Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Осум американски маринци повредени во ирански ракетен напад во Ормускиот Теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP
unsplash

Осум американски маринци биле повредени пред две недели во напад со иранска противбродска крстосувачка ракета врз пловило во Ормускиот Теснец, објавија американски претставници за NBC News.

Маринците не се здобиле со тешки повреди, но имале последици од вдишување чад, а кај дел од нив биле забележани и симптоми на потрес на мозокот, вклучително и главоболки. Сите набргу по нападот, кој се случил на 14 септември, се вратиле на должност.

— реклама —

Според американските претставници, маринците биле дел од десантна единица, но не се наоѓале на брод на американската воена морнарица. Не е откриено за каков вид пловило станува збор.

— реклама —

Нападот и повредите на маринците досега не биле јавно објавени. Од американското Министерство за одбрана не дале коментар за случајот.

Податоците од американскиот Систем за анализа на воените жртви покажуваат дека до минатата среда во војната со Иран биле повредени 861 припадник на американските вооружени сили. Осумте маринци биле додадени во евиденцијата дури во средата, речиси десет дена по нападот.

— реклама —

Еден од американските претставници објаснил дека кај ваквите случаи може да има доцнење во евидентирањето, бидејќи симптомите не секогаш се пријавуваат веднаш, а базата на податоци не се ажурира во реално време.

— реклама —

Во регионот под надлежност на американската Централна команда се распоредени повеќе од 50.000 американски војници. Американските сили продолжуваат со поморската блокада на бродови кои се обидуваат да влезат или да излезат од иранските пристаништа, а истовремено координираат со трговски пловила за нивно безбедно минување низ Ормускиот Теснец.

Американските сили продолжуваат и со пресретнување на ирански проектили и расчистување на пловните коридори од мини, што придонело за постепено зголемување на бројот на бродови што минуваат низ теснецот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 1 ден

media-libraryk5d2s9pibflc69dsS94

Истрага во САД за 1,2 милиони возила на Ford: Воздушните перничиња предизвикале изгореници од трет степен

Свет | пред 2 дена

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

САД и Израел разгледуваат нов напад врз Иран за да го засилат притисокот врз Техеран

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања