Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Осум пожари на отворено последното деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 050 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 62,68%, а 37,32% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 70,78%, кон Итната медицинска помош 16,23%, а кон пожарникарите 6,49%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 785 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (6,49%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (37,32%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

— реклама —
— реклама —

Осум пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Гази Баба кај депонија Вардариште (гореле гуми и ниска вегетација, а е изгорена површина 1 хектар); Битола кај Магленица; Прилеп во близина на армискиот гарнизон во Прилеп; Гевгелија с. Мрзенци; Богданци во атарот на Богданци (ниска вегетација); Кавадарци кај населба „Глишиќ“, на месноста „Смилица“ (ниска вегетација - изгорена површина еден хектар); Липково кај с. Матејче (ниска вегетација) и во Општина Ранковце кај с. Гиновце (горела мешана шума и е изгорена површина од еден хектар).

— реклама —
— реклама —

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 месец

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања