„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Осум дена молк како бојкотирач на македонски маркети и чкртач на ликот на Сиљановска стана директор на Комунална хигиена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Скопје
danela1414141

Осум дена молк од Град Скопје предводен од градоначалничката Данела Арсовска за именувањето на новиот в.д. директор на Комунална хигиена, кој чкрта македонски кандидати за претседатели, ги поддржува УЧК и ДУИ, бојкотира „Кам“ и „Стокомак“. Нема негова биографија, ниту критериум за избор, ниту пак информација за тоа, зошто по петти пат, Арсовска менува директор.

— реклама —

На веб-страницата на „Комунална хигиена“ нема посебно соопштение за именување на нов вршител на дејноста директор. Таму само е направена една промена во делот „за нас“ односно во делот „директор“. Впишано е името на Рустеми. Детали за неговото образование, претходно работно искуство, како и вештини – нема.

На 29 јануари, токму вакви прашања поставивме до Град Скопје, но досега, како и вообичаено. не добивме одговор. Па така, зошто е направена смената, што згреил претходниот в.д. директор Јетон Незири, но и дали е точно дека новиот в.д. директор е ангажиран преку агенција во август минатата година – останува „тајна“.

— реклама —

На профилот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Сабахудин Рустеми има само две информации за неговата едукација и работа. Тој ставил дека завршил факултет на ФОН. Втората информација е дека е директор на Комунална хигиена, но датумот е згрешен – па така, стои дека на функцијата бил назначен во 2018 година.

Претходно исто така објавивме дека Рустеми доаѓа од Сарај. Куп од споделените објави му се за поддршка за Блерим Беџети, а бил и во кампот на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори. Најмногу внимание привлекуваат неговите објави со пречкртаните лица на Стево Пендаровски и сегашната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, но и повикот за бојкот на двата маркети „Стокомак“ и „Кам“ од 2017 година.

komunalna11111

Данела направи петта смена на директор во Комуналнa: Новиот го поддржува УЧК, им ги чкрта лицата на Стево и Гордана, бојкотира „Кам“ и „Стокомак“

Повторно сменет директорот на скопското Комунално претпријатие, дознава „Скопје1“. Според неофицијални информации, досегашниот директор Јетон Незири оди во историја, а на негово место, градоначалничката Данела Арсовска го назначила Сабахудин Рустеми на кого му честитаат и на социјалните мрежи. „Скопје1“ праша во Град Скопје, дали и зошто е направена петта промена на директор, но до овој момент не доби одговор.Познато е дека Рустеми доаѓа од Сарај и е поддржувач на ДУИ. Куп од споделените објави му се за поддршка за Блерим Беџети, а бил и во кампот на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори. Најмногу внимание привлекуваат неговите објави со пречкртаните лица на Стево Пендаровски и сегашната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, но и повикот за бојкот на двата маркети „Стокомак“ и „Кам“.Од споделувањата, јасно е дека се гордее со УЧК и командантот Талат Џафери.Според неофицијални информации, Рустеми е ангажиран во Комунална хигиена преку агенција пред неколку месеци.„Скопје1“ праша во Град Скопје дали е точно и зошто е сменет директорот на Комуналното претпријатие во Скопје, што згрешил досегашниот директор Јетон Незири за да биде сменет, која е биографијата на Сабахудин Рустеми, како и кога е ангажиран. Со оглед дека изминатите месеци, немаме добиено одговор на ниту едно прашање – не очекуваме ниту сега.

Скопје | пред 10 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања