Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Азир Алиу

media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx

Има активни пушачи и од најрана возраст, од 13-14 години: Министерот Алиу соопшти алармантни податоци

- Законите сами по себе не може да бидат квалитетни и да дадат резултати ако немате цел екосистем. Законот дефинира рамка и строги правила за подобрување на екосистемот во одреден сегмент. Од друга страна, ако немате дополнителни индикатори за мерење и следење дали законот се применува, ќе имате само закон на хартија. Затоа можеби досега постојните закони за жал не даваа резултати. Ние прво направивме длабока анализа на постојната состојба, која покажа дека кај нас околу 50% од популацијата се зависни од цигари, и тоа пушат околу 18-22 цигари на ден, што значи во државата имаме двојно повеќе пушачи во споредба со европските стандарди. И ова е алармантно, особено што има пушачи и од најрана возраст, од 13-14 години има 7.7% активни пушачи, од 15-16 години се некаде 37%, а на електронски цигари 40%, истакна министерот за здравство Азир Алиу, во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.Тој потенцираше дека законот не е против пушачите, туку идејата е законот да ги штити пушачите кои се околу 50% од населението, и да помогне тие да се откажат од пушењето.- Замислете наш граѓанин кој работи во угостителски објект каде што се пуши внатре. Тој без оглед дали сака или не, пасивно е изложен на чад од цигари осум часа на ден и на крајот од денот е пасивен пушач. Разговарав со доктори кои велат дека има многу често случаи на кардиоваскуларни заболувања кога пациентите велат дека самите не се пушачи, но дома имаат членови на семејството кои пушат во затворени простории. Тоа значи дека и пасивните пушачи се во ризик, кога активните пушачи пушат во затворени простории. Нас како држава целта ни е да ги заштитиме граѓаните, додаде министерот.

Македонија | пред 5 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-38-6720PM

Пушењето се забранува пред болници, училишта, градинки и јавни институции: Министерот Алиу со детали за законот за пушење

Законот за заштита од пушењето нема да доведе до затворање на угостителските објекти, бидејќи со него не се воведува целосна забрана за пушење цигари, туку јасно се дефинира каде тоа е дозволено, порача министерот за здравство Азир Алиу.„Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари. Тие луѓе кои пушат може да пушат во одредени простории, како што се тераси отворени од три страни. Значи кафичите и локалите можат да креираат таков тип инфраструктура, ако им е битно за бизнисот“, изјави Алиу.Тој нагласи дека од економски аспект не се очекуваат негативни последици, потсетувајќи дека државата и понатаму субвенционира тутун и има извоз на тутунски производи.„Од економска гледна точка не гледаме дека ќе има некаков тип загуби. Здравството и здравствените политики се поврзуваат со здравјето, а здравјето никогаш нема цена. Од другата страна со нездраво население вие дефинитивно одмагате на бизнисот многу повеќе отколку со вакви политики против пушење на цигари во затворени простории. Направена е и таква анализа. Луѓе кои се зависници од таков тип на производи се помалку активни во секојдневната работа во државните и во приватните институции“, истакна министерот.Алиу најави дека пушењето нема да биде дозволено во близина на јавни институции, здравствени установи, училишта, градинки и министерства, без разлика дали станува збор за Клиничкиот центар или други објекти низ државата.„Пред институции, не само во Клиничкиот центар, секаде низ целата држава, пред јавни здравствени установи, но и други јавни институции, училишта, градинки, министерства, нема да биде дозволено да се пуши“, рече тој.Во однос на угостителските објекти во рамки на Клиничкиот центар, министерот посочи дека и таму може да се најдат решенија во согласност со законот.„Клиничкиот центар дефинитивно е голем, има многу институции, но исто така знаете дека има инфраструктура внатре за пиење кафе, таму најверојатно тие бизниси ќе креираат инфраструктура и за пушење на цигари, или ќе направат тераса што ќе биде отворена од трите страни. Впрочем и на крај на денот, ние како надлежна институција, сакаме да направиме закон што ќе ги штитиме сите, ќе го штитиме населението. Верувајте дека имаме многу заболувања кои директно или индиректно се поврзуваат со пушењето“, нагласи Алиу.Тој информираше дека од утре ќе започнат состаноци со сите инспекторати, со цел тие навреме да се подготват за спроведување на законот.„Јас сум свесен дека законот има добро дефинирани постапки кај може да се пуши кај не смее да се пуши. Но, исто така ќе имаме добро дефинирани правилници што ќе бидат јавно достапни, ќе знаат сите заинтересирани страни кои треба да бидат информирани или имаат дел од бизнисот што е опфатено со овој закон, за да може да се прилагодат или инфраструктурно или внатрешни правилници ако им треба“, изјави министерот.Според него, од 1 март се очекува законот да стапи во сила и да донесе суштинска промена во јавниот простор.„Сигурен сум дека од 1 март се очекува законот да биде во сила, дека ќе имаме друг тип на инфраструктура надвор од нашиот дом, а тоа значи дека во јавен транспорт, во простории што се заеднички ќе имаме чист воздух и нема да дишеме никотин. Ве уверувам дека нема да дозволам надвор од тие европски политики да креираме некој хибриден закон, бидејќи тогаш од првиот ден законот нема да биде функционален“, додаде Алиу.

Македонија | пред 6 дена

media-librarycq2j1d6q5i5q2GykEr4

Министерот Алиу: Приоритет е децентрализација на онколошките здравствени услуги

Приоритет на Министерството за здравство е децентрализација на онколошките услуги во државата, започнавме со клиниките и здравствените институции што имаат соодветни кадри и инфраструктура, изјави министерот за здравство Азир Алиу во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.„Имаме веќе функционални одделенија во Битола и во Тетово. Во Градска општа болница „8-ми Септември“ сè е средено, значи веќе тој процес, административен за добивање лиценца е завршен и ценам дека за брзо време ќе треба и таму оперативно да имаме онколошки услуги на ниво на амбуланта, со тоа што, нормално, ќе требаат да поработат уште малку колегите од „8 Септември“ за да имаат поширока палета на онколошки услуги таму. Но, еве Тетово и Битола веќе имаат. Штип исто така ќе биде, сè уште е рана фаза таму, ќе треба да се инвестира инфраструктурно. Идејата е на онколошките пациенти да им нудиме онколошка услуга поблиску во регионот во кој живеат“, изјави министерот Алиу.Во однос на информациите во јавноста дека има недостиг на онколошка терапија, министерот Алиу посочи дека станува збор за проблем кој се јавува поради процедурите.„Терапијата недостига поради тие процеси што се строго дефинирани во законот за отворање постапка до завршување на постапката и често ни се случува да бидат неуспешно завршени, па треба од почеток да се отвори постапка за тип на лек или за некоја друга услуга. И вториот момент е поради увозниците. Често и тоа ни се случува, постапката да е завршена успешно, а тој лек моментално не е увезен во нашата земја и чекаме недела-две, бидејќи и таму има административни процедури, да можат да завршат за да може да се требува и да биде дел од здравствениот систем“, вели министерот Алиу.Со цел надминување на отсуството на терапија, министерот Азир Алиу посочи на менувањето на законската регулатива.„Менуваме 12 закони, Законот за здравствена заштита, делот што ги дефинира овие процеси, ќе има дополнителен дел што во Европа се вика „грин лајн“, ако има недостиг на нешто, има друга процедура со која ќе може пациентот да ги добие тие здравствени услуги, а институцијата ќе може по таа друга процедура да дојде до тој лек. Така што, ќе биде дефинирано и ќе се јасно дефинирани постапките во тој закон, па ценам дека тогаш ќе имаме појасна слика инфраструктура што во реално време ќе нуди услуги“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjqccs191edpbayiG09y

Министерство за здравство во соработка со Светска банка посветено на реформи на примарната здравствена заштита и унапредување на здравствените политики

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Шаошинг Ју, на која беа потенцирани приоритетите на Министерството за унапредување на јавното здравство.„Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Овие два сегментa ќе бидат надополнети и со дигитализација како фундаментален и сеопфатен процес на реформа на здравствениот систем“, рече министерот Алиу.Целта на овие реформи е да се унапредат здравствените политики, да се подобри пристапот до здравствени услуги поблиску до местото на живеење, како и да се зајакне превентивната здравствена заштита.На состанокот се разговараше околу можностите Светска банка да овозможи аналитичка, техничка и финансиска поддршка за овие процеси.

Македонија | пред 2 месеци

azir-aliu

Алиу: Ретките болести не се ретки за тие што живеат со нив - годинава обезбедени 58 лека за 430 пациенти

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ одржаа прес-конференција по повод симпозиумот во рамки на кампањата „Ти си редок херој" со заедничка цел да го унапредиме знаењето и практиката во раното препознавање и дијагностицирање на ретките болести.-Ретките болести не се ретки за тие што живеат со нив! Оваа тема е од особена важност, бидејќи матичните лекари, како прва точка на контакт со пациентот, имаат клучна улога за рано откривање и насочување на лицата со сомнеж за ретка болест. Во рамки на Програмата за ретки болести за 2025 година се обезбедени вкупно 58 лека за околу 430 пациенти, меѓу кои и три нови терапии за јувенилен ревматоиден артритис, Фридрајх атаксија и Дравет синдром. Во Регистарот на ретки болести денес се евидентирани повеќе од илјада пациенти, а Министерството останува целосно посветено на унапредување на системот за нивна дијагностика, третман и рехабилитација, истакна на прес-конференцијата министерот Алиу.Во следниот период Министерството ќе работи на неколку приоритети, меѓу кои, проценка и анализа на достапната опрема за дијагностика на ретките болести во јавните и приватните здравствени установи, ажурирање на листата на лаборатории каде се изведуваат биохемиски и генетски тестови, со посебен фокус на континуирана едукација на докторите, особено на лекарите по семејна медицина и специјалистите, за навремено препознавање, дијагностика и превенција на ретките болести, како и воспоставување јасна патека за движење на пациентите на примарно, секундарно и терциерно ниво, согласно медицина базирана на докази и европските протоколи.- До Владата веќе е доставена националната стратегија за ретки болести, која очекуваме да биде усвоена до крајот на годината. Таа стратегија ќе биде основен документ за подобрување на квалитетот на животот на лицата со ретки болести и тоа не само преку терапија, туку и преку психосоцијална поддршка, рехабилитација и инклузија. Наша заедничка заложба како систем, како професионалци и како општество е да обезбедиме навремена дијагностика, современ третман и достоинствен живот за секој пациент, истакна Алиу.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvm77dd5okg0u8uH0jX1

(Видео) Министерски автомобил во „лудо“ возење на Партизанска: Алиу ќе го казни возачот кој прекрши низа прописи

Претекнување преку две ленти со вклучени флешери, газење на линиите за застанување на пешачки премин каде поминуваа пешаци, преминување од втора лента за приклучување на друга улица пред автобус кој чека на семафор за потоа низ крстосницата да се врати на булеварот. Вака изгледаше „лудото“ возење со автомобилот сопственост на СОЗР, а во кое се превезува министерот за здравство Азир Алиу. Сето ова, се случуваше на булеварот „Партизански одреди“ кој е еден од најфреквентните.Снимката предизвика револт, особено што, возачот употребил и флеш-светилки. Дали во автомобилот, во критичниот момент бил и министерот – тој не одговори. За „Скопје1“ посочи дека возачот ќе сноси одговорност.„Започната е адмнистративна постапка за возачот и истиот исто така е казнет од страна на МВР“, вели во кусот одговор, без да одговори на нашето прашање, дали бил со него во критичниот момент.Навидум, опасносто возење, се случува токму на потегот каде досега има неколку повредени пешаци, а каде велосипедист загина – во Карпош 4 пред „Сити мол“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylc7b2cqk32pfeU8Rnhl

Алиу: Клиниката за уво, нос и грло со нова медицинска апаратура со поддршка од турската агенција ТИКА

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со заменик претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, д-р Махмут Чевик и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, денеска ја посетија Универзитетската клиника за уво, нос и грло каде со поддршка од ТИКА е обезбедена нова медицинска апаратура.Клиниката за уво, нос и грло е зајакната со нови електрохируршки инструменти, односно електрокаутери, со коишто се овозможува попрецизна, поефикасна и побезбедна дисекција на ткива и придонесува кон побрзо закрепнување кај пациентите. Ова е значајно за клиниката имајќи предвид дека тука се вршат над 2000 интервенции на годишно ниво. Нашата заложба е унапредување на квалитетот на здравствените услуги на сите нивоа на здравствена заштита, а особено на терциерното ниво каде се третираат најкомплексните случаи, рече министерот Алиу.Директорот на Универзитетската клиника за уво, нос и грло, д-р Игор Камшикоски упати благодарност до Турската агенција за соработка и координација ТИКА за значајната поддршка во насока на зајакнување на здравствениот систем.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysldi97ofvvrp3BpP55E

Костовски: Мега проект во општина Бутел, потпишан договор за нова модерна поликлиника

Во просториите на Министерството за здравство денес беше потпишан договорот за спроведување на групна набавка за изградба на нова, модерна поликлиника во општина Бутел.Договорот го потпишаа министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. По повод потпишувањето, Костовски преку објава на социјалните мрежи информираше дека ова е „историски миг за граѓаните на општина Бутел“ и дека поликлиниката ќе ги исполни највисоките стандарди за безбедност и квалитет.„Ви ветив и ќе остварам! Со овој проект нашите жители конечно ќе добијат современ здравствен центар. Благодарност до премиерот Христијан Мицкоски кој стои зад овој мега проект,“ напиша Костовски.Тој најави дека новата поликлиника ќе нуди широк спектар на здравствени услуги и ќе биде лоцирана на местото на старата амбуланта, согласно деталниот урбанистички план. Изградбата треба да започне наскоро.„Со нетрпение го очекувам денот кога ќе го поставиме камен-темелникот,“ додаде градоначалникот во објавата, оценувајќи дека проектот претставува значаен чекор за општината.

Скопје | пред 3 месеци

toksikologija

Тројца жители на Трубарево денеска се амбулантски прегледани: Во текот на ноќта извршени се 13 интервенции од Итната помош

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место.- Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици. Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб кој веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите, порача министерот Алиу.Директорот на Клиника за токсикологија, д-р Арѓенд Имери информираше дека пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба.Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но најважно е дека се наоѓа во добра состојба. Денеска во текот на денот уште тројца пациенти се амбулантски прегледани на Клиниката и пуштени дома, истакна д-р Имери.

Скопје | пред 4 месеци

Нема фотографија

Нема кој да оперира на Кардиохирургија – лекари од Словенија ќе доаѓаат во Скопје

Клиниката за кардиохирургија во Скопје е во тешка состојба поради недостиг на стручен кадар и во моментов е „многу лимитирана“ со операции, потврди министерот за здравство Азир Алиу.„Денеска имав состанок со директорот и колеги од Кардиохирургија. Недостасуваат стручни лица, не само во Кардиохирургија, туку во поголем дел клиники во Скопје,“ изјави тој, додавајќи дека Клиниката е „многу лимитирана во моментов за операции“.Алиу најави иницирање билатерален договор со Словенија, според кој нивни доктори би доаѓале во Македонија на период од три до шест месеци, додека македонски лекари би оделе таму на обука и размена на знаења.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Осум сомнителни кардиохируршки интервенции под лупа – Министерството најави вонреден надзор

Министерството за здравство денеска информира дека до Интерната комисија се доставени медицински досиеја за осум случаи поврзани со можни неправилности кај кардиохируршки и кардиолошки интервенции. Истовремено, до Лекарската комора е побаран вонреден стручен надзор.Министерот Азир Алиу нагласи дека предметите не се резултат на поединечни претставки од пациенти, туку биле доставени од една јавна здравствена установа. „Комисијата ќе почне со работа веќе утре,“ рече Алиу.Проблемот доби на тежина по јавните сомнежи што ги изнесе кардиологот Сашко Кедев – дека во одредени приватни болници се правеле непотребни интервенции, мотивирани од профит, меѓу кои и стентирања и отворања на граден кош. Тие тврдења ја натераа државата на 21 август да формира специјална комисија со експерти од Словенија, Италија и Австрија, задолжена да изврши ревизија и во јавниот и во приватниот сектор.Првично, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, минатата недела изјави дека до тогаш не се поднесени пријави од пациенти и ги охрабри граѓаните да реагираат доколку имаат сомнеж. Со денешната информација, за првпат институционално се доставуваат случаи за контрола.Според Министерството, Интерната комисија ќе работи по методологија заснована на меѓународни стандарди и медицински докази, а Лекарската комора паралелно ќе спроведе стручен надзор. Планот на државата е примерочно да се провери најмалку 10 отсто од кардиолошките интервенции извршени во последните години.Податоците од Министерството покажуваат дека во 2023 и 2024 годишно се изведувале по 5–6 илјади кардиолошки интервенции, а само во првите месеци од 2025 се регистрирани повеќе од 5.700, што ја прави ревизијата особено значајна и за јавните пари и за довербата на пациентите.На новинарско прашање околу застојот на дел од операциите, министерот Алиу одговори дека проблемот е предизвикан од недостиг на медицински кадар во клиниките во Скопје. Тој најави билатерален договор со Словенија, со кој тимови од таму ќе доаѓаат на ротации од 3 до 6 месеци, со цел паралелно да се изведуваат интервенции и да се разменуваат знаења. „Во моментов, операциите на Кардиохирургија се многу ограничени,“ додаде Алиу.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. На состанокот присуствуваа и заменик министерот, Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со посебен фокус на периодот од 2022 до 2025 година во приватните и јавните здравствени установи.„Очекувам комисијата да испорача резултати, кои се објективни и произлегуваат од максимално професионално и независно спроведен процес. Резултатите од работата ќе бидат важни од аспект на реално утврдување на состојбите и поставување цврста основа за унапредување на менаџирањето во здравството“, порача пред членовите на комисијата министерот Азир Алиу.Интерната комисија е составена од врвни екперти во областа, правници и економисти, меѓу кои д-р Васил Папестиев од Клиника за кардиохирургија, д-р Билјана Зафировска и д-р Иван Василев од Клиника за кардиологија, д-р Мишел Андонов и д-р Илир Вела од Клиника за торакална и васкуларна хирургија, д-р Ненси Лозанче од Клиничка болница Битола, д-р Валон Асани од Клиничка болница Тетово, д-р Никола Христов од Клиника „Жан Митрев“, д-р Жарко Христовски од „Аџибадем Систина“, како и претставници од ФЗОМ (д-р Ана Митевска и д-р Жаклина Крстевска), Стефанка Петковска, правник и претставници од Министерство за здравство (д-р Александар Митов, Стојанчо Стојковски и Бахар Љама).Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.Процесот ќе биде максимално транспарентен. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти, а извештајот од интерната комисија ќе биде објавен на веб страницата на Министерство за здравство, посочуваат оттаму.

Македонија | пред 4 месеци

kedev-aliu

Доктор Кедев кај министерот Алиу: раскажал сѐ за непотребните кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа средба со д-р Сашко Кедев, на која се разговараше за наводите дека во одредени приватни болници се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции врз пациенти.Алиу потсети дека Министерството ќе испрати допис до сите приватни здравствени установи со кој ќе се задолжат, почнувајќи од 15 септември, редовно да го известуваат ресорното министерство, односно Управата за електронско здравство, за сите извршени прегледи и интервенции.„Министерството за здравство е отворено за соработка со сите чинители и ги повикуваме сите засегнати страни кои располагаат со каква било информација за евентуални неправилности во системот, веднаш да се обратат до институцијата. Транспарентноста е еден од главните столбови во нашата работа и клучен предуслов за унапредување на процесите во здравствениот систем“, соопштија од Министерството.

Македонија | пред 4 месеци

screenshot_8

Конечно решение за паркингот на Клинички – „паметен“ систем и 24-часовен мониторинг

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека до утре ќе се потпише договор со „Градски паркинг“ за изградба на ново, целосно дигитализирано паркиралиште во Клиничкиот центар во Скопје.„Ова ќе биде паркинг каков што нема на државно ниво – целосно дигитализиран, ‘паметен’ паркинг којшто од моментот кога ќе влезете, па сè до излезот, автоматски, дигитално ќе ве следи и ќе комуницира со возилото. Ќе има посебни влезови, особено за одделот за кардиологија, бидејќи знаеме дека времето е клучен фактор за тие пациенти. Излезите ќе бидат исти. Капацитетот на паркирање ќе се зголеми двојно поради просторната оптимизација на паркинг-местата.“, вели Азир Алиу.Паркингот ќе има 300 места, 24-часовен надзор и посебни влезови за итни случаи.Паркирањето ќе биде поделено во четири ценовни категории – онколошките пациенти ќе паркираат бесплатно, а различни цени ќе важат за пациенти, вработени и посетители.

Скопје | пред 5 месеци

azir-aliu

Алиу призна дека не знае колку лекари има во државата, можеби има и други фантом-доктори како во Струга?

Министерот за здравство Азир Алиу денеска призна дека институциите во државата немаат точна и усогласена евиденција колку лекари има во здравствениот систем. Според него, податоците кои ги добива од различни институции се разликуваат, а тоа е, како што рече, „базичен системски проблем“.„Јас сѐ уште не знам точна бројка на доктори. И кога велам точна, мислам – бројка е бројка, не може да биде плус еден или минус еден. Ако тоа не го знаеме, тогаш не можеме да знаеме ниту дали имаме уште некој како оној случај во Струга“, рече Алиу.Изјавата доаѓа еден ден по објавата дека против 42-годишниот К. С. од Струга, вработен како лекар во Општата болница, е поднесена кривична пријава за несовесно работење во службата. Според полицијата, тој од 2019 до ноември 2024 година не се појавувал на работа, не го информирал работодавачот за прекинот на специјализацијата, и покрај тоа што му истекла лиценцата во 2020, продолжил да зема плата и додатоци, со што го оштетил буџетот на болницата за речиси два милиони денари.„Ако еден ваков случај се појави во Струга, постои основана претпоставка дека можеби има и други, во други градови. И можеби додека зборуваме, тие сè уште функционираат“, додаде министерот.Алиу откри дека уште во првите денови од преземањето на функцијата побарал од институциите конкретни и прецизни податоци за бројот и профилот на вработени во здравството. Но, како што рече, податоците што ги добива не се компатибилни, ниту пак одговараат на реалната состојба со систематизацијата и органограмите.„Испративме ново барање, овој пат без условување со систематизација – туку за реалната бројка. Се чека одговор. За жал, секое барање трае“, рече тој.Министерот додаде дека во Министерството се работи на функционална анализа која ќе даде јасна слика колку луѓе се потребни во системот, каква инфраструктура недостасува и колку време треба да траат медицинските процедури. Анализата, според него, е „една од најкрупните задачи“ и нема да се прави брзоплето, туку прецизно, по што ќе следуваат и реформите во здравствениот сектор.„Сакаме процесот да биде точен, а не само брз. Пациентите не смеат да чекаат месеци за резултати. Со оваа анализа ќе знаеме точно каде сме и што недостига“, заклучи Алиу.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања