Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Осум возачи уапсени низ државата: управувале без дозвола, со забрана или со фалсификувани документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB
Скопје1.мк

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во текот на 2 и 3 февруари 2026 година на територијата на Велес, Делчево, Скопје, Битола и Прилеп биле лишени од слобода осум возачи кои управувале моторни возила со активна забрана, без положен возачки испит или со фалсификувана возачка дозвола, при што во сите случаи возилата им биле одземени.

— реклама —

На 3 февруари 2026 година во 02:40 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т. (29) од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, а на увид приложил фалсификувана возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, било утврдено дека во македонската возачка дозвола му е впишана активна забрана за управување моторно возило. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото одземено.

Истата ноќ, во 00:10 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода К.П. (31) од Скопје. При контрола на булеварот „Македонија“ било сопрено патничко возило „БМВ“ со делчевски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возачот управувал без положен возачки испит за Б категорија. И во овој случај лицето било задржано, а возилото одземено.

— реклама —

На 2 февруари 2026 година во 18:00 часот, на влезот во селото Батинци, општина Студеничани, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И. (24) од Батинци. Контролата покажала дека управувал патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, иако имал активна забрана за управување моторно возило во периодот од 22 декември 2025 до 21 април 2026 година. Возилото му било одземено, а лицето задржано во полициска станица.

— реклама —

Во текот на истиот ден, на 2 февруари, полициските службеници од СВР Битола извршиле повеќе лишувања од слобода. Во 15:33 часот на улицата „8 Септември“ во Битола бил лишен од слобода Е.М. (43) од Битола, кој управувал патничко возило „Хјундаи“ без положен возачки испит. Во 14:31 часот, на патот Битола – Демир Хисар кај селото Кукуречани, бил уапсен М.А. (24) од Демир Хисар, кој управувал „БМВ“ без положен возачки испит. Во 12:30 часот на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола бил лишен од слобода Д.Б. (37) од Битола, исто така затекнат како управува возило без положен возачки испит, додека во 10:30 часот на патот кон селото Бистрица бил уапсен Ш.Б. (34) од селото Острец, битолско, за истото прекршување. Во сите случаи возилата биле одземени, а лицата задржани во полициска станица.

Дополнително, на 2 февруари 2026 година во 13:45 часот на улицата „Кузман Јосифоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.И. (39) од селото Норово, крушевско. Тој управувал патничко возило „Алфа Ромео“ со крушевски регистарски ознаки без положен возачки испит за Б категорија, по што бил задржан, а возилото одземено.

— реклама —

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на сите настани, против лицата ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“, потенцирајќи дека ваквите контроли ќе продолжат со засилено темпо со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Напади врз сопруги, малолетно девојче и членови на семејството: Шест пријави за насилство за едно деноноќие

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на МЕПСО во Визбегово

Македонија | пред 6 часа

tepacka1

Напад врз сопруга, патничка во автобус и малолетно девојче: Три случаи на физичко насилство во Кочани и Скопје

Македонија | пред 8 часа

uapsen

По бегството низ прозорец од полициска станица, се предаде 24-годишникот кој физички и психички ја малтретирал партнерката

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања