро познатиот Дритон Небиу. Потоа нека ни збори за владеење на правото и за "европскиот фронт" во кој измамници со дивоградби се поставуваат за амбасадори.

И за крај, владата на Република Македонија и претседателот Пендаровски под итно треба да донесат одлука за отповикување на амбасадорот Слободан Узунов, согласно чл.36 од Законот за надворешни работи, бидејќи не е достоен да ја извршува оваа највисока дипломатска функција”, напиша Антонио Милошоски на својот фејсбук профил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjm9brbh43uk61d8Hug8

Кинеската амбасада во Македонија остро реагира за средбата на Антонијо Милошоски со претставници од Тајван

Македонија | пред 1 месец

media-libraryptvi05ggk84k00wxyHc

Милошоски зборува за две тајни коалиции: Левица со ДУИ за Струга и Тетово, во Карпош, Заев и Филипче со Јакимовски за маркици и тендери

Македонија | пред 3 месеци

Antonio-Milososki

Милошоски: Пожарите не се случајни, сторителите ќе одговараат за своето дело

Македонија | пред 3 месеци

Milososki-25112020

На затворена седница противзаконски се носел заклучок да се продолжи мандатот на претседателката на Судски совет, тврди Милошоски

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања