Осум починати и 38 новозаболени со ХИВ/Сида годинава во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

Во текот на 2025 година, во Македонија се регистрирани 38 новозабилени лица со ХИВ/СИДА, а осумм се починати, овие податоци се од извештајот на Институтот за јавно здравје, објавени по повод 1 декември, Светскиот ден на борба против СИДА.

— реклама —

Бројот на случаи оваа година е за 25,5% помал во споредба со 2024 година, кога беа пријавени 51 случај.

Поголемиот дел од новите случаи во 2025 година се жители на Скопје, додека останатите се јавуваат како изолирани случаи во 14 различни градови во земјата. Еден регистриран случај е на странски државјанин.

— реклама —

„Осум лица починале од причини поврзани со СИДА. Од 38 нови случаи, 37 се мажи, а само 1 е жена. Просечната возраст на заразените е 35 години, со опсег од 23 до 64 години. 73,7% од случаите се во возрасната група од 20 до 39 години. Долгорочна преваленца. Северна Македонија се смета за земја со ниска преваленца на ХИВ. Вкупно 726 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани помеѓу 1987 и 2025 година. Сепак, има забележително зголемување во последните години – 32% од сите случаи се регистрирани само во последните пет години.

Во истиот период, 138 лица починале од причини поврзани со СИДА, што претставува стапка на смртност од 18,2%.Антивирусната терапија значително го подобрила преживувањето на луѓето што живеат со ХИВ. Во последните 10 години, од 447 регистрирани случаи, само 33 завршиле со смрт, што е стапка на смртност од 7,4%.

62,1% од случаите се мажи кои имале сексуални односи со мажи.

Хетеросексуален пренос е регистриран во вкупно 229 случаи.

ХИВ, сè уште голем глобален проблем со јавното здравје

ХИВ останува еден од најголемите глобални предизвици за јавното здравје.

Пренесувањето на вирусот продолжува да се случува во сите земји во светот”, стои во извештајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Генералниот директор на СЗО во Русија: „Вакцините против рак и ХИВ имаат шанси за успех“

Свет | пред 6 часа

hiv

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања