Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Отворен првиот стаклен видиковец во Србија – нова туристичка атракција на Каблар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
media-libraryae2me9s0mofc17yltKW

На планината Каблар свечено беше отворен првиот стаклен видиковец во Србија, кој се очекува да стане една од најпосетуваните туристички атракции во земјата.

— реклама —

До новиот видиковец од Белград се стигнува за околу еден час и дваесет минути, а цената на билетот изнесува 500 динари.

На отворањето присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој истакна дека станува збор за значаен туристички и развоен проект.

— реклама —

„Ова е првиот стаклен видиковец во Србија и верувам дека е меѓу најатрактивните во Европа. Инвестиравме во патишта, паркинзи, Природонаучниот музеј, амфитеатарот и овој видиковец. Уверен сум дека инвестицијата брзо ќе се исплати и ќе придонесе за развојот на туризмот и локалната економија“, изјави Вучиќ.

— реклама —

Тој додаде дека државата вложила повеќе од 1,2 милијарди динари во реализацијата на проектот, без да се пресметаат трошоците за изградба на пристапните патишта.

Вучиќ оцени дека новата атракција ќе привлече голем број посетители од Белград, Нови Сад и од другите делови на Србија, кои ќе придонесат за развојот на локалниот туризам и угостителството.

— реклама —

Според најавите, стаклениот видиковец треба да стане нов симбол на Каблар и да донесе дополнителен економски поттик за регионот преку зголемен број домашни и странски туристи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 16 часа

— реклама —
media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 2 дена

media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 2 дена

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања