Промени тема
Контакт

Остра критика за Зверев: „Како може да се споредува со Алкараз?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Германскиот тенисер Александар Зверев предизвика бурни реакции по изјавата дека себеси се гледа во иста група играчи со Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ.

По убедливиот пораз од Јаник Синер во финалето на Мадрид, Зверев изјави дека постои јасен јаз меѓу Синер и остатокот од турнирскиот караван, но дека веднаш зад него се наоѓаат тој, Алкарас и можеби Ѓоковиќ.

Таквиот став остро го критикуваше поранешната светска број еден во двојки, Рене Стабс.

— реклама —

„Како може да се става во иста категорија со Алкараз? Тоа е лудост. Карлос на 22 години има освоено сите Гренд слем турнири, а Зверев нема ниту еден“, изјави Стабс.

— реклама —

Таа додаде дека би имала многу поголема почит доколку германскиот тенисер признал дека мора дополнително да напредува за да им се приближи на Синер и Алкарас.

Стабс особено беше разочарана од неговиот настап во финалето против Синер.

— реклама —

„Изгледаше како разгалено дете. Целосно се распадна и му дозволи на мечот да му избега без речиси никаков отпор“, порача таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Зверев: Најтежок противник отсекогаш ми бил Новак Ѓоковиќ

Трендови | пред 1 месец

— реклама —
media-library88k648ppb4h74L2ioGO

Зверев го освои Ролан Гарос и го освои првиот Грен слем во кариерата

Трендови | пред 3 месеци

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Зверев пред финале со Синер: „Го победив четири пати, но...“

Спорт | пред 4 месеци

Нема фотографија

Го нема Новак, но ќе има спектакл: Каде и кога да се гледа финалето на Ролан Гарос?

Спорт | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања