Промени тема
Контакт

Охрид домаќин на меѓународниот турнир во огнено оружје „Гранд при Лихнидос“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
media-libraryv32dupn0cvt5dvipQuY

Денеска во Охрид започна третото издание на Меѓународниот турнир во огнено оружје „Гранд При Лихнидос“ кој се организира со поддршка на Општина Охрид. Настанот се одржува по трет пат и годинава собра учесници од повеќе држави, кои се натпреваруваат во неколку дисциплини со огнено оружје.
‎
‎На свеченото отворање, свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој ја истакна важноста на ваквите меѓународни настани за промоција на Охрид како спортски и туристички центар.

‎

‎– Голема чест и задоволство ми е што денеска сум тука со вас и што имам можност, во мое лично име и во име на Општина Охрид, да ве поздравам и да го означам почетокот на овој значаен спортски настан.

Меѓународниот турнир во стрелање со огнено оружје е симбол на нашата посветеност кон развојот, промоцијата и унапредувањето на стрелачкиот спорт во Охрид.

Нашиот град има богата традиција и се гордее со истакнати стрелци кои постигнале забележителни резултати, како на национално, така и на меѓународно ниво. Особено не радува фактот што се појавуваат нови, млади генерации на стрелци, кои се талентирани и амбициозни и од кои очекуваме големи спортски успеси и нови рекорди.

Упатувам благодарност до организаторите на турнирот кои со својата посветеност и оваа година овозможија високо ниво на организација. Се надевам дека денешниот турнир ќе помине во духот на фер натпреварување, взаемно почитување и пријателство.

Како домаќини, искрено сме горди што можеме да бидеме дел од оваа спортска традиција и што имаме можност да го споделиме прекрасниот Охрид и нашето културно, историско и природно богатство со сите вас.

Нека овој турнир биде уште еден чекор кон зајакнување на спортскиот дух и меѓусебната соработка. Им посакувам голем успех на сите натпреварувачи, а на гостите пријатен престој во Охрид, истакна Пецаков.

Организатор на меѓународниот турнир е охридскиот стрелачки клуб „Лихнидос“, а натпреварите се одржуваа во стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид.

— реклама —

‎

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

— реклама —

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

— реклама —

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

— реклама —

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања