„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

аа

neziri-pratenik-sela-taravari

„Оваа работа денеска ќе биде завршена“, таборот на Села решен брзо да ги „шутне“ своите министри

Аднан Незири, координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците, свика прес-конференција и кажа дека денеска ќе бидат двајцата министри кои застанаа на страна на Арбен Таравари, а не на страна на Зијадин Села.„Однесувањето на двајцата министри спротивно на западните вредности и етичкиот кодекс, одборот на Алијансата на Албанците одлучи тие да бидат разрешени од министерските функции. Врз основа на Статутот на партијата, управниот совет едногласно одлучи, за министер за здравство да биде предложен Илир Демири, а за минситер за информатичко општество го предлагаме Наим Бајрами, магистер по политички науки. Тие чесно ќе ги исполнат своите обврски“, кажа Незири.Тие имињата ги предложиле до Талат Џафери, за тој да ги предложи до Собранието.„Имаме мнозинство, оваа работа денеска ќе биде завршена“, додаде Незири.

Македонија | пред 1 година

taravari-1

Таравари: Врз делегатите беше вршен невиден притисок за да не дојдат, за 90 дена ќе заврши лошото што владее 20 години

Во обраќањето пред членовите на централното Собрание на Алијансата на Албанците кои му дале поддршка, Арбен Таравари кажа дека промената нема да запре и дека истата е во тек. Според него, имало невидени притисоци за да делегатите во ова партиско тело не му дадат поддршка.„Промената почна и нема да запре. Денеска требаше тука да бидат присутни повеќе делегати на целнтралото Собрание но врз нив беше вршен невиден притисок за да не дојдат. Денеска е 8 февруари до 8 мај има 90 дена и лошото што досега владее 20 години ќе заврши“, рече Таравари во обраќањето.Според Таравари, 75 членови на централното Собрание му дале поддршка со присуство, а 85 членови се потпишале и се дел од неговиот табор.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-08-at-22.17.40

(Видео) Таравари тврди дека ја има поддршката за да коалицира со албанската опозиција

Претставници на централното Собрание на Алијанса на Албанците, му дале поддршка на Арбен Таравари за да почне со коалицирање со албанските политички партии, со цел, ДУИ да оди во опозиција. Потоа, тие одлучиле по наредните избори насоката да биде проевропска.„Присутни беа 75 претставници на централното Собрание и едногласно гласаа и потпишаа за целосна поддршка на претседателот за да реализира коалиција со албанската опозиција за по 20 години, ДУИ да оди во опозиција. Втората точка беше реализација на состанок со централното раководство. Алијансата на Албанците има 29 членови на тоа раководство, а 17 беа присутни и ја прифатија иницијативата“, кажа претставник од таборот на Таравари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-06-at-19.27.26

„Нека пробаат, па да видиме!“, Меџити и Алиу ја предизвикаа Владата да ги разрешат ако имаат мнозинство во Собрание

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, но и министерот за информатичко општество, Азир Алиу, нема да поднесуваат оставки, ниту пак ги сметаат за легитимни одлуките на органите на Алијансата за Албанците од каде дојде најава дека ќе бараат разрешување од страна на техничкиот премиер Талат Џафери.„Нема да поднесеме оставка. Едноставно поради две работи - ние транспарентно и отчетно работевме, а нашата партија нема зошто да бара наше разрешување. Уште вечерва им кажувам оставка од нас нема да има“, рече Алиу.Прашани дали очекуваат да бидат разрешени: „Не знам, нека пробаат, па да видиме“.Според него, зад разрешувањето на кадри од Алијансата на Албанците стои Аран Груби поддржан од нивната партија.„Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со нашите кадри не е во ред“, додаде Алиу.Двајцата министри кажаа дека стојат зад Арбен Таравари.

Македонија | пред 1 година

425527440_930780111745682_2775710756861514220_n

(Галерија) Со факели му се даваше поддршка на Таравари во Гостивар, тој најави „промените почнаа“

Граѓани, сопартијци и гостиварци, вечерва се собраа за да му дадат поддршка на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.„Промените почнаа” најави Таравари.Граѓаните со факели му дадоа поддршка на Таравари по соопштувањето дека тој е за коалициски настап со албанската опозиција, внатрепартиската битка и откако тој доби закана со оставен куршум во дворот на неговиот дом.Зијадин Села на прес-конференција најави дека партијата ќе оди сама на избори.

Македонија | пред 1 година

kursum-taravari

МВР со детали за најдениот куршум пред домот на Таравари:

Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврди дека пред куќата на Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците бил најден куршум од автоматско оружје.„Денеска (05.02.2024) во 09.34 часот, Ј.Џ.(42) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека пред влезната врата од куќата на А.Т.(50) во Гостивар било оставено, односно пронајдено зрно од автоматско оружје калибар 7,62 милиметри. Екипа од СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле увид, пронајденото зрно е фотодокументирано и подигнато за вештачење“, велат од МВР.Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битка за тронот, Села: Ова е големата куќа – АА“, Таравари: „Сведок сум на чудо од народ“, кој ќе го земе партискиот печат

Битката меѓу двете крила на Алијансата на Албанците се разгорува. Освен обвинувања, има и физички пресметки но и војна на социјалните мрежи.Поранешниот лидер на Алијанса за Албанците и актуелен претседател на партиското Централно претседателство, Зијадин Села, на ФБ објави фотографија со голем број партиски членови, негови приврзаници, и порача: „Тоа е големата куќа, Алијанса за Албанците“.Села за сабота закажа седница на Централното собрание.Таравари одговори: „Сведок сум на чудо од народ за промени“.Села на прес-конференција во партиското седиште порача дека нова одлука на партикското раководство нема, а дека според последната Алијанса за Албанците на изборите ќе настапи самостојно, а партијата не е разединета и не е за на пазар.Таравари претходно се пофали дека од 133 членови на Собранието успеал да собере 80 потписи како поддршка на неговата политика за коалицирање со албанската опозиција.Овие ФБ потписи за Села се безвредни, ќе се пребројуваат во сабота и ќе биде јасно во чии раце ќе биде партискиот печат.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Фото) Куршум оставен пред вратата на Таравари

Тетовската телевизија „Коха“ објави дека пред домот на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари бил пронајден куршум. Тој бил оставен пред вратата, а според фотографиите била повикана и полиција.Од нив се гледа дека куршумот е оставен на неколку чекори после капијата за влез во дворот, а пред вратата за влез во домот.Засега нема детали, а извесно е дека крим-техника од МВР ќе врши истрага и ќе се проверуваат трагите.„Скопје1“ побара потврда од Таравари и коментар за тоа што се случува. Од него очекуваме одговор. Став побаравме и од МВР, кои ги прашавме дали имаат сознанија и осомничени лица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-05-at-10.02.39

И тепачки во Алијансата за Албанците? Со пораки „Можеш да ме убиеш“ се пресметуваат таборите на Села и Таравари

Поделби помеѓу членството на Алијанса за Албанците, но и несогласувања помеѓу лидерот Арбен Тарвари и претседател на Централното претседателство, Зијадин Села. Дури и вискоките функционери во власта фатија страна, па така, едни го поддржуваат Тараватри, други Села. Хаосот во партијата, според неофицијалните информации, резултирал и со тепање. Директорот на Агенцијата за одземен имот, Дритон Бебиу, се пожали дека бил нападнат.„Можеш да ме убиеш, но не и да ме исплашиш!“, испрати тој како порака.Неофицијално несогласувањата се бидејќи Таравари сака партијада да оди во коалиција со Беса, Алтернатива, Демократски сојуз, додека Села бара на изборите да настапат сами. Се огласи и министерот за правда, Кренар Лога, кој доаѓа од лобито на Села и кажа дека не сака коалиции.„... Не го почитува Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Лога.Истовремено, минситерот за здравство, Фатмир Меџити, застана зад Арбен Тарваври.Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците и поранешен лидер, Зијадин Села, на прес-конференција во седиштето на партијата изјави дека на избори одат самостојно, а партијата не се продава.Арбен Таравари објави дека добил поддршка од членството на партијата да оди со опозицискиот албански блок. Како што објавија на нивната Фејсбук страница, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата. Села пак рече дека ништо не значат потписите кои што ги добил Таравари за неговата иницијатива.Според него, тоа е злоупотреба на позицијата која Таравари ја има во партијата и затоа свика седница на Централното собрание во сабота, на кое ќе се бара одговорност од Таравари.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања