Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Азир Алиу

azir-aliu

Поплаки од сите страни: Граѓаните му пишуваат директно на министерот за доцнења на резултатите и пропусти во здравството

Министерството за здравство го започна спроведувањето на Националната програма за кризен менаџмент и зголемување на отпорноста на здравствениот систем, прв ваков проект во земјава кој воведува нов пристап во справувањето со ризици, воспоставување стандарди и дигитална платформа за координација во реално време. Ова го истакна министерот Азир Алиу на денешната прес-конференција.„Ова е јасен политички сигнал дека здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритети, а нашата обврска е да создадеме систем кој реагира пред да се случи криза, а не по нејзиното појавување. Со овие чекори државата се движи од реактивен кон проактивен здравствен систем, подготвен да одговори на секоја опасност. Воедно започнуваме нова фаза на инвестиции вредна 205 милиони евра за модернизација на здравствената инфраструктура во Штип, Тетово и Кичево,“ рече Алиу.Во рамките на оваа нова концепција, е воведена и алатка преку која граѓаните директно можат да пријават неправилности во здравствениот систем.„До сега пристигнаа 90 пријави, најмногу од Скопје. Најчесто се однесуваат на доцнење на резултатите од испитувања, пролонгирање на прегледи и ангажмани на доктори како во јавниот, така и во приватниот сектор. Она што е најважно е дека овие пријави не се игнорираат, туку секоја се разгледува од посебни работни групи за да се обезбеди институционален одговор. Ова е јасна порака: времето кога здравствените проблеми се заташкуваа е завршено. Граѓаните сега имаат можност да го искажат својот глас и тој глас ќе биде слушнат,“ додаде министерот.Тој посочи дека создавањето семејство треба да биде право, а не луксуз, поради што ја отстранија административната бариера и го зголемија бројот на финансирани ин витро обиди од три на шест, а постапката за одобрување е дигитализирана и скратена на две недели.„Нема повеќе чекање со месеци, нема изгубени документи, туку само нови шанси и пристапност. Исто така, го поедноставивме процесот за лекување во странство, воведовме поголема одговорност во управувањето со Фондот и започнавме усогласување на правата на странските државјани со оние на нашите граѓани,“ истакна Алиу.Тој нагласи дека се формираат кризни штабови кои ќе бидат обучени за брзо и ефикасно справување со разни предизвици.„Целта е секој член на овие работни групи да биде подготвен да дејствува веднаш во случај на криза. Развиваме протокол за интероперабилност меѓу институциите, со кој ќе се утврди кои органи треба да бидат активни при различни видови природни непогоди. Во овие групи нема да има само здравствени работници, туку и претставници од надлежните институции за управување со кризни ситуации. На пример, ако се случи земјотрес, ќе биде јасно кој како да реагира, а клиниките ќе бидат подготвени со екипи за итна интервенција,“ појасни министерот за здравство.

Македонија | пред 6 месеци

Min-za-zdravstvo

„Мој Термин“ со нова функција – системот ќе го поправаат преку вашите поплаки

Министерството за здравство најавува реорганизација на системот „Мој термин“ со цел да се обезбеди поефикасен пристап до специјалистички прегледи и да се воведе ред во упатувањето на пациентите низ различните нивоа на здравствена заштита.Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска истакна дека се подготвува нов систем базиран на јасни упатни протоколи, кој ќе биде поврзан со постојниот „Мој термин“. Преку овие промени, ќе се воспостави подобра координација меѓу примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита.– Според проценките на медицински стручњаци, околу 70 проценти од пациентите кои сега се лекуваат на терцијарно ниво, всушност припаѓаат на секундарното. Тоа значи дека ќе мора јасно да се дефинираат критериумите за упатување – рече министерот Алиу на прес-конференција во Министерството.Тој најави дека ќе се воспостават индикатори преку кои ќе се утврдува дали лекарите во примарната и терцијарната здравствена заштита навистина ги даваат услугите кои им се доверени или само ги пренасочуваат пациентите кон повисоките нивоа.Дополнително, министерот посочи дека се прави анализа која ќе обезбеди податоци за реалната состојба со кадарот и инфраструктурата во здравството, нешто што досега недостасува. Во таа насока, наскоро ќе бидат достапни и транспарентни информации за бројот и распределбата на здравствените работници.Алиу потсети и дека секој петок, од 10 до 15 часот, во Министерството за здравство се одржуваат кратки средби од по 15 минути со граѓани кои однапред ќе закажат термин онлајн. Тој информираше дека сите термини за наредните три недели, почнувајќи од 4 јули, веќе се резервирани.Во насока на зголемена отчетност, воведена е нова можност граѓаните да пријавуваат неправилности во здравствениот систем преку веб-страницата на Министерството за здравство. Пријавувањето може да биде и анонимно, но доколку сакаат, граѓаните можат да остават телефон или емаил за да бидат контактирани доколку се потребни дополнителни информации.Покрај тоа, при пријавата може да се приложат фотографии или документи кои го поткрепуваат случајот – на пример, за подолго чекање или друга нерегуларност. На крајот од секој месец, ќе се објавуваат податоци за тоа колку пријави се поднесени и во кои јавни здравствени установи.На денешниот брифинг беше најавено и дека се работи на измени во одредени закони поврзани со здравствениот систем.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања