Промени тема
Контакт

Зверев го победи Де Минор и се пласира во полуфиналето во Шангај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Спорт
media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Александар Зверев продолжува со настапите на мастерс-турнирот во Шангај, откако во четвртфиналето го совлада Австралиецот Алекс де Минор со 6:4, 6:4 и обезбеди место меѓу четворицата најдобри.

— реклама —

Германскиот тенисер ја заврши работата за помалку од час и половина, искористувајќи ја првата меч-топка. Со оваа победа го прекина низот од два пораза од Де Минор, кој претходно двапати го совлада на Лејвер купот.

— реклама —

Пред овој дуел Зверев имаше предност од 8:4 во меѓусебните пресметки, а сега дополнително ја зголеми. Во првиот сет решавачки беше еден брејк, додека во продолжението клучен се покажа шестиот гем. Иако губеше со 2:3, Германецот успеа да го одбрани својот сервис и покрај брејк-топките на противникот, а веднаш потоа му го одзеде сервисот на Австралиецот. Стекнатата предност ја задржа до крајот на мечот.

— реклама —

За место во финалето, Зверев ќе се соочи со Шпанецот Алехандро Давидович Фокина, кој се пласираше во полуфиналето откако Артур Жеа го предаде четвртфиналниот дуел поради повреда.

За Давидович Фокина ова ќе биде четврто полуфинале на турнирите од мастерс-серијата. Неговиот успешен период во Кина претходно беше заокружен со освојување на титулата во Ченгду.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Зверев: Најтежок противник отсекогаш ми бил Новак Ѓоковиќ

Трендови | пред 2 месеци

— реклама —
media-library88k648ppb4h74L2ioGO

Зверев го освои Ролан Гарос и го освои првиот Грен слем во кариерата

Трендови | пред 4 месеци

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Остра критика за Зверев: „Како може да се споредува со Алкараз?“

Спорт | пред 5 месеци

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Зверев пред финале со Синер: „Го победив четири пати, но...“

Спорт | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања