Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Отпуштени 371 лицe од Комунална хигиена!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Настани
media-library1qdipces7q7s8pfpSxn

Новата градска администрација започна со чистење и во институциите — градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ се отпуштени 371 работник кои, според утврдените податоци, со години примале плата без да се појавуваат на работа.

— реклама —

„Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години наназад, а не оделе на работа, а земале плата. Во минатото се правеа драми дека се постапува, дека некој се брка, но во суштина се правела само замена. Во овој систем, секој што врши злоупотреби, ќе биде отстранет,“ изјави Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој додаде дека се спроведува темелна ревизија на јавните претпријатија, при што е утврдено дека над 800 вработени навистина извршувале работни задачи, додека останатите биле фиктивно пријавени.

— реклама —

„Овде имате над 800 работници од јавните претпријатија кои редовно оделе на работа. Но, имате и такви кои со месеци, па и години, земале плата без да се појават. На тоа му дојде крај,“ нагласи градоначалникот.

Со ова, акцијата за реорганизација и одговорност во градските претпријатија, најавена од Ѓорѓиевски уште првиот ден од стапување на функцијата, влегува во полна сила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

До црногорското приморје со авион од Скопје: од мај 2027 година почнуваат директните летови до Тиват

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 1 седмица

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 2 седмици

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања