Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

АВСТРИЈА

media-library5aitttq4841te3OOflm

(Фото) Австрија парализирана, паднаа 20 санетиметри снег: Лавина затрупа автобус со патници

Во Виена, за време на ноќта паднаа 20 сантиметри снег, што предизвика колапс во сообраќајот, а сите градски служби се во состојба на целосна подготвеност поради големиот број интервенции.Најголеми проблеми се забележани на автопатиштата во источниот и јужниот дел на земјата. Стотици камиони останаа заглавени, а во Тирол лавина затрупа автобус со 11 патници. За среќа, никој не е повреден. Полицијата поради екстремните услови била принудена да го затвори виенскиот прстен во двата правци за време на ноќта, а чистењето сè уште трае.На автопатот А1 кај Сент Полтен се преврте камион полн со терет, што предизвика блокада со часови. Во сообраќајни несреќи низ целата земја се регистрирани повеќе од 30 интервенции на итната помош, а две лица се тешко повредени.Во јужна Австрија гранките под тежината на снегот паѓаат на далекуводи, поради што повеќе од 4.000 домаќинства останаа без струја, соопшти мрежата Netz NO.Исто така, и аеродромот во Виена е блокиран. Над 200 работници и 100 возила се обидуваат да исчистат три милиони квадратни метри површина.

Свет | пред 5 дена

media-librarydqf53vllr1jkf14j2dJ

Македонската скијачка Јана Атанасовска со најдобар македонски женски резултат во слалом

Македонската скијачка Јана Атанасовска оствари извонреден настап на ФИС слалом трките што се одржаа во Телфс, Австрија, поставувајќи најдобар личен резултат, но и најдобар женски македонски резултат во историјата на алпското скијање. Во првата слаломска трка, Атанасовска го освои четвртото место и ги подобри своите ФИС поени на 26,41, што претставува значаен исчекор во нејзината спортска кариера и силна потврда за нејзиниот квалитет на меѓународната сцена. Во втората трка истиот ден, таа заврши на шестата позиција со 30,78 ФИС поени, покажувајќи стабилност и континуиран напредок во конкуренција со врвни светски скијачки. Овие резултати доаѓаат во клучен период од подготовките за претстојниот олимписки циклус и Олимписките игри во Милано, што дополнително ја нагласува нивната важност за македонскиот спорт. Успехот на Атанасовска е заедничка заслуга и со нејзиниот тренер Александар Атанасовски – Чаве, чија работа и поддршка се препознаваат зад овој значаен резултат.

Македонија | пред 4 седмици

media-library2a7mqv5osjjl9nUl3HE

Петмина скијачи загинаа во лавини во Австрија

Пет скијачи го загубија животот во лавини што вчера се активираа во Австрија, во поширокиот регион на Салцбург. Најтешкиот инцидент се случил во Гаштајн, каде што во лавина загинале четворица скијачи, а уште две лица се здобиле со тешки повреди.Во спасувачката акција биле вклучени четири хеликоптери, кои учествувале во пребарувањето и евакуацијата на настраданите, јавува агенцијата Ројтерс.Претходно во текот на истиот ден, уште еден скијач загинал во лавина во блискиот скијачки центар Бад Хофгаштајн, со што бројот на жртвите се искачи на пет. Надлежните служби предупредуваат на зголемена опасност од лавини поради нестабилните снежни услови во алпските предели.

Свет | пред 1 месец

media-libraryrau3t52pi6dq9YdMmfQ

Исчезнатата австриска фитнес-тренерка пронајдена мртва, уапсен полицаец

Случајот со исчезнувањето на млада жена од австриската покраина Штаерска денеска доби трагичен расплет. Потврдено е дека 34-годишната Јохана Г. е почината, а поради сомнение за поврзаност со нејзината смрт уапсен е припадник на австриската специјална полициска единица „Кобра“.Осомничениот, кој според полицијата бил последното лице во контакт со жената, тврди дека нејзината смрт била „несреќа“, објавува порталот VOL.AT .По Јохана Г. од местото Тилмич, во округот Лајбниц, се трагаше од саботата навечер, откако нејзината мајка го пријавила исчезнувањето бидејќи не успеала да стапи во контакт со ќерката. Истрагата ја презел Покраинскиот криминалистички оддел, кој во почетокот не исклучувал ниту една можност – несреќен случај, кривично дело или самоубиство.Уапсен припадник на „Кобра“Пресврт во случајот се случил вечерва, кога истрагата прераснала во истрага за насилно кривично дело. Државното обвинителство во Грац и полицијата уште синоќа информирале за апсењето на 30-годишен припадник на „Кобра“, кој се поврзува со исчезнувањето. Според полицијата, тој бил последната позната личност што била во контакт со Јохана Г.Откако истражителите му ги презентирале записите од комуникацијата, тој признал дека ја запознал преку апликација за запознавање и дека повеќе од една година биле во повремена врска.За време на денешното испрашување, осомничениот полицаец, според медиумските извештаи, признал дека Јохана Г. починала, но тврдел дека станувало збор за несреќа и дека тој го закопал нејзиното тело.Пронајдено украдено оружјеПолицијата потврди дека во станот на осомничениот биле пронајдени два пиштоли – службен пиштол од марката „Глок“ и тренажен пиштол. Двете парчиња оружје се водат како украдени од 2018 година, а околностите под кои мажот ги поседувал се дополнително предмет на истрага.Денеска беше објавено и дека Јохана Г., која работела како фитнес-тренерка, најверојатно била бремена.Истрагата се води поради сомнение за убиство, а од правосудните органи потсетуваат дека за осомничениот важи претпоставката на невиност.

Свет | пред 1 месец

media-librarysgjgl5p3se416P4kAgl

Шест часа сама на –20: Австриски алпинист одговара за смртта на својата девојка

Австриски обвинители покренаа постапка против 36-годишен маж од Салцбург, кој се соочува со обвинение за убиство од крајна небрежност, откако во јануари ја оставил својата девојка да се смрзне на Гросглокнер – највисоката планина во Австрија. Двајцата биле само 50 метри под врвот кога 33-годишната жена ја изгубила силата и не можела да продолжи. Наместо да остане со неа, партнерот сам тргнал по помош, оставајќи ја сама во екстремни услови.Обвинението наведува низа пропусти: парот тргнал два часа подоцна од планираното, жената немала соодветна опрема, а мажот – искусен алпинист – ја оставил без заштита и без да ја премести на засолниште од силниот ветер. Во моментот кога ја напуштил, температурата со ефект на ветер се чувствувала како -20 степени.Истрагата открила дека тој не побарал помош навреме, иако веќе околу 20:50 часот биле во неволја. Кога полициски хеликоптер прелетал над нивната зона во 22:50, не дал никаков сигнал. На повици од алпската полиција одговорил дури по полноќ. Дури во 3:30 часот, по повеќе од шест часа разделен од партнерката, конечно ги алармирал спасувачите.Спасувачките екипи стигнале дури следното утро, но можеле само да ја констатираат смртта. Одбраната тврди дека станува збор за „трагична несреќа“, а не за криминална одговорност. Судскиот процес ќе започне на 19 февруари 2026 година во Инсбрук.Случајот потсетува на трагедијата со руската алпинистка Наталија Наговицина, која во август беше прогласена за мртва по две недели заробена на над 7.000 метри во Киргистан, по што дрон со термална камера не детектираше знаци на живот.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryf488lsrf3lbhaOYSdnM

Австрија планира забрана за носење шамии во училиштата за девојчиња под 14 години

Австрија од следната учебна година планира да воведе забрана за носење шамии во училиштата за девојчиња под 14 години, најави министерката за интеграција Клаудија Плаколм. Предлог-законот наскоро ќе се најде на расправа во Парламентот, а мерката треба да се применува од учебната 2026/2027 година.Плаколм, членка на Австриската народна партија (ОВП), изјави дека носењето шамија кај девојчињата не претставува верски ритуал, туку практика што создава „чувства на срам“, води кон „нарушена слика за телото“ и ја намалува самодовербата.Ова е втор обид за воведување ваква мерка. Во 2019 година највисокиот суд ја поништи претходната забрана предложена од истата партија, оценувајќи дека е спротивна на уставните права. Но сегашната владина коалиција — составена од ОВП, Социјалдемократската партија и либералната НЕОС — верува дека новата законска рамка ќе помине, наведувајќи дека бројот на муслимански девојчиња под 14 години во австриските училишта се зголемил од 3.000 на 12.000.Според предлог-законот, доколку ученичка носи шамија и покрај забраната, наставниците најпрво се должни да разговараат со родителите. Во случај на повторени прекршувања, родителите може да се соочат со парична казна до 800 евра.Исламската заедница во Австрија ги критикуваше плановите, обвинувајќи ја власта дека собира политички поени наместо да се грижи за благосостојбата на децата. „Целта е да се профитира од антиисламското расположение“, порачаа од заедницата.

Свет | пред 3 месеци

viena-crkva-1

Тинејџер со потекло од Македонија осомничен за тероризам во Австрија: со Чеченец сакале да воспостават калифат

18-годишно момче со потекло од Македонија, кој заедно со Чеченец биле осудени пред две години во судот во австрискиот град Лебен, за планирање напад врз средно училиште сега се повторно во притвор под сомнение за тероризам, пишува весникот „Kronen Zeitung“.Како што наведува весникот, тие биле осудени на затворски казни, бидејќи сакале да воспостават калифат во Австрија и со предумисла да убиваат лица од христијанска вероисповед. Едниот од двајцата, сега 17-годишен, бил предвремено ослободен откако отслужил две третини од казната и според судството, ги следел упатствата како што се мерки за дерадикализација и психотерапија.Бил уапсен затоа што очигледно планирал крвопролевање со полуавтоматски пиштол и побарал од познаник да му даде пари однапред за да го купи оружјето.Тинејџерот досега одбивал да соработува со истражителите. Неговиот соучесник, сега 18-годишен, беше уапсен на македонска граница кон крајот на август, откако се враќал од посета на земјава.Тој исто така е обвинет за нови, сериозни планови за напади, вклучувајќи и употреба на бомби и повторно е во затвор по условната казна од првото судење.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8gb3qu3mpto753Dca7N

Македонец по грешка пуштен од затвор во Линц, сега е во бегство

Голема судска грешка во Австрија предизвика внимание во јавноста – во притворскиот центар во Линц бил ослободен погрешен затвореник поради исто име и презиме со друг осуденик.Наместо 17-годишен осомничен за кражба, на слобода бил пуштен 30-годишен Македонец. Датумите на раѓање не биле проверени.Погрешно ослободениот Македонец требало да сведочи во постапка за обид за убиство. Според наводите, тој помогнал на роднина да избега откако овој пукал кон друг човек. Полицијата го потврди извештајот на „Кронен Цајтунг“.Кога грешката била откриена, веќе било предоцна. Човекот веќе бил недостапен за властите. Против него сега е распишан налог за апсење.Како што наведува австрискиот весник, против службеникот кој бил одговорен за пропустот е покрената дисциплинска постапка. Воедно, во притворскиот центар во Линц се воведуваат и нови процедури, меѓу кои и т.н. „правило со четири очи“ – од сега, двајца службеници мора заедно да ја проверат идентификацијата пред секое ослободување.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-10-at-17.44.51

Сведоштва и шок по нападот во училиштето во австриски Грац

Мирното утро во гимназијата BORG Dreierschützengasse во Грац вчера беше прекинато од масовно пукање во кое загинаа девет лица, а повредени се најмалку дванаесет, дел од нив со тешки телесни повреди. Напаѓачот, 22-годишен поранешен ученик на училиштето, по извршениот напад извршил самоубиство.Очевидци сведочат за сцени на хаос и страв.„Се слушна пукање, потоа врисоци. Наставниците врескаа да се затворат вратите, а ние се криевме под клупите“, раскажува ученик кој успеал да побегне од зградата.Една мајка, чиј син бил повреден, откри дека добила повик од него во паника:„Мамо, мислам дека ќе умрам“, ѝ рекол низ плач“. Детето преживеало.Во рок од неколку минути, на местото пристигнале специјални полициски единици, над 300 полицајци, медицински екипи со хеликоптери и амбулантни возила. Евакуацијата се спроведувала систематски, а дел од учениците и вработените биле префрлени во спортската сала Helmut List Halle, каде што им била укажана прва психолошка и медицинска помош.Овој трагичен настан е најсмртоносниот напад во образовна установа во поновата историја на Австрија. Властите прогласија тридневна национална жалост, со спуштање на знамињата на пола копје и минута молк во сите училишта и институции.Премиерот и претседателот ја изразија својата сочувство до семејствата на жртвите, нарекувајќи го нападот „национална трагедија што го потресе општеството до срж“.Истрагата е во тек, а властите разгледуваат и можни психолошки мотиви за нападот. Првичните анализи укажуваат дека осомничениот можеби бил жртва на долготрајно малтретирање и се чувствувал отфрлено.

Свет | пред 8 месеци

grac-pukanje

(Видео) Пукање во училиште во Австрија, има загинати, повредени се носат по болници

Над десет жртви има по пукање во австрискиот град Грац. Според првичните информации, вооружен човек влегол во средно училиште и отворил оган. Од снимките кои веќе се шират на социјалнтие мрежи може да се види дека тешко повредените со хеликоптер се пренесуваат низ болниците.Истовремено, полицијата го заштити целиот периметар околу училиштето. Притоа, објавена е и снимка од училница, а на која се слушаат пукотници.Порталот ORF, исто така, јавува дека се верува дека осомничениот напаѓач извршил самоубиство.Според полицијата, акцијата започнала околу 10 часот наутро. Зградата, според објавите на медиумите, моментално темелно се претресува.Сите медиуми напоменуваат дека ова се првични информации и неофицијални. Повеќе подоцна.

Свет | пред 8 месеци

avstrija-izbori

Партијата основана од нацистите победи на изборите во Австрија, но никој не сака да влезе во владата со нив

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата (ФПО) е победник на парламентарните избори во Австрија. Ова е првпат по Втората светска војна партија вкоренета во нацистичката идеологија да освои најмногу гласови на национални избори.На чело со Херберт Кикло, кој доби поддршка поради лошата економија и загриженоста дека Австрија ги прима имигрантите побрзо отколку што може да ги интегрира, ФПО освои околу 29 отсто од гласовите - рекорден резултат што може да и даде на партијата платформа да води следната влада.„Ова ја отвори вратата за нова ера“, рече шефот на партијата Херберт Кикл по објавувањето на првите резултати.На гласање излегоа дури 6,3 милиони гласачи (78%), а во кампањата доминираа прашањата за миграцијата и азилот, како и нестабилната економија и војната во Украина.ФПО би требало да има околу 56 од 183 места во парламентот, додека конзервативците би добиле 52, а социјалдемократите 41 место.Генералниот секретар на ФПО, Михаел Шнедлиц, рече дека „мажите и жените од Австрија напишале историја“, но одби да каже за каква коалиција ќе се обиде да преговара неговата партија.Би-би-си објави дека анализата на гласачите покажала дека оние на возраст од 35 до 59 години најмногу гласале за екстремната десница, малку повеќе жени отколку мажи.Кикл мора да најде партнер за да формира стабилна коалиција бидејќи другите партиски лидери не можат да го издржат. Тие одбија да му служат и многу брзо почнаа да ја разгледуваат можноста за алтернативна влада предводена од ФПО.ФПО е дел од екстремно десничарската група во Европскиот парламент, предводена од Националното собрание на Франција (РН).Лидерката на РН, Марин Ле Пен, изрази задоволство од победата, велејќи дека тоа е показател дека таквите партии напредуваат.На Фејсбук се огласи и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и напиша: „Каков викенд!! По Чешка, уште една победа на патриотите преку граница... Без војна, без миграција и без родова пропаганда!“ФПО, основана во 1950-тите од поранешни членови на СС и други нацистички ветерани, се кандидираше на овие избори на платформа против странците, ветувајќи дека ќе изгради „тврдина Австрија“ за да ги спречи мигрантите.

Свет | пред 1 година

poplavi-avstrija

Во Австрија евакуирани седум села поради поплавите, но има една добра вест: Дождот престана да паѓа

Иако обилните врнежи што ги донесе циклонот Борис во Австрија во изминатите неколку дена претежно престанаа во текот на ноќта, ситуацијата со поплавите се уште е тешка, а во провинцијата Долна Австрија, која е најтешко погодена, седум села во областа Тулнерфелд се евакуирани.Црвениот крст на саемот во градот Тулн формираше засолниште за итни случаи, кое може да прими до 1.000 луѓе, пишува виенски Курир.Откако во Долна Австрија во последните неколку дена наврнаа пет до шест пати повеќе од вообичаеното количество месечни врнежи, дождот престана, а според метеоролозите од денеска до викендот не се очекуваат големи количини на врнежи.Службите за итни случаи, сепак, сè уште се постојано ангажирани, особено во Долна Австрија, каде што четири лица загинаа во поплавите во последните денови.Исто така, постои голема опасност од лизгање на земјиштето, а на планините во Салкамергут сè уште има снег до метар и половина.Поради невремето се уште има долги задржувања и голем број откажани поаѓања во локалниот и меѓуградскиот превоз, а бројни патишта се уште се затворени.Одредени линии на метрото во Виена сè уште не работат, а ограничувањата на јавниот превоз во главниот град на Австрија најверојатно ќе траат до среда.Повеќе од 250 патишта во моментов се непроодни во Долна Австрија.Најмалку 16 лица загинаа во поплавите во Централна и Источна Европа предизвикани од обилните врнежи што ги донесе циклонот Борис во претходните денови.

Свет | пред 1 година

poplavi-avstrija

Во Виена до некои згради може да се стигне само со брод: Сообраќајот делумно прекинат

Во Австрија, која е погодена од обилните дождови што ги донесе циклонот Борис во Централна и Источна Европа, најтешка е состојбата со поплави во провинцијата Долна Австрија, која во неделата беше прогласена за зона на катастрофа.Поради обилните врнежи, сообраќајот во Виена денеска е делумно во прекин, училиштата се во вонредна состојба, многу улици се затворени, а до некои згради може да се стигне само со брод, јавуваат австриските медиуми.Весникот „Хојте“ пишува дека јавниот превоз е во застој, а метрото е делумно затворено поради дефекти на метрото поради поплави предизвикани од обилните дождови.Виенски Курир наведува дека до некои згради во главниот град на Австрија може да се стигне само со брод.Досега шест лица се повредени во невремето во Виена, соопштија градските власти на прес-конференција во неделата попладне.Стотици луѓе беа спасени за време на викендот во Долна Австрија, која беше тешко погодена од поплави и прогласена за зона на катастрофа.Неверојатни количества дожд, на некои места дури и четири пати повисоки од просечните вредности во септември, доведоа до исклучително тешка ситуација во источна Австрија.Иако ноќта меѓу неделата и понеделникот беше мирна во Долна Австрија, метеоролозите за денеска прогнозираат обилни врнежи од дожд, наведувајќи дека ќе наврнат и до 60 литри дожд на метар квадратен.Циклонот Борис донесе обилни дождови во Централна и Источна Европа, а според вчерашните податоци во поплавите загинаа најмалку седум лица.Водостојот на реките во Централна Европа продолжува да расте, вклучувајќи го и Дунав.Градоначалникот на Будимпешта Гергељ Карачони во неделата изјави дека на Будимпешта и се заканува најголемата поплава во последната деценија.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Трагедија во Австрија: Во одрон загина момче

Вчера во Австрија се случи одрон во кој загина момче.Според австриските медиуми, поради обилните врнежи од претходниот ден во областа, во шумата во Зигенсдорфберг, додека мајката со двете деца и две нивни другарки биле таму, дошло до одрон.Две деца беа закопани, а за жал не успеаја навреме да спасат едно момче. Се работи за петгодишно дете.Второто закопано дете со хеликоптер е пренесено во болница, а останатите две деца се неповредени. Во акцијата за спасување на лице место учествувале повеќе од 100 пожарникари, неколку спасувачки хеликоптери и полициско куче.Нема дополнителни информации за идентитетот на жртвите, но се претпоставува дека мајката и нејзините две деца се од околината. Во областа поради обилните врнежи се забележани неколку стотици одрони.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Голема снежна лавина во Австрија: Затрупани луѓе, има и мртви

Голема снежна лавина затрупа неколку луѓе во планинското село Вент во Тирол, едно лице е мртво.Спасувачите од снегот извлекле пет затрупани лица, но едно од спасените лица е во животна опасност. Потврдено е и дека едно лице починало, пишува Кронен Цајтунг.Според првите информации, лавината започнала околу 11 часот во реонот на општина Вент. На околу половина оддалеченост, дел од лавината се одвои и затрупа неколку луѓе. Во акцијата за спасување учествуваа спасувачки екипи, кучиња трагачи и неколку хеликоптери. Според Кронен Цајтунг, лавина затрупала холандска група туристи. Австриските медиуми јавуваат дека болниците во близина се во состојба на готовност.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања