„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Осум загинати во Мандалај, тројца во Бангкок, 90 лица се водат за исчезнати, се стравува од нов удар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
bankok

Гувернерот на Бангкок Чадчарт Ситипунт потврди дека три лица загинале.

— реклама —

„Три лица загинаа во главниот град на Тајланд поради штети предизвикани од силниот земјотрес што го погоди соседен Мјанмар“, рече тој.

Ситипунт предупреди на можни последователни потреси, но ги повика граѓаните да останат смирени и рече дека ситуацијата е главно под контрола, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Властите примиле 169 пријави за оштетувања на згради во Бангкок, рече тој. Градските железнички системи се привремено суспендирани, но се очекува да продолжат со работа во сабота.

Помошта на Црвениот крст е отежната поради прекинот на струјата. Црвениот крст соопшти дека тимовите се обидуваат да одговорат на „големото уништување“ во Мјанмар, но се соочуваат со потешкотии поради прекините на електричната енергија во погодените области, пренесе Би-Би-Си.

Од хуманитарната организација велат дека регионите Мандалај и Сагаинг се без струја и дека се прекинати мрежните врски. И покрај тоа, Црвениот крст вели дека сè уште собира информации за „хуманитарните потреби“ предизвикани од уништувањето.

Осум лица загинаа, а други се стравува дека се заробени откако зградата во изградба се урна во населено место Пји Ги Тагон во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, околу 13 часот по локално време, изјави сведок за Гардијан.

„Целиот град Мандалај ги почувствува последиците од земјотресот. Спасувачките тимови и болниците се преоптоварени. Се надеваме на ресурсите што ги имаме во соседството“, рече сведок кој сакал да остане анонимен.

Очевидци изјавија дека најмалку тројца луѓе загинале во делумно урната џамија во Мјанмар, а исто толку жртви се потврдени во Тајланд. Сепак, тајландскиот министер за одбрана сега кажа дека повеќе од 90 луѓе се водат како исчезнати откако се урна 30-катна зграда во изградба во Бангкок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryi40bc1je85evfDVItsT

(Видео) Провалија во срцето на Бангкок, евакуирани граѓани и затворена амбуланта

Свет | пред 3 месеци

bankok

Војската во Мјанмар пукаше во хуманитарен конвој, избегната нова трагедија: „Не ни кажаа дека доаѓаат“

Свет | пред 9 месеци

Нема фотографија

Бројот на загинати во Мјанмар драстично се зголеми

Свет | пред 9 месеци

6f6b196a-a9e0-44ad-bbcd-2f82f1ff669a

Во Бангкок итно се евакуираат луѓето од облакодери и згради во центарот на градот: „Се слуша како пукаат ѕидовите!“

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања