Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, приведени пет лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие на подрачјето на државата се евидентирани осум случаи на семејно насилство, при што пет лица биле лишени од слобода.

Во Куманово бил приведен 42-годишен маж, кој според пријавата психички и физички ја малтретирал сопругата со која е во бракоразводна постапка.

— реклама —

Во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници привеле 40-годишен маж, осомничен дека физички ја нападнал својата 35-годишна сопруга.

— реклама —

Во Македонска Каменица бил лишен од слобода 59-годишен маж, поради сомнение дека физички ја нападнал својата 56-годишна сопруга, додека во Штип бил приведен 50-годишник, пријавен за физички напад врз неговата 43-годишна сопруга.

Во Свети Николе, полицијата привела 53-годишен маж, кој според пријавата физички ги нападнал својата сопруга и нивната ќерка.

— реклама —

Покрај приведувањата, во Скопје 35-годишен маж пријавил дека неговата поранешна вонбрачна партнерка психички го малтретирала нивниот малолетен син.

— реклама —

Во Гостивар, 41-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот, а во Кочани било пријавено дека 81-годишен маж подолг период бил физички и психички малтретиран од својот син, кој го избркал од домот и му ги задржал личните документи.

Од МВР информираат дека за сите случаи се преземаат мерки за нивно целосно расчистување, а по документирањето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 1 час

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 1 час

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања