„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Министерот Алиу: Приоритет е децентрализација на онколошките здравствени услуги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarycq2j1d6q5i5q2GykEr4

Приоритет на Министерството за здравство е децентрализација на онколошките услуги во државата, започнавме со клиниките и здравствените институции што имаат соодветни кадри и инфраструктура, изјави министерот за здравство Азир Алиу во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

— реклама —

„Имаме веќе функционални одделенија во Битола и во Тетово. Во Градска општа болница „8-ми Септември“ сè е средено, значи веќе тој процес, административен за добивање лиценца е завршен и ценам дека за брзо време ќе треба и таму оперативно да имаме онколошки услуги на ниво на амбуланта, со тоа што, нормално, ќе требаат да поработат уште малку колегите од „8 Септември“ за да имаат поширока палета на онколошки услуги таму. Но, еве Тетово и Битола веќе имаат. Штип исто така ќе биде, сè уште е рана фаза таму, ќе треба да се инвестира инфраструктурно. Идејата е на онколошките пациенти да им нудиме онколошка услуга поблиску во регионот во кој живеат“, изјави министерот Алиу.

Во однос на информациите во јавноста дека има недостиг на онколошка терапија, министерот Алиу посочи дека станува збор за проблем кој се јавува поради процедурите.

— реклама —

„Терапијата недостига поради тие процеси што се строго дефинирани во законот за отворање постапка до завршување на постапката и често ни се случува да бидат неуспешно завршени, па треба од почеток да се отвори постапка за тип на лек или за некоја друга услуга. И вториот момент е поради увозниците. Често и тоа ни се случува, постапката да е завршена успешно, а тој лек моментално не е увезен во нашата земја и чекаме недела-две, бидејќи и таму има административни процедури, да можат да завршат за да може да се требува и да биде дел од здравствениот систем“, вели министерот Алиу.

Со цел надминување на отсуството на терапија, министерот Азир Алиу посочи на менувањето на законската регулатива.

„Менуваме 12 закони, Законот за здравствена заштита, делот што ги дефинира овие процеси, ќе има дополнителен дел што во Европа се вика „грин лајн“, ако има недостиг на нешто, има друга процедура со која ќе може пациентот да ги добие тие здравствени услуги, а институцијата ќе може по таа друга процедура да дојде до тој лек. Така што, ќе биде дефинирано и ќе се јасно дефинирани постапките во тој закон, па ценам дека тогаш ќе имаме појасна слика инфраструктура што во реално време ќе нуди услуги“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Пропадна обидот со 350.000 евра да добијат слобода, онкологот Васев и директорот остануваат во притвор

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Докторот Нино Васев ја оспорува стручноста и документацијата на словенечката вештачка, таа пак не ја оправдуав терапијата која е давана

Македонија | пред 2 седмици

nino-vasev

Осум часа испрашување на вештакот за „Онкологија“ – судир околу терапијата на пациентите со карцином на јајници

Македонија | пред 2 седмици

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ: Стручното мислење на експерт од Словенија не може да биде доказ во постапкатаза случајот Онкологија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања