„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Отворена изложбата „Откривања“ со дела од шпанската колекција на МСУ - Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин

Од денеска, без официјално отворање, во Музејот на современата уметност - Скопје може да се погледне изложбата „Откривања: Дела од шпанската колекција на МСУ - Скопје“

— реклама —

Kуратори се: Владимир Јанчевски, Благоја Варошанец и Ива Димовски. Исто така, дел од тимот на МСУ кои работеа на изложбата и на каталогот се и Јулија Манојлоска, Јадранка Милчовска, Љупчо Иљовски и Нада Прља.

Со оваа поставка сe одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија. Изложбата е резултат на соработката на МСУ - Скопје и Амбасадата на Шпанија во Р.С. Македонија и претставува дел од одбележувањето на 12 Октомври - Националниот ден на Шпанија.

— реклама —

По катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година и основањето на МСУ-Скопје во 1964 година, се забележува придонесот и на шпанските уметници, што преку директните контакти, низ годините резултирал со една забележителна збирка донации. Таа била и дополнително проширувана, а уметници од Шпанија се вклучени и во некои од современите изложби.

„Изложбата „Откривања“ претставува избор од слики, графики, фотографии, таписерии и мозаик, создавани во период од 1937 година па сѐ до 2006 година, од повеќе генерации шпански уметници кои живееле и создавале во Шпанија, но и надвор од неа. Претставени се вкупно 39 дела на 26 уметници, вклучувајќи 27 дела од 19 уметници од Шпанската колекција на МСУ-Скопје (Р. Каногар, М. Милјарес, Лиза Рехштеинер, Луис Ортега, Жерар Ломен, Хозе Луис Галиција, итн), како и 6 дела од 4 уметници со шпанско потекло или родени во Шпанија (Изабел Понс, Х.Рабаскал). Исто така, како надополнување,во изложбата се претставени и 6 дела од 3 уметници инспирирани од Шпанија (Албер Сулилу од Франција; Бруно Талпо од Италија и Иво Вељанов од Македонија). Изложбата ја надополнува и изборот на документи, каталози и фотографии од архивата на МСУ-Скопје, кои го осветлуваат контекстот во кој се создавала колекцијата на МСУ и го регистрира шпанскиот придонес во неа“, велат кураторите.

Досега Шпанската колекција не е посебно претставена, и со ова се прави првиот пообемен издвоен преглед, преку изложба и издавање на публикација што ги опфаќа авторите од шпанската колекција, како и авторите со шпанско потекло. Во последниве 30 години, некои од уметничките дела се за првпат изложени пред јавноста. Особено е важно нивното претставување во денешниот момент, со цел да се истакне отвореноста и стремежот на МСУ-Скопје за унапредување на интернационална соработка.

Преку презентираните дела на значајните автори кои се дел од светското уметничко наследство, оваа изложба ја наметнува и основната интенција за истакнување на универзалните вредности и актуализирање на потребата од понатамошно надополнување на колекцијата со дела од автори отворени кон современоста преку иновативен и критички пристап во уметноста.

Изложбата ќе биде отворена до 3 ноември 2024 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

МСУ за првпат ќе изложи дела од колекцијата ставени во релација со дела на современи уметници

Магазин | пред 1 година

IMG_6145

Изложбата „Постоиш ли Алиса?“ од 23 ноември во Музејот на Македонија

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

МСУ со изложба на ретко изложувани дела од колекцијата ставени во релација со дела од современи уметници

Магазин | пред 1 година

thumbnail_IMG_8897

Изложба на слики од Владимир Темков

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања