Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Овие лекови никогаш не треба да ги мешате со алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
media-library6crepiukitpr8lAKRxC
unsplash

Несаканите дејства можат да предизвикаат сериозни здравствени компликации, предупредуваат лекарите.

— реклама —

Според експертите, алкохолот влијае врз начинот на кој организмот ги апсорбира и разградува лековите, а ризикот зависи од видот на терапијата, возраста, здравствената состојба и количината на испиен алкохол.

— реклама —

Особено се препорачува да не се комбинира алкохол со:

— реклама —
  • лекови против болка, како парацетамол, ибупрофен и аспирин, бидејќи може да го зголеми ризикот од оштетување на црниот дроб и крвавење во дигестивниот систем;

  • антидепресиви, кај кои алкохолот може да ја намали ефикасноста на терапијата и да предизвика поспаност, вртоглавица и нарушена координација;

  • одредени антибиотици, особено метронидазол, кој во комбинација со алкохол може да предизвика мачнина, повраќање, главоболка, црвенило на лицето и забрзана работа на срцето;

  • антипсихотици, бидејќи комбинацијата може да доведе до силна поспаност, пад на крвниот притисок, проблеми со дишењето и други сериозни компликации;

  • лекови за смирување и таблети за спиење, особено бензодиазепини, кај кои постои ризик од опасно забавено дишење, нарушена координација и губење на свеста;

  • лекови за дијабетес, затоа што алкохолот може опасно да го намали нивото на шеќер во крвта;

  • лекови за разредување на крвта, како варфарин, при што се зголемува ризикот од крвавење или создавање тромбови.

Лекарите нагласуваат дека дури и мала количина алкохол може да биде ризична во комбинација со одредени терапии. Затоа, пред консумирање алкохол, се препорачува консултација со лекар или фармацевт.

Доколку по комбинирање на алкохол и лекови се појават силна поспаност, отежнато дишење, силна вртоглавица, болки во стомакот, губење на свеста или други сериозни симптоми, потребно е веднаш да се побара медицинска помош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7b1lmhjsgdj7bIgrSP7

Зошто прво ни се затнува едната, а потоа другата ноздра?

Вирално | пред 4 дена

— реклама —
media-library3unmusk0p3mk1fAaIW6

Повеќе чекори, подобра концентрација? Научниците открија интересна поврзаност

Вирално | пред 1 седмица

media-librarysd5h61289eaj1MsMsDL

Нутриционистките откриваат кој леб е најдобар за организмот

Вирално | пред 2 седмици

media-library8od0sru5oktoc53nMMh

Биолошката возраст на срцето се менува по трансплантација, покажува ново истражување

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања