Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Осомничени за убиството на Вања се жалеле на здравјето во Шутка, биле носени и на прегледи во клиники

објавено пред 2 години -

Македонија
ubijci-vanja-2

Дел од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се жалат на здравствени проблеми и се носат на контроли во болница, открива директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов за „Скопје1“. Тој посочува дека состојбата им ја следи домскиот лекар. „Скопје1“ дознава дека на Клиника е носен и осомничен за кој МВР и Обвинителстовто кажаа дека признал вина во случајот и раскажал како се одвивале киднапирањата и убиствата.

— реклама —

„Изолирани се во посебни ќелии, здравствената состојба ја следи домскиот лекар и по негово укажување се препраќаат и носат на посебни прегледи на соодветни клиники, за сите претворени лица во овој случај безбедноста е на високо ниво и се со посебен режим, достава на храна, прошетка на чист воздух“, посочува Андов за „Скопје1“.

Истрагата за двете убиства и натаму е во тек. Обвинителстовото ги доби двата обдукциски наоди за убиствата, но не сподели ништо со јавноста. Се молчи и за фактот дали е најдено оружјето со кое се убиени Вања и Панче, а истовремено, обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска презема и други истражни дејствија.

— реклама —

Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.

— реклама —

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

— реклама —
gruevski-andov-1

(Видео) Како изгледа ќелијата во Шутка каде ќе биде сместен Груевски ако го екстрадираат - Андов отвори ново приемно одделение

Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов, изгради нови капацитети во приемното одделение, без буџетски средства. Тој посочува дека ќелиите се направени од сопствени средства, се граделе околу два месеци, а вклучени биле и затвореници кои издржувале казни. Токму условите во ќелиите беа една од пречките за Унгарија да го испорача експремиерот Никола Груевски, а директорот Андов за „Скопје1“ посочува и каде ќе биде сместен. Во разговорот зборува и за состојбата на притворените осомниче

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања