Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

БИХ

Нема фотографија

Трагедија во БиХ: Полицијата пронашла четири безживотни тела во камион

Во градот Липничко брдо, лоциран меѓу Какањ и Вареш во Федерацијата Босна и Херцеговина, полицијата пронашла товарно моторно возило во кое имало четири безживотни тела.Полицијата соопшти дека во 11.45 часот во Полициската станица Какањ било пријавено од мештани.После тоа, полициски службеници излегле на местото на настанот и ги потврдиле наводите во пријавата.Според првите, неофицијални информации, се работи за сообраќајна несреќа.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Несреќа во Босна и Херцеговина: Се урна воен хеликоптер

На подрачјето на Бутуровиќ Поље денеска се случи несреќа во која се урнал хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина, потврдија од МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон, за Аваз.Според зборовите на Људевит Мариќ, портпаролот на МУП на ХНК, хеликоптерот паднал во Јабланичкото езеро, но сите четворица членови на екипажот биле спасени.„Еден член на екипажот е повреден според првичните информации и е испратен во најблиската болница“, додаде Мариќ.Повеќе информации ќе бидат познати подоцна.

Свет | пред 1 година

pukanje-bosna2

Општина Сански Мост прогласи тридневна жалост: Состојбата на убиецот е стабилна

Локалните власти на општина Сански Мост донесоа одлука да прогласат тридневна жалост по свирепото убиство на тројца вработени во Мешовитата гимназија на ова место.„На седницата на колегиумот на Советот на општина Сански Мост денеска беше донесена одлука да се прогласи тридневна жалост поради трагичниот настан што се случи вчера во Гимназијата Сански. Исто така, одлучено е утре во 11 часот да се одржи комеморативна седница во спомен на Нијаз Халиловиќ, Нисвета Кљуниќ и Гордана Миџан во просторот на киносалата“, соопштија од општина Сански Мост.Сараево N1 телевизија дознава дека прогласувањето на жалост се разгледува и на ниво на БиХ, за што треба да одлучува Советот на министри на БиХ.Осомничен за тројното убиство во училиштето во Сански Мост е Мехемед Вукалиќ, кој по делото се обидел да се самоубие. Тој е префрлен во Универзитетската болница на Република Српска, каде му е извршена операција и неговата здравствена состојба денеска е стабилна.

Свет | пред 1 година

pukanje-bosna

Се огласи братот на чуварот кој уби три лица во училиштето во Сански Мост: Никому ништо лошо не направил до сега

Братот на чуварот кој вчера изврши тројно убиство во училиштето во Сански Мост изјави дека не знае што точно се случило и дека е во голем шок.Домарот Мехемед Вукалиќ вчера наутро со пиштол дошол во училиштето и ги убил директорот на Гимназијата Нијаз Халиловиќ, секретарката Нисвета Кљуниќ и професорката по англиски јазик Гордана Миџан.Ова е невидена трагедија за Сански Мост.„Да, точно е дека се работи за мојот брат. Не знам ништо за тоа. Појадував на балконот и го слушнав истото што го слушнавте. Јас сум згрозен. Во последно време не се дружиме, не знам што се случи со него. Не знам што се случило на училиште, прашајте ги нив или некој што работел со него. Нормално беше еден од подобрите, беше верник, никому ништо лошо не направил до сега. Не знам што да кажам. Јас сум во голем шок. Знам дека беше уреден, но не знам што се случи“, изјави за 24сата братот на чуварот кој го изврши тројното убиство.По делото што го извршил, Вукалиќ си пукал и во градниот кош, по што итно бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска во Бања Лука, каде што бил примен во свесна состојба.

Свет | пред 1 година

pukanje-bosna1

Сторителот на убиството во гимназијата во Босна и Херцеговина бил помошен работник во училиштето, мотивот бил несогласувања со убиените

Во вооружен напад во Мешовитата гимназија во Сански Мост загинаа три лица.Според информациите убиени се директорот на оваа образовна институција Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ.Мотивот наводно се одредени несогласувања кои постоеле и претходно бидејќи убиените биле дел од комисијата која го суспендирала М.В., пишува Независне.Сторителот на убиството е помошен работник во училиштето, односно чувар. Откако го извршил убиството се обидел да се самоубие. Во таа прилика си нанел тешки телесни повреди и бил пренесен во Универзитетско-клиничкиот центар на Република Српска во Бања Лука.Според последните информации, здравствената состојба на сторителот на убиството е стабилна.Освен четворицата, не би требало да има други повреди.

Свет | пред 1 година

pukanje-bosna2

Позната состојбата на убиецот кој утрово пукаше во гимназија во Босна и Херцеговина: Има прострелна рана во градниот кош, планирана е операција

Страшното тројно убиство кое утрово се случи во гимназијата во Сански Мост ја шокираше цела Босна и Херцеговина и регионот, а полицијата ги истражува сите околности кои довеле до ова злосторство.Лицето што пукаше и кое по пукањето, при што беа убиени три лица, е пренесено во болница во има прострелна рана во градниот кош и се планира операција, рекоа на Срна во оваа здравствена установа.Според информации на Сански Мост, убиецот е чувар во училиштето М.В, а според првите информации од истрагата, убиецот имал одредени нерасчистени работни и правни односи со институцијата каде што работел, а наводно претходно разговарал со управата на училиштето за неговиот работен статус, односно дисциплинска постапка која според првите сознанија била спроведена против него.Полицијата ќе ги соопшти целосните мотиви на ова страшно злосторство по завршување на истрагата.Ги убил директорот на Гимназијата во Средниот училишен центар Н.Х., професорката по англиски јазик Г.М. и секретарот на училиштето Н.К.На местото на злосторството во моментов се наоѓаат голем број полициски службеници каде се спроведува истрагата.Убиецот се обидел да се самоубие и бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука, а според медиумите неговиот живот не е во животна опасност.

Свет | пред 1 година

pukanje-bosna

Вработен во гимназијата во Сански Мост пукал со автомаска пушка: Убиени се директорот, секретарката и една професорка

Три лица загинаа, а едно е тешко повредено во престрелката што утрово се случи во Гимназијата во Сански Мост.„Пукањето се случило во 10:15 часот. Мажот Н.Н. со автоматско огнено оружје уби тројца вработени во училиштето. После тоа најверојатно се обидел да се пресуди и се здобил со тешки повреди, полицијата е на терен“, изјави портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон.Вработениот влегол во гимназијата вооружен со автоматска пушка и почнал на пука.Вооружен вработен го убил директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ.Телата на убиените се пренесени во Здравствениот дом Сански Мост, полицијата е на местото на злосторството. Убиецот неофицијално е вработен во училиштето М.В.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-08-21-at-11.37.23

Пукање во гимназија во Босна и Херцеговина: Има мртви и ранети

Три лица загинаа, а едно е тешко повредено во престрелката што утрово се случи во Гимназијата во Сански Мост.Оваа информација за „Ослобоѓење“ ја потврди Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП на УСК.„Засега можам да потврдам дека во Гимназијата било употребено огнено оружје, три лица загинале, а едно е тешко повредено. Сите други детали ќе бидат познати по истрагата“, изјави Бегановиќ.Според првите информации, помошник во тоа училиште, наводно влегол со оружје и отворил оган врз професорите кои во тој момент имале состанок.Како што пишува Аваз.ба, осомничениот за криминал се обидел да си пресуди по делото.„Пукањето се случило во 10:15 часот. Мажот Н.Н. со автоматско огнено оружје уби тројца вработени во училиштето. После тоа најверојатно се обидел да се пресуди и се здобил со тешки повреди. полицијата е на терен“, изјави портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон.

Свет | пред 1 година

drina

Извлечено тело на давеник од Дрина: Продолжува потрагата по уште едно исчезнато лице

Тело на мажот беше извлечено од Дрина денеска околу десет и пол часот наутро, по опсежната потрага по двајцата мажи, која беше започната вчера попладне.Во полициската станица Козлук вчера околу 17 часот и 35 минути било пријавено дека две лица упаднале во Дрина, кај селото Козлук и дека се водат за исчезнати лица.Полицијата постапила по пријавата на службениците на полициската управа Зворник кои ја вршеле истрагата Припадници на нуркачкиот тим на Специјалната антитерористичка единица на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, кои трагале по исчезнатите лица. Полициските службеници на оваа Управа, денеска околу 09:25 часот пронашле безживотно тело, додека по второто лице интензивно се трага, јавува Телеграф.рс.Во потрагата учествуваат надлежни припадници на Службата за цивилна заштита на Република Српска, професионалната противпожарна единица и граничната полиција на БиХ. За се е известен дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Бијелина.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Падна снег во Хрватска и Босна и Херцеговина

Во поголемиот дел од регионот пристигна многу очекуваната промена на времето, а снег падна во делови од Хрватска и Босна и Херцеговина.Во текот на ноќта во Загреб падна снег, што доведе до создавање на тенок слој снежна покривка на теренот и возилата. Во Сљемен снежната покривка достигна 25 сантиметри, а најавена е лапавица и во пониските предели, пренесува Index.hr.Во Бања Лука утрово паѓа снег. Со оглед на тоа што вчера температурата беше повисока од 20 степени, многу жители не ни помислуваа дека денеска може да падне снег, пишува Независне новине.

Свет | пред 1 година

20230722210709

(ВИДЕО) Човек скокна од Стариот мост во Мостар, а долу имаше чамец

За влакно е избегната трагедија при скок од Стариот мост во Мостар.Кога мостарскиот скокач скокна во Неретва пред насобраната публика, под Стариот мост се појави чамец. Луѓето викаа „брод, чамец“, но веќе беше доцна, затоа што скокачот веќе беше во воздух. Скокачот и чамецот се разминаа за само неколку сантиметри и е избегната трагедија.Лани американски турист скокна од мостот висок 25 метри, по што луѓето го спасија да не се удави.https://twitter.com/hercegovinainfo/status/1682708739667755017?s=20

Магазин | пред 2 години

441e54c6-40d8-49bb-8fe9-fff30d1826cb

Босна и Херцеговина за неколку месеци ќе го испрати првиот сателит во вселената

Босна и Херцеговина до крајот на првата половина од годинава треба да го лансира својот прв сателит во орбитата.Станува збор за сателит кој е подарок од Индиската вселенска агенција за Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа (SESA), која освен БиХ ги вклучува и Србија, Црна Гора, Македонија и Хрватска.„Тие ни го дадоа тој сателит по повод 75-годишнината од независноста на Индија. Тогаш планираат да лансираат 75 сателити, поточно три ракети со по 25 сателити, меѓу кои ќе биде и нашиот“, вели Анес Хаџиомеровиќ од Центарот за едукација, роботика, иновации и технологија (ЦЕРИТ) во Мостар.Ракетата што ќе го носи првиот сателит во вселената од ова подрачје требаше да биде лансирана на крајот на минатата година, но поради одредени проблеми беше одложено.„Сега со нетрпение го чекаме ова. Еден колега од Нови Сад беше на состанок со колеги од Индија, а за еден месец повторно треба да одат во Индија. Тогаш ќе ги дознаеме завршните детали“, изјави Хаџиомеровиќ во интервју за „Независне“.На овој начин регионот на Западен Балкан ќе влезе во мапата на развој на светската вселенска програма, но сепак, како што истакнува Хаџиомеровиќ, овој регион е далеку од најбогатите земји во светот, првенствено по прашањето за парите кои се вложуваат во развојот на технологии неопходни за освојување и искористување на вселената.„Вселенската програма не е само одење на луѓето во вселената. Има многу други работи. Тоа е корисно за економијата, нови работни места, просперитет“, вели Хаџиомеровиќ, додавајќи дека една од клучните придобивки е работата на едукација на кадрите пред се децата и младите, кои покажаа голем интерес за проекти од оваа област.Значајно е да се каже дека ЦЕРИТ ќе претседава со оваа организација во следните четири години, бидејќи Управниот одбор на Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа одреди дека седиштето ќе биде во Босна и Херцеговина.

Магазин | пред 2 години

bosna-i-herzegovina

Босна и Херцеговина на листата на земји со висок ризик за патување

Државниот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во САД ја стави Босна и Херцеговина на листата на земји со висок ризик за патување поради наглото зголемување на бројот на новозаразени со корона вирусот.Босна и Херцеговина се најде на листата на три земји со висок ризик за патување, со препорака до сите, особено до невакцинираните, да го одложат патувањето во Босна и Херцеговина.Акцент е ставен и на вакцинираните, за кои, се наведува, постои можност за зараза.Како што пренесува сараевскиот портал Кликс, ЦДЦ изнесе и низа препораки за сите кои и покрај предупредувањата планираат да дојдат во Босна и Херцеговина.

Магазин | пред 3 години

CFCA01ED-2D6D-48B5-991D-D7363FAC1293_v0_l

Нехамер: „Босна може да стане кандидат оваа година“

Босна и Херцеговина оваа година и официјално би можела да добие статус на кандидат за членство во ЕУ, истакна австрискиот канцелар Карл Нехамер.По Европскиот совет, Нехамер рече дека има промена на парадигмата. Според него, БиХ успеала повторно да се најде во фокусот, иако Украина и војната таму се доминантна тема.Тој потсети дека БиХ мора да спроведе 14 реформски точки, бидејќи досега направила премалку.Доколку БиХ сега ја спроведе реформата на изборниот закон и Уставот, тогаш земјата има јасна можност да добие статус на кандидат, а штом ги исполни сите 14 претходно поднесени барања, тогаш можно е да ги започне пристапните преговори, убеден е Нехамер.Тој пренесе дека од Самитот е испратена порака до Европската комисија да се забрза процесот за кандидатите.„Тоа ќе донесе резултати оваа година“, рече тој.

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања