(Видео) Пронајдени уште две тела, бројот на загинати расте: Состојбата е катастрофална во БиХ
Според официјалните податоци на босанското МВР на Херцеговско-неретванскиот кантон, бројот на загинати во подрачјето погодено од поплавите се зголеми на 15.Пребарувајќи ги терените на Коњиќ и Јабланица, спасувачите пронашле уште две безживотни тела, едното во Бутуровиќ Поље, другото во областа Доња Јабланица, соопшти владата.Последните информации говореа дека бројот на жртви во оваа област е 13, но дека неколку лица се водат како исчезнати.Вкупниот број на жртви во поплавите во Босна и Херцеговина се искачи на 18, бидејќи три лица беа пронајдени мртви во областа Фојница.Нови врнежи се најавени во Босна и ХерцеговинаВо Босна и Херцеговина ќе преовладува претежно облачно време со постепено намалување на облачноста попладне. Во утринските и во претпладневните часови се очекуваат врнежи од дожд или локални врнежи во поголем дел од Босна и на некои места на северот од Херцеговина. Во попладневните часови можна е локална појава на врнежи од дожд на истокот и југоисточниот дел на Босна и на северот и југоисточниот дел на Херцеговина.
Свет | пред 1 година