Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Осуденикот за 27 април, Горан Ангелов: „Кажете дали ќе има правда или сами да си ја бараме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Коментари
Screenshot-2025-02-08-at-02.55.48

Горан Ангелов, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година, јавно изрази незадоволство поради, како што наведува, долгогодишното чекање на правда и одлуките на институциите во врска со барањето за обнова на постапката.

Тој посочува дека поминале две години откако очекувал промени, но наместо ослободување добил пробациски мерки и обврска секој месец да се јавува во надлежниот суд.

„Две години цели ја чекаме правдата за 27 април. Година и пол откако ВМРО направи Влада лежевме, во време на ВМРО не ослободија. По година и пол, сега во јануари, добивме пробација, а тоа не е слобода, туку секој месец да се јавуваш во надлежен суд“, напиша Ангелов.

— реклама —

Тој тврди дека случајот бил монтиран и дека постојат бројни докази и сведочења кои, според него, го потврдуваат тоа.

„Се надевавме на правда, бидејќи и врапчињата знаеја дека нема тероризам и дека делото е монтирано. Има толку докази и изјави од сведоци, контрадикторни изјави, како и изјави од луѓе од врвот на ВМРО кои ги виделе доказите и биле згрозени.“

— реклама —

Ангелов наведува дека Основниот суд го одбил барањето за обнова на постапката, а истото, според него, експресно го сторил и Апелацискиот суд. Сега, како што пишува, очекува одлука од Јавното обвинителство.

„Чекавме правда и слобода, со надеж дека ќе добиеме сатисфакција за одлежаните осум и пол години. Тоа ни беше последна надеж да почнеме нов живот. Умре надежта.“

Во објавата тој пишува дека дел од осудените починале, а дел останале без семејствата додека чекале разрешница.

— реклама —

„Додека чекавме, некој почина, некои семејства се растурија, а Обвинителството почна да ослободува наместо да казнува.“

На крајот Ангелов упатува директен апел до институциите.

„Дали ќе има правда или нема, кажете ни, за да си го бараме чарето. Барам само правда. Ако некој се плаши од повторно судење, тоа не е мој проблем“, наведува Ангелов во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7ies626i87r86Ay5s39

Ќерката на Чавков: Прогонувачите нека не мислат дека ќе спијат мирно уште долго, чувството кога го пречекав на слобода не се опишува

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryi4fvau19cp893VbQNqG

Вилма Русковска не се плаши од сведокот кој сега тврди дека лажел за „27 април“, а на премиерот му „испрати порака“

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykm59m8meu6ic9zJnNNb

(Видео) Сведок признал дека лажел на суд за 27 април и се пазарел, а постојат докази и дека имал комуникација со функционер, обзнани Јане Ченто

Настани | пред 5 месеци

media-library7l24m9cdp4rl3GeJXza

Мицкоски за 27 април: Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања