Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

АЗИР АЛИУ

media-librarydtu96k6opv6f5aFiMN8

Дигитализација на здравствениот систем: Граѓаните ќе имаат пристап преку портал и мобилна апликација

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес најави предлог-закон за изменување и дополнување на законот за евиденции од областа на здравството, кој има за цел целосна дигитализација на здравствениот систем и обезбедување на модерно, безбедно и поврзано водење на здравствените податоци, со што ќе се подобри квалитетот на здравствените услуги за пациентите во државата.Со оваа законско решение, кое деновиве ќе биде поставено на ЕНЕР, се надминуваат досегашните ограничувања во системот на здравствени евиденции и се овозможува нивно целосно електронско водење преку националниот систем за електронски евиденции во здравството. Тоа значи дека медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации како привремено решение при прекин на системот.Една од клучните новини е регулирање на електронското здравствено досие за секој пациент во државата, кој ќе претставува централен извор за сите здравствени податоци на пациентот, од прегледи и резултати до упати, рецепти и телемедицински услуги. Со ова се овозможува подобра следливост на здравствената состојба на пациентот и поефикасна здравствена грижа за пациентите“, вели Алиу.Алиу изјави дека сите јавни и приватни здравствени установи ќе мора да користат систем усогласен со националниот систем.Со новите законски решенија, значително ќе се подобри и пристапот на граѓаните до сопственото здравство, здравствено досие, преку електронски портал или преку мобилна апликација, со јасно утврдени правила за пристап кај малолетните лица и со можност за овластување на друго лице за пристап.Дополнително, за првпат се регулира интеграција на телемедицината и мобилното здравство, mHealth. Во националниот здравствен систем, при што телемедицинските услуги добиваат еднаква правна важност како и физичките прегледи. Предлог-законот предвидува и можност за секундарна употреба и анонимизирани здравствени податоци, исклучиво за цел од јавен интерес, научни истражувања, статистика, образование и развој на здравствените политики, при што строго ќе биде забрането секоја употреба што би можела да доведе до дискриминација, профилирање или економска штета за поединецот“, вели Алиу.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryu2iqdt7a2k7m9Yko8YU

Алиу: Планираме спојување и на други клиники, по примерот на кардиологија и кардиохирургија

Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија ќе се спојат во една здравествена уставнова, одлучи Владата на последната седница по предлог на Министерството за здравство. Како што велат од Министерството, оваа одлука е донесена за да се обезбеди повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања.Административните процедури и целата постапка на спојувањето на клиниките е долга и исто така треба да бидеме претпазливи, бидејќи идејата на спојување не е за влошување на здравствените услуги, туку за подобрување на здравствените услуги. Бидејќи овие две клиники се и физички во една зграда и процедурите сегде во светот се влегуваш и излегуваш, а не мора да шеташ од една во друга клиника, за пациенти коишто имаат ваков тип на здравствени проблеми. Затоа почнавме од овие две клиники, но нема да завршиме тука. Да видиме прво кои ќе бидат предизвиците на спојувањето на двете клиники и ова ни е според нас најлесно спојување на двете клиники, затоа почнуваме од кај нив“, изјави на денешната прес-конференција министерот Азир Алиу.Тој додаде дека за другите клиники најверојатно ќе имаат предизвици и од инфраструктурна гледна точка, но и од човечки капацитети.Ова ќе ни биде, еве, како пилот проект да видиме кои ни се предизвиците за спојување на клиниките. Но текот на спојување ќе продолжи и понатаму. Моментално ќе раководи профил којшто раководел кога сите клиники биле споени, значи администратор-економист, за да може административниот дел да го менаџира во оваа фаза“, додаде Алиу.

Македонија | пред 1 ден

media-library1hb5caf5bosueyGvrds

Деца без проблем купуваат цигари низ маркетите

Министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес конференција изјави дека со поддршка од Светската здравствена организација, е извршено истражување, во кое биле избрани 75 училишта и биле опфатени 4.670 ученици.„Истражувањето е дел од глобалниот систем на надзор на тутунот и претставува национално репрезентативно истражување кое по четврти пат се спроведува во училиштата во нашата држава. Податоците од истражувањето покажуваат дека 13,6% од учениците на возраст од 13 до 15 години моментално користат некаков тутунски производ и тоа е највисоката преваленца досега регистрирана во нашата држава. Вкупно 10% од нив користат електронски цигари, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со 2016 година. Дополнително загрижувачки се податоците дека дури 57% од младите биле изложени на тутунски чад во домот. Додека 55,4% биле изложени на чад во затворени јавни простори. Во однос на достапноста на Тутунските производи, ова истражување покажува дека 73,2% од младите пушачи не биле спречени да купат цигари поради нивната возраст. Она што е важно за нас како креатори на здравствените политики е дека огромен дел од испитаниците, ученици, ја поддржуваат мерката за забрана за пушење во затворени јавни простори, вкупно 86,9% од испитаниците ја поддржуваат оваа мерка.Министерот изјави дека целта на новиот предлог-закон е денормализација на пушењето, а тоа ќе се постигне преку 4 столба на овој закон.„Прво, целосна заштита од пасивно пушење, без чад и без аеросол во затворени и работни простори, заштита важи заштитата важи и за аеросоли од електронските цигари, чија безбедност при пасивна изложеност не е докажана. Втор столб, намалување на привлечноста, забрануваме продажба на производи што содржат карактеристични ароми кои создаваат препознатлив вкус или сензорен ефект различен од природниот тутунски профил. Овошни, слатки, ментол и други вкусови кои ја маскираат штетноста и го олеснуваат првото пробување. Повеќе овие нема да бидат дозволени за продажба. Трето, ограничување на маркетингот и изложувањето, ќе се стави крај на таргетирањето на младите преку социјалните мрежи, преку инфлуенсери, игри и дигитални други платформи. Тутунските и никотинските производи повеќе нема да бидат јавно изложени, туку во затворени ормани. Четвртиот столб е ограничување на достапноста и засилената контрола на продажба на малолетници. Со здравјето на младите нема компромис. А јавниот интерес ќе биде посилен од секој комерцијален притисок, вели Алиу.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysmnrmtgk4uuk6wuCQgq

Алиу: Заедничка цел на институциите е унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост и воспоставување семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на денешниот настан по повод унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост, во организација на интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, што се одржа во Собранието.Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука и Министерството за социјална политика, демографија и млади врз основа на „Меморандум за соработка“  се вклучени во воспоставување семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството. Здравството е првата врата каде што доаѓаат семејствата, затоа институционална задача е да не се пропушти ниту едно дете кое има доцнење во развојот, попреченост или ризик -  било да е кај педијатар, патронажна служба, логопед или други стручни лица, посочи министерот Алиу.Тој информираше дека е во тек обука на тимови во јавните здравствени установи во Скопје, а стручни лица од Здравствен дом Скопје и Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација поминаа специјализирана обука и учествуваа на студиска посета и сега активно даваат семејно-ориентирани услуги за рана интервенција.Министерството за здравство развива услови за продолжување на давањето семејно-ориентирани услуги за РИД во пилот установите и ќе се заложи за нивно постепено имплементирање на територијата на целата држава. Работиме на развој на системот за универзален скрининг, кој ќе се воведе на национално ниво и ќе биде достапен за сите деца до шестгодишна возраст. Тоа значи дека секое дете ќе има можност за рана процека, без разлика каде живее и кој е неговиот родител.  Универзален скрининг значи еднаква шанса за сите деца, односно нема да се потпираме на случајност и на тоа дали родителот ќе успее да најде специјалист, туку системско, организирано следење на развојот, додава министерот Алиу.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhfnqalpsiquvf5vHRu7

Алиу: Секторот за одгледување канабис за медицински цели мора да функционира строго законски, транспарентно, без „сиви зони“

   Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција, со цел да информира за акцијата која е во тек кај компаниите што поседуваат одобрение за одгледување канабис за медицински цели, која доби и дополнителна институционална тежина по денешната седница на Владата.- Денес упатуваме порака дека државата повеќе нема да гледа настрана таму каде што има сомнеж за злоупотреба на дозволи, пропусти во институционалниот надзор и ризик за јавниот интерес. Секторот за одгледување канабис за медицински цели мора да функционира строго законски, транспарентно, без „сиви зони“, без привилегирани и без заштитени, истакна министерот Алиу.Тој нагласи дека засилени вонредни контроли ќе се извршат кај сите правни субјекти, односно вкупно ќе бидат опфатени 43 правни лица. Контролите се спроведуваат во соработка со МВР, МАЛМЕД, Инспекторат за земјоделство, ДСЗИ и други надлежни институции.- Досега се извршени 13 контроли кај лиценцирани правни субјекти, при што кај 6 од нив се утврдени неправилности во постапувањето, согласно законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Поради тоа, Владата на денешната седница донесе одлуки за одземање на одобрението за одгледување канабис за медицински цели кај овие 6 правни субјекти, појасни Алиу.Инаку, одлуките на Владата за засноваат на наодите од спроведени контроли и со кои се констатирани следните состојби:-Несоодветно складирање на сув цвет, при што тој бил затекнат отворен, без соодветно запечатување и без складирање во пропишани картонски кутии.-Недоставени известувања до комисијата за извршено производство, берба и купопродажба на сув цвет-Недоставена севкупна документација и договори, поврзани со продажба и трансфер на сувиот цвет-Утврдено несовпаѓање меѓу евидентираните и фактички затекнатите количества на сув цвет во сеф-соба.-Недоставено известување во рок од три дена за настанати промени, согласно обврските, утврдени со Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.Дополнително, министерот Алиу порака дека целта на овие вонредни контроли е обезбедување доследна примена на законските прописи, унапредување на надзорот на производството и прометот, како и обезбедување транспарентно и законско функционирање на секторот за производство на канабис за медицински цели.- Овој процес на контрола на производителите на канабис за медицински цели, откри и низа системски слабости, но и назнаки за интенционални празнини во регулативата, што можат да се користат за злоупотреби. Затоа, по завршувањето на контролите кај сите 43 правни лица и по целосното утврдување на сите аномалии, ќе пристапиме кон подготовка на нова и поцврста законска регулатива за одгледување канабис за медицински цели. Како Влада одлучни да не дозволиме било каква идна можност за манипулации и злоупотреби, заклучи Алиу.

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2025-03-06-at-16.07.19

Алиу: До јуни на Клинички ќе имаме катни гаражи коишто ќе можат да се користат

Министерот за здравство Азир Алиу најави изградба на три катни гаражи на Клиничкиот центар Мајка Тереза.„Бидејќи катните гаражи нема да бидат цврста градба, градбата ќе биде брза и автоматски ќе имаме паркинг места којшто ќе може да ги користат нашите граѓани. Според првичните анализи од експертите, архитекти и градежни инженери, ние до јуни ќе имаме катни гаражи коишто ќе можат да се користат. Бројот на катни гаражи максимум ќе бидат три, идејата е да имаме слободни паркинг места колку што ни се потребни, направена е анализа според последните три години колку се користи, пикот е негде од 10 до 15 часот во Клиничкиот центар“, вели Алиу.Тој исто така најави дека целиот простор ќе биде уреден со зеленило, со пешачки патеки, со брза патека за брза помош, и дека ќе се отвори уште еден нов влез кај кардиологија и кардиохирургија, се со цел да може тој да биде посебен за пациенти на којшто секој момент им е значаен за нивниот живот.„Ќе има три локации, ако одите сега ќе видите дека модуларната веќе е при крај, ако не е веќе завршена. Таму ќе биде еден простор за катна гаража, до гинекологија вториот простор за катна гаража и кај што е хелиодромот третиот простор за катна гаража. Динамиката од која ќе почнат ќе зависи од ЈП Градски паркинг. Битно ни е да почне прво хоризонталната инфраструктура. Тој проект ќе биде многу значен за нас. Мене би ме значело многу како граѓанин, ако можам од дома да резервирам паркинг простор и да знам на кој број, на кое место ќе се паркирам. Оставивме Град Скопје да дефинира која катна гаража, колку спрата ќе има, најверојатно најголемата ќе биде до инфективна, бидејќи и просторот е најголем и има посебен влез. Втората идеја беше тој дел да биде само за вработените, да имаат посебен паркинг простор од пациентите и граѓаните, но тоа оставам на експертите, бидејќи навистина тие знаат како тоа подобро може да се менаџира“, додаде Алиу.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarylg565806789g19HjcTV

Алиу најави паметен паркинг систем на Клинички: Резервации и уплати преку мобилна апликација

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави решавање на деценискиот проблем со паркинг просторот во клиничкиот центар Мајка Тереза. Тој најави паметен паркинг систем со сензори за детекција на слободни паркинг места.„Станува збор за давање под закуп на недвижни работи со непосредна спогодба со Град Скопје заради организирање, управување, уредување и одржување на паркиралишта во Комплекс клиники „Мајка Тереза. Во следната фаза Град Скопје ќе започне со проектирање и изградба на катните гаражи и инфраструктурно уредување. Договорот ќе биде склучен на 15 години. Ќе биде имплементиран паметен паркинг систем со интегрирани сензори за детекција на слободни места, со камери со автоматска регистрација на возило, со мобилна апликација за реално време за резервации и уплати и поврзување на фискален систем и е-управување на системот“, изјави Алиу.Онколошките пациенти имаат бесплатни паркинг места, тој додаде дека тоа ќе продолжи и во иднина.„Пациентите кои се лекуваат тука ќе имаат цена која ќе биде достапна за нив, нема да биде комерцијална. Исто така вработените ќе имаат цена која што е достапна за админсстрација, и на крај ќе имаме цена која ќе бие комерцијална како сите паркинг места кои имаат комерцијални цели а тоа ќе се однесува на граѓани кои се паркираат од други причини или за посета на некој близок кој е во кампусот“.Со паметниот паркинг систем Алиу најави дека ќе може да се резервираат паркинг места преку апликација.„Едниот начин е преку апликација да резервирате паркинг место ако сте пациент, со бројот на упатот, ако тоа не го направите преку апликацијата, имајќи предвид дека граѓаните немаат толку вештини за да може тоа да се аплицира, може тука кога ќе бидат пред рампата да се скенира само QR кодот од упатот и автоматски ќе може да добијат цена за услуга којашто е намената за пациенти. Ако сте вработен ќе имате QR код како вработен или исто така ќе може да се резервира преку апликацијата, ако сте граѓанин ќе треба само да влезете, ќе се отвори рампата, ќе најдете паркинг место и ќе се плати или онлајн преку истата апликација или ќе биде стандардно како што и до сега се преку плаќање со кеш“, вели Алиу.

Македонија | пред 3 седмици

media-library8g2m8nfc4hf28BWnv7p

Од денеска нов јавен портал со листа на закажани хируршки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес конференција го промовираше новиот модул за електронска евиденција за елективни хируршки интервенции во јавните здравствени установи, со кој на јавен портал е достапна листата на закажани елективни хируршки интервенции.-     Првпат воспоставуваме ред и јасен протокол на транспарентен начин да се води електронска евиденција на закажаните интервенции. Целта е секој пациент да ја добие услугата по принцип „прв дојден, прв услужен“. Порталот овозможува пребарување и приказ на податоци преку повеќе комбинирани параметри за да биде корисен и за граѓаните и за креаторите на политики. Корисниците на јавниот портал можат да пребаруваат по: специјалност на лекар, хируршка интервенција, јавна здравствена установа, лекар специјалист, број на пациенти кои чекаат, посочува министерот Алиу.Тој наведе и дека во моментот евиденцијата за елективни хируршки интервенции се води во системот Мој термин преку издавање упат со тип „болнички упат за операција“, но утврдени се недоследности, меѓу кои дека упатите не се издаваат веднаш при утврдување на потребата за операција, туку пред самата интервенција, дел од установите и лекарите користат друг тип упат (конзервативен третман) за евиденција на пациенти на листата, а лекарите листите ги водат во хартиена форма, додека листите на чекање не се редовно прочистувани и тоа создава неточна перцепција за времето на чекање и реалните потреби.-     До јавните здравствени установи кои вршат хируршки интервенции веќе се испратени поединечни известувања со податоци од спроведената анализа. На установите поединечно им е посочено дали и колку се разликува бројот на извршени интервенции, со бројот на реализирани упати за операција во системот Мој термин. Со оваа новина ја унапредуваме транспарентноста, овозможуваме реално мерење на времето на чекање, а со тоа и подобро планирање и распределба на ресурси, како и примена на европските практики во оваа област, заклучи министерот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvbomh555dj905Ak2g3L

Алиу презентираше нови стратешки приоритети за 2024–2028

Во организација на Министерството за здравство, денеска се одржа конференција насловена „Партнерство за здравство", посветена на стратешките приоритети на здравствениот систем и идентификуваното портфолио на проекти за партнерска поддршка.На настанот присуствуваа претставници од бизнис секторот, странски компании и меѓународни организации, како и амбасадори и претставници на дипломатскиот кор.- Поддршката од општествено одговорните чинители е од големо значење за напредокот на здравствениот систем. Токму затоа сметам преку партнерски однос може да дојдеме до остварување на приоритетите во здравството. Нашата цел е првпат системски да ја канализираме поддршката и да ја насочиме онаму каде што е најпотребна, истакна министерот за здравство, Азир Алиу во обраќањето.Министерот Алиу ги презентираше стратешките приоритети во здравството за периодот 2024 - 2028, и посебно се осврна на оптимизација и функционална реорганизација на здравствениот систем, со цел регионално балансиран и еднаков пристап до здравствените услуги за сите пациенти.- Како Влада сме фокусирани на континуирана едукација и трансфер на знаење на медицинскиот персонал, со ангажирање врвни странски експерти за едукација на нашиот кадар, во насока на воведување нови дијагностички и терапевтски методи, потенцираше Алиу.Тој се осврна и на националната здравствена стратегија за млади лекари, чија цел е подобрување на условите за работа и финансиска стимулација за спречување на одливот на младите лекари.- Во следниот период активно ќе работиме и на развој и имплементација на стандардизирани болнички процедури за квалитетна и безбедна здравствена заштита, односно стандардизирани патеки за упатување на пациентите со цел намалување на неоправданите упатувања од едно на друго ниво на здравствена заштита. Исто така, еден од приоритетните проекти е и Националниот систем на парамедици, како дел од Итната медицинска помош, со што дополнително ќе го зајакнеме одговорот на здравствениот систем во итни случаи, заклучи Алиу.Тој се осврна на стручните упатства за практикување на медицина базирана на докази, унапредување на Националниот здравствен информативен систем во рамки на дигитализацијата на здравството и имплементација на меѓународни стандарди ("здравство без хартија") и национален интероперабилен слој за е-здравство.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvekom2a4nnal469ZoEN

Алиу: Министерството за здравство посветено на најсовремените пристапи во кардиоваскуларната медицина

Министерот за здравство, утрово присуствуваше на стручен симпозиум, во организација на „Клиниката Жан Митрев“, кој претставува платформа за поврзување на меѓународните препораки со реалната клиничка практика.-Особена вредност на овој симпозиум е интерактивниот формат, кој овозможува размена на искуства, унапредување на клиничкото одлучување и јакнење на соработката меѓу различни специјалности, со цел подобра, побезбедна и персонализирана грижа за пациентите. Посебно беше потенциран активниот придонес на континуираната медицинска едукација и развојот на кардиоваскуларната медицина, истакна во своето обраќање министерот за здравство, Азир Алиу.Министерот, меѓу другото потсети и на новините во предлог-законот за заштита од пушење, чија цел  е токму заштита и унапредување на здравјето на пациентите, имајќи предвид дека пушењето предизвикува кардио-васкуларни заболувања, кои се во подем, како кај нас,  така и во светски рамки.Министерството за здравство останува посветено на следење на најсовремените пристапи, во континуитет ги унапредуваме условите во јавните - здравствени установи и набавка на најсовремена опрема со цел развој на здравството во државата.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања