Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Министерство за внатрешни работи информира дека во последното деноноќие биле регистрирани осум случаи на семејно насилство, при што шест лица биле лишени од слобода.

Во Скопје, полициски службеници го привеле 33-годишниот Ц.Ц., откако бил пријавен дека физички ја нападнал својата мајка и оштетил автомобил во дворот од семејната куќа.

— реклама —

Во друг случај во главниот град, 34-годишен маж и неговата 32-годишна партнерка меѓусебно се пријавиле за физички напад со употреба на тврд предмет по расправија во дом на подрачјето на Центар.

Во Кисела Вода, 45-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер.

— реклама —

Полицијата во Виница го привела 58-годишниот З.Д. по пријава дека физички ја нападнал сопругата и агресивно се однесувал во домот.

— реклама —

Во Делчево бил лишен од слобода 36-годишен маж кој, според пријавата, ѝ се заканувал на сопругата на нејзиното работно место, а подоцна испраќал и пораки со заканувачка содржина.

Во Берово бил приведен 40-годишен жител на Пехчево поради закани кон неговата сестра, додека во Кичево полицијата го привела А.В. (39) по пријава дека физички ја нападнал сопругата.

— реклама —

Во Кавадарци, пак, бил лишен од слобода 51-годишен маж од кавадаречко село, осомничен дека физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи и по нивното документирање ќе следуваат соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 8 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 8 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања