Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ова се симптомите на западнонилската треска: Еве кога треба да посетите лекар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD
unsplash

Западнонилската треска е вирусна инфекција што се пренесува на луѓето преку убод од заразен комарец, кој претходно се инфицирал хранејќи се со крв од заразена птица. Вирусот не се пренесува директно од човек на човек преку допир, бакнеж или нега на заразено лице.

— реклама —

Поголемиот дел од заразените немаат никакви симптоми или имаат лесни тегоби, како покачена телесна температура, главоболка, болки во мускулите, осип или зголемени лимфни јазли. Кај помал број лица, особено кај оние постари од 50 години, западнонилската треска може да предизвика сериозни компликации, како енцефалитис или менингитис, а во ретки случаи и трајни оштетувања на нервниот систем.

Вирусот на западнонилската треска најчесто го пренесуваат обичниот и тигрестиот комарец. Иако не постојат докази дека вирусот директно се пренесува од птици на луѓе, се препорачува угинатите птици да не се допираат со голи раце.

— реклама —

Специфична терапија за западнонилската треска не постои. Кај потешките случаи се применува болничко лекување и симптоматска терапија.

— реклама —

Лекарите советуваат веднаш да се побара медицинска помош доколку по убод од комарец се појават висока температура, силна главоболка, вкочанет врат, мускулна слабост, збунетост или чувствителност на светлина.

За намалување на ризикот од инфекција се препорачува:

  • користење средства против комарци;

  • носење облека со долги ракави и ногавици, особено од самрак до зори;

  • поставување мрежи на прозорците;

  • отстранување на застоена вода околу домовите, каде што комарците ги положуваат своите јајца.

Иако ризикот од заразување по убод од комарец е мал, експертите предупредуваат дека постарите лица и хронично болните треба да бидат особено внимателни и доследно да ги применуваат мерките за заштита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања