Промени тема
Контакт

„Откако му заврши музичката кариера по локалните меани, Наумоски од Ѓорче ќе се бори против корупцијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarys907834jgrlj5VvA3fG

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение остро реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ, оценувајќи дека Александар Наумоски е последниот што може да зборува за борба против корупцијата.

Од владејачката партија потсетуваат дека Наумоски, поранешен градоначалник на Општина Ѓорче Петров и актуелен член на Извршниот одбор на СДС, уште на почетокот на својот мандат ја зголемил градоначалничката плата, а јавноста, како што наведуваат, го памети и по настапите во локални угостителски објекти.

— реклама —

Во реакцијата се посочува дека во последните шест месеци од неговиот мандат се обидел да протурка 25 урбанистички планови, додека граѓаните се соочувале со проблеми како недостиг на вода, депонии и нереализирани ветувања за нова амбуланта и мултифункционален објект во Дексион.

— реклама —

„Во моментов против него се води и судски спор, а има и три кривични пријави по кои надлежните институции треба да постапат. Со ова, Наумоски ги исполнува условите да биде дел од најтесниот круг во СДС, а тоа е криминалот и корупцијата“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Реакцијата следува откако претходно СДСМ преку прес-конференција ги претстави своите предлози за ветинг на функционерите, конфискација на нелегално стекнат имот и засилена борба против корупцијата. Станува збор за меѓусебни политички обвинувања и ставови на партиите околу прашањето за владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски: Македонија има сериозни слабости во сајбер-безбедноста, ќе градиме нов центар за податоци

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања