Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

БИХ

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

(Фото) „Ела издржи“: Осамна транспарент за поддршка на девојчето на кое му беше ампутирана ногата по несреќата во Сараево

Цело Сараево е во шок по трагичната смрт на 23-годишниот млад човек, младиот уметник Ердоан Моранкиќ, кој загина во четвртокот во трамвајска несреќа во Сараево. Во истата несреќа тешко е повредена и 17-годишната Ела Ј., на која лекарите морале да ѝ ја ампутираат ногата.Според последните информации, Ела и натаму е во тешка состојба, на одделението за интензивна нега.Целиот регион се надева дека Ела ќе успее да излезе како победник од оваа тешка битка, а особено жителите на Сараево кои отворено ѝ дадоа поддршка. Во текот на ноќта осамна транспарент: „Борба за правда, Ела издржи“.Да потсетиме, во несреќата се повредени уште три лица, кои се во стабилна состојба и се пуштени на домашно лекување.Несреќата се случила во четврток, на 12 февруари, околу пладне, кога трамвај, од правец на Железничката станица, со голема брзина влегол во раскрсницата кај Техничкото училиште, излетал од шините и на трамвајската станица повредил четири, а усмртил едно лице.

Свет | пред 6 дена

media-libraryqrjb6mrueq09647Jk2N

(Видео) Трагедија во Сараево: Трамвај излета од шини, една жена загина

Една личност загина, а повеќе се повредени денеска во Сараево кога градскиот трамвај излетал од шините и завршил на една од најфреквентните улици во близина на Земјишниот музеј на БиХ и Амбасадата на САД.„Една личност смртно настрадала. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Јавниот обвинител е известен, а полициските службеници се на терен“, соопштија од жупаниската МУП.Според достапните информации, трамвајот излетал од шините околу пладне, пробивајќи ја заштитната ограда и лизгајќи околу десетина метри по коловозот. Целиот преден дел од трамвајот е уништен.Во оваа несреќа загинала жена која била стисната од трамвајот при излетувањето, а за да дојдат до нејзиното тело, пожарникарите морале да ја сечат оштетената конструкција на возилото.Станува збор за еден од старите трамваи чешко производство, кои постепено се повлекуваат од употреба откако минатата година започна нивна замена со нови возила, чиј производител е швајцарскиот Stadler. Досега жупаниската влада набавила 25 нови трамваи, но некои од старите, купени пред повеќе од 40 години, сè уште се во употреба.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg7lk4c4165ih1R47BvW

Масовно труење со олово меѓу жителите на Вареш во БиХ

Во општина Вареш во Босна и Херцеговина продолжува сериозна здравствена криза предизвикана од масовно труење на населението со олово. Најновите резултати од тестирања на повеќе од 100 жители потврдија дека труењето со тешки метали е значително пошироко отколку што првично се претпоставуваше, пишува N1 BiH.Присуството на олово во крвта овој пат е утврдено не само кај жителите кои живеат во близина на депонијата на рудникот на компанијата DPM Метали, во населбите Пржиќи и Даштaнско, туку и кај граѓаните од самиот центар на Вареш. Претходните испитувања од декември минатата година покажаа присуство на олово во крвта кај сите 44 тестирани лица од различни возрасти.Во меѓувреме, во приватен аранжман беа тестирани уште девет лица, а наодите само ги потврдија алармантните показатели. Особено загрижувачко е што олово е пронајдено и кај пет деца помлади од шест години.Последните тестирања покажуваат дека кај некои лица се забележани исклучително високи концентрации на олово во крвта, во некои случаи и десет пати, па дури и сто пати поголеми од референтните вредности.„Присуството на олово во крвта претставува исклучително сложен здравствен проблем, бидејќи во човечкиот организам не постои физиолошка потреба за олово. Современата медицина застапува став дека не постои ‘безбедна’ доза олово во организмот“, истакнуваат експертите од Институтот за здравје и безбедност на храна Зеница.Во интервју за локална радио станица, вршителот на должноста градоначалник на општина Вареш, Малик Ризвановиќ, изјави дека, доколку го добие мандатот, здравјето на граѓаните ќе биде негов приоритет. Сепак, информацијата дека непосредно пред објавувањето на новите резултати за труењето, компанијата ДПМ Метали испратила до Владата на Зеничко-добојскиот кантон барање за зголемување на надоместокот за концесија предизвикува загриженост.„Официјално е дека во петокот ДПМ Метали поднесе иницијатива за зголемување на концесискиот надомест до Министерството за економија на Зеничко-добојскиот кантон. Во наредните месеци ќе има зголемување на концесијата. Она што успеав да го договорам со компанијата е дека, кога ќе се потпише концесијата, таа ќе се плаќа ретроактивно од 1 јануари 2026 година“, рече Ризвановиќ.Фактот дека самата рударска компанија бара од властите да ја зголемат концесијата што треба да ја плати изгледа неверојатно и покренува сериозни прашања за тоа кој управува со природните ресурси во Зеничко-добојскиот кантон.„Ако компанијата се обидува да купи социјален мир со овој потег, јасно велиме дека здравјето на граѓаните нема цена и дека е крајно несоодветно да се зборува за концесиски надоместоци во време кога животите на луѓето во Вареш се сериозно загрозени“, истакнуваат жителите на Пржиќ и Даштански.Властите на Зеничко-добојскиот кантон и Федерацијата БиХ сè уште немаат јасен одговор за ситуацијата во Вареш. Иако условите се исполнети, сè уште не е прогласена вонредна состојба. Исто така, не е познато дали Обвинителството на Зеничко-добојскиот кантон започнало истрага за труењето.И покрај противењето на локалните заедници и граѓанското општество, надлежните кантонални власти продолжуваат да поддржуваат нови, потенцијално опасни рударски проекти во Вареш, вклучувајќи го и планираното рударство на хром во сливот на реката Криваја.

Свет | пред 1 седмица

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Пети ден блокади на граничните премини: Превозниците од Србија и БиХ не отстапуваат

Протестите на превозниците на товарни возила и блокадите на граничните премини во Србија и БиХ влегуваат во петти ден. Теретните терминали се блокирани на 22 излези и 19 влезови, поради процедурите за влез во Шенген зоната.Превозниците од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат со блокадите, соопшти босанско-херцеговачкиот Конзорциум „Логистика“ по состанок во Белград.Претходно, превозниците од Македонија и Црна Гора го прекинаа протестот откако Европската комисија ја претстави новата визна стратегија, која содржи предлог за решавање на проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната.Извршната потпретседателка на ЕК, Хена Виркунен, наведува дека возачите на камиони ќе имаат посебен лимит на престој во Шенген.

Свет | пред 2 седмици

media-librarygll4uri96chk0icsHX5

Хрватска одлучи радиоактивниот отпад од „Кршко“ да го складира крај границата со БиХ: Сараево најавува тужба

Хрватска, по четири децении барање локација, донесе одлука својот дел од радиоактивниот отпад од нуклеарната електрана „Кршко“ да го складира на Трговска Гора, во непосредна близина на границата со Босна и Херцеговина. Станува збор за околу 1.200 кубни метри отпад што Хрватска треба да го преземе до 2028 година.Законот за складирање радиоактивен отпад е усвоен по итна постапка, иако Студијата за влијание врз животната средина сè уште не е завршена.Одлуката на Загреб предизвика обединет отпор во Република Српска и Федерацијата БиХ. Претставници на институциите, граѓани и еколошки организации оценуваат дека локацијата е неприфатлива и спротивна на европските конвенции.Координаторот на експертскиот и правниот тим за случајот Трговска Гора, Борислав Боиќ, изјави дека Босна и Херцеговина ќе покрене меѓународен спор доколку Хрватска продолжи со реализацијата на проектот.Еколошките организации укажуваат дека Босна и Херцеговина немала никаква корист од работата на нуклеарната електрана „Кршко“, а сега се соочува со потенцијални последици. Според нив, радиоактивниот и институционалниот отпад се лоцира на простор кој е директно поврзан со територијата на БиХ.Во општината Двор, каде што касарната Черкезовац е планирана како локација за складиште, живеат помалку од три илјади жители, од кои околу 70 проценти се Срби. Мештаните велат дека нивниот глас не бил земен предвид, а одлуката ја оценуваат како политичка.Локацијата Черкезовац е оддалечена воздушно околу два километри од Нови Град и Националниот парк Уна, што предизвикува загриженост за животната средина и туризмот. Локалните власти сметаат дека сè уште има простор проектот да не се реализира еднострано.Босна и Херцеговина ангажирала правен тим од Франција и случајот го подигнала на меѓународно ниво. Во мај, во Женева, пред Секретаријатот на ЕСПОО конвенцијата ќе се соочат аргументите на Хрватска и БиХ за и против изградбата на складиштето за радиоактивен отпад.

Свет | пред 2 седмици

poplavi-bih

Обилни дождови и снег во БИХ, опасност од поплави и сообраќаен хаос

Федералната управа за цивилна заштита на БИХ, излезе со предупредување за опасност од последици предизвикани од најавените силни дождови во наредните четири дена.Според метеоролошките прогнози, на југот на БиХ се очекуваат обилни врнежи од дожд, локално и над 200 литри на метар квадратен, со реален ризик од поплави, свлечишта и излевање на водотеците.Во останатите делови од БиХ се очекуваат интензивни снежни врнежи, кои можат да предизвикаат сообраќаен хаос, прекини во снабдувањето со електрична енергија, отежнат пристап до населени места, како и загрозување на животот и здравјето на населението.

Свет | пред 1 месец

media-libraryuicum1n8t5un28qk58O

(Видео) Делови од Хрватска, Словенија и БиХ под снежна покривка

Снежна покривка го означи доаѓањето на зимата во регионот.Снег паѓаше во Хрватска, БИХ и Словенија.Во Хрватска, првиот снег за оваа сезона падна во Лика, Горски Котар и Сљеме.Хрватскиот автоклуб објави дека патиштата што минуваат низ планинските подрачја се под снег и ги повика возачите да бидат повнимателни и да го прилагодат возењето на условите на патот.Во БиХ снег паѓа во Бјелашница, Јахорина и Влашиќ.Снег има и во делови од Словенија.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryq7fp4lqkaanl3DZpWbW

(Видео) „Ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот“ - Во БиХ прекината седницата за буџетот

Пратениците во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ расправаат за буџетот, но седницата беше прекината откако реагираше пратеникот од Демократскиот фронт (ДФ), Златан Бегиќ.Имено додека тој ја критикуваше работата на владата, пратеничката од СНСД, Сања Вулиќ, му се приближи на министерот за финансии Срѓан Амиџиќ, го прегрна и предизвика жестоки реакции во салата со своите гестови.-Ова навистина никаква смисла, ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот за финасии додека ние разговараме за буџетот.

Свет | пред 3 месеци

f_37075795_1280

(Вознемирувачко видео) Странски турист во Мостар скокна од Стариот мост и падна неколку метри од чамец – луѓето го претепаа

Странски турист беше физички нападнат во Мостар откако самостојно скокна од Стариот мост во реката Неретва. Според локалните медиуми, група Мостарци му забележале дека скокот бил „нестручен“, што, според нив, претставувало опасност и непочитување на локалната традиција.Како што пренесува Avaz, туристот паднал само неколку метри од гумен чамец во кој се наоѓале луѓе. По излегувањето од водата, неколку луѓе скокнале по него и почнале физички да го напаѓаат. Ситуацијата ескалирала и на брегот, каде што, покрај навредите и пцовките, дошло до отворен конфликт, пренесува Слободна Далмација. Скокот е снимен со мобилен телефон, а видеото прво беше објавено од порталот Crna-Hronika, по што брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции.Скокањето од Стариот мост е една од најпрепознатливите традиции во Босна и Херцеговина и претставува симбол на градот Мостар. Секоја година, обично кон крајот на јули, се одржува официјално натпреварување кое собира професионални скокачи, локални ентузијасти и илјадници гледачи од целиот свет.Поради големата височина на мостот и студената вода на Неретва, скоковите се исклучително ризични. Организаторите често нагласуваат дека вакви подвизи бараат долгогодишна подготовка и се препорачуваат само под стручна контрола.

Македонија | пред 7 месеци

dodik

Обвинителството на БиХ нареди приведување на Додик

Обвинителството на БиХ издаде налог со кој се наредува приведување на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, потоа премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ, заради сослушување.Додик, Вишковиќ и Стевандиќ треба да бидат приведени од правосудната полиција.Обвинителството ги товари за сторено кривично дело нарушување на уставниот поредок.Бидејќи тројцатс не одговориле на претходната покана за распит, ако не бидат приведени, ќе биде издадена внатрешна потерница според која секоја полициска агенција во БиХ може да ги приведе, вклучително и Граничната полиција.Додик беше осуден во прв степен пред Судот на БиХ на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на високиот претставник, властите на ентитетот усвоија низа неуставни закони.Упорноста на неуставните одлуки во РС е напад врз уставниот и правниот поредок на БиХ.На 27 февруари Националното собрание на РС усвои, а на 5 март Додик го потпиша указот за прогласување на законот, кој се однесува на забраната на активностите на судските и истражните институции на Босна и Херцеговина на територијата на РС.Додик рече дека законите ќе се спроведуваат.Последните закони наидоа на целосна осуда ширум светот, од американскиот државен секретар Марко Рубио, до генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Македонија | пред 11 месец

bosna-1

Страшно злосторство во Босна и Херцеговина: По неколкудневна забава, млад човек убил врсник и пробал да му го распарчи телото, пишуваат медиумите

Тешко убиство извршил во неделата млад човек во градот Високо кај Сараево, кој потоа се обидел да ја распарчи својата жртва и на тој начин да ги прикрие трагите на злосторството, објавија во понеделник локалната полиција и медиумите.Младиот човек идентификуван од медиумите како Дино Бахтовиќ (24) е уапсен откако полицијата добила информација дека е извршено убиство во стан во населбата Високо, Лука.-Полициски службеници го лишиле од слобода лицето Д.Б., роден 2001 година од Високо, поради сомнение дека сторил кривично дело убиство, изјави портпаролот на полицијата Самир Валентиќ, додавајќи дека се прибираат потребните докази.Осомничениот, како што појаснија истражните органи, по кривична постапка ќе биде предаден на Зеничко-добојското обвинителство, кое ќе ја продолжи истрагата.Според достапните информации, убиецот и жртвата се познавале, а убиството е извршено по неколкудневна „журка“ во која учествувале и двајцата. Порталот „Дневни аваз“ како можна причина за конфликтот кој заврши со брутално убиство ја наведува кавгата за девојка.Убиецот, наводно, се обидел да го распарчи телото на жртвата по злосторството, а деловите од телото планирал да ги отстрани така што ги спакувал во куфер за потоа да ги фрла.Тој беше повреден во процесот и мораше да добие лекарска помош по неговото апсење.

Свет | пред 11 месец

82946d10-106a-4c79-b07e-0db0d396f511

Маж во Босна и Херцеговина ги уби сопругата и синот (13), сега е во бегство

Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Klix.ba Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.Безживотните тела се пронајдени во станбено-деловен објект, а како што неофицијално дознава порталот, мажот и жртвата формално се разведени, но живееле заедно.„Повеќе детали ќе се знаат подоцна“, изјави Арнаутовиќ.Според Klix.ba, убиена е Инела Селимовиќ, која на последните локални избори беше кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.Организацијата „Глас на жените“ излезе со соопштение за убиството:„Додека чекаме Федералното Министерство за правда конечно да го достави ревидираниот нацрт на измените на Кривичниот законик со кои би се регулирало фемицидот како посебно дело, сведоци сме на чести родови убиства на жени.Ја повикуваме владата на Федерацијата што поскоро да го достави текстот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Уште едно во низата ужасни убиства врз основа на пол“, велат тие.

Свет | пред 1 година

bosna-1

Министерот за безбедност на БиХ оди во притвор

Судот на Босна и Херцеговина му одреди притвор до еден месец на министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, во случајот „Тунел 2“, во кој тој е означен како првоосомничен. Приведени се и Милан Дакиќ, директор на Патишта на Република Српска и Младен Лучиќ, директор на компанијата „Легенда“.Судот го прифати предлогот на Обвинителството на Босна и Херцеговина и донесе решение со кое на осомничениот му е одредена мерка притвор, кој според оваа одлука може да трае најмногу еден месец, сметајќи од денот на лишувањето од слобода, т.е. до 26 јануари или до нова судска одлука, јавува РТРС.Како што беше соопштено, притворот е одреден поради страв дека Нешиќ, Лучиќ и Дакиќ ќе уништат, скријат, менуваат или фалсификуваат докази и траги важни за кривичната постапка, ќе влијаат на сведоци и соучесници.Во судското соопштение се наведува дека се товарат за злоупотреба на службената положба или овластување и примање поткуп.Обвинителката Бојана Јоловиќ на рочиштето во саботата укажа на изјавата на директорот на Романски патишта, Мирко Пандуревиќ, кој рече дека се согласил на Нешиќ на негово барање да му исплати околу 250.000 КМ годишно во периодот од 2016 до 2020 година.Одбраната на Нешиќ, Лучиќ и Дакиќ истакна дека кривичните дела што им се ставаат на товар се во надлежност на правосудните институции на Република Српска.Нешиќ во саботата беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево по рочиштето одржано во Судот на Босна и Херцеговина.Датумот на рочиштето е поместен за сабота наутро бидејќи на Нешиќ ненадејно му се слошило, а со негова согласност било одржано малку подоцна, но по рочиштето бил префрлен во Клиничкиот центар, јавуваат медиумите во БиХ.

Свет | пред 1 година

bosna

САД предупредуваат: „Русите и се закануваат на Босна и Херцеговина“

Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина во четвртокот уште еднаш го повика парламентот на Федерацијата БиХ што поскоро да го донесе законот за јужна интерконекција, односно поврзување на гасоводните мрежи на БиХ и Хрватска, предупредувајќи дека секој инхибицијата на тој проект автоматски значи дејствување во корист на Русија.Само еден ден откако американскиот амбасадор Мајкл Марфи и американскиот заменик-помошник државен секретар Александар Касаноф ги поканија на состанок претседателите на клубовите на партиите застапени во парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина за да побараат од нив да го стават законот за југот. Интерконекцијата на дневен ред до крајот на декември, повторно се огласија од Амбасадата на САД, истовремено реагирајќи на заканувачкото соопштение на руската амбасада, но и критикувајќи го „поединецот“ за кој рекоа дека го кочи целиот проект.Руската амбасада во соопштение за медиумите оцени дека САД, инсистирајќи на јужната интерконекција, се однесуваат на ист начин како што се однесуваат кон Украина во однос на БиХ.„Очигледно е до што ова ја доведе Украина. Сетете се на овој ден кога беа отстранети сите маски на „демократска“ пристојност, кога суверенитетот на Босна и Херцеговина беше демонстративно згазен од грубата чизма на „докажан пријател“. Но, вистинското значење на „сликата“ е дека Американците поставија бомба под интегритетот на Босна и Херцеговина“, се вели во руското соопштение.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-11-22-102732

Земјотресот со јачина од 3,5 степени во Босна и Херцеговина беше почувствуван и на југот на Хрватска

Утрово околу 9:20 часот земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина, соопшти EMSC.Епицентарот бил на 11 километри од Јабланица и на околу 30 километри од Мостар.Земјотресот е почувствуван и на југот на Хрватска.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања