Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Откриени тајни бизнис-договори меѓу принцот Ендру и Џефри Епстајн

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Свет
media-library3kjf825dn45t9KR8fQu

„The Telegraph“ објави дека Џефри Епстајн во 2013 планирал да обезбеди аванс од 1 милион фунти за Принц Ендру во предложено партнерство со „Кантор Фицџералд“, според мејлови објавени од американското Министерство за правда. Планот предвидувал 40% од идните приходи за компанијата на принцот и 20% за соработникот Дејвид Стерн, со цел преку кралски контакти да се привлекуваат клиенти. Иако договорот не бил реализиран, нацрт-спогодбата вклучувала распределба 40/40/20 и аванс формално како заем. Документите покажуваат дека принцот бил именуван како „г. Т“ и дека се дискутирале репутациски ризици, при што се споменува и Хауард Латник.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Американскиот финансиер Џефри Епстајн планирал да обезбеди аванс од еден милион фунти за Принц Ендру во рамки на предложено партнерство со инвестицискиот гигант Кантор Фицџералд, открива британскиот весник The Telegraph.

— реклама —

Според електронските пораки објавени од Министерство за правда на САД, планот предвидувал компанијата на поранешниот војвода од Јорк да добие аванс од еден милион фунти, како и 40 отсто од идните приходи од бизнисот. Во договорот учествувал и блискиот соработник Дејвид Стерн, кој, според преписките, требало да добие 20 отсто од профитот.

— реклама —

Целта, според документите, била преку кралските контакти да се привлекуваат клиенти кон американската компанија за управување со средства. Разговорите се воделе во 2013 година, речиси три години по тврдењата на принцот Ендру дека ги прекинал контактите со Епстајн.

— реклама —

Иако договорот на крајот не бил реализиран, нацрт-спогодбата предвидувала распределба од 40 отсто за принцот Ендру, 40 отсто за „Кантор Фицџералд“ и 20 отсто за Стерн, како и аванс кој формално би се водел како заем што подоцна би се отплаќал преку провизии.

Објавените документи откриваат и дека во комуникацијата принцот бил означуван како „господин Т“, како и дека постоеле дискусии за можните репутациски ризици поради вмешаноста на Епстајн. Во преписките се споменува и Хауард Латник, денешен американски министер за трговија, кој во тој период бил на чело на компанијата.

Откритијата повторно ги отвораат прашањата за деловните ангажмани на принцот Ендру додека бил активен член на кралското семејство и неговите врски со Епстајн, кој во 2019 година почина во затвор додека се соочуваше со обвиненија за сексуална злоупотреба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8ge20cac0os82xj8TN2

Принцезата Ана во посета на затвор, без изјави по апсењето на Ендру

Свет | пред 3 дена

media-librarydmgn8ft3ttjl0IQ9EoZ

Нова жртва тврди: Епштајн ме испрати во Велика Британија за сексуален однос со принцот Ендру

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања