БОКИ 13

Screenshot-2022-03-19-at-12.55.32

Боки 13 со емотивна исповест: Остана единствен пријател за разлика од тие кои биле до мене да се офајдат

„Те сакам до небото и назад“, со овие зборови Бојан Јовановски-Боки 13 изрази сочувство до семејството на текстописецот Марина Туцаковиќ, на која и се одбележуваат шест месеци од смртта. Ја опишува како единствена која безрезервно го поддржувала. Посочи и нивни интимни моменти. Објавата е поставена на неговиот профил на „Инстаграм“ од страна на администратор, кој и по неговото притворање се грижи за неговите профили на социјалните мрежи.„Покрај мојата мајка, таа беше единствената жена која ме сакаше безрезервно, ме сакаше онаков каков што сум, а не онаков каков сто сакале да бидам! Во безброј животни ситуации беше моја поддршка, пријател, другар, па на крај соработник кој ми пишуваше стихови за моите песни... беше единствена вистинска поддршка на моето семејство и на мене лично откако бев притворен и затворен, за разлика од многуте лажни пријатели, кои биле само пријатели за да се најадат, напијат и да се офајдат, Марина , нејзниот син Лаца, нејзиниот сопруг Фута останаа единствено добро во ова зло!“, напиша Јовановски, а објави администраторот.„Марина, денеска кога се набележуваат 6 месеци од твоето заминување од овој суров свет, полн со лаги, невистини и неправди, не можам да ја прежалам твојата смрт и не можам да прежалам што не можев да те испратам онака како сто ти заслужуваше и што не можев да те видам и гушнам пред да заминеш, а ти знаеш колку јас и ти моја драга Зики ( така си се викавме), сакавме да се гушкаме, да си споделиме наши тајни и секогаш ми даваше совети...жалам и се каам што во 2010 година не те послушав, за еден човек за кои ми кажа дека најдобро ќе биде за мене да го тргнам од мојот живот, бидејќи само ќе ме искористи и емотивно и материјално и така бидна, баш како што ти велеше дека тој човек е како куче касапско, навикнато на месо, застанато пред касапница....но времето не се врака назад, но затоа иднината ни дава шанса да ги поправиме грешките и исправено да продолжиме понатаму, оптимистично и одлучно па ќе биде онака како што ти секогаш кажуваше, "BICE SVE DOBRO I BICE STO CE BITI", се додава во објавата.

Магазин | пред 3 години

boki-13-stefan-bogoev

Боки 13: Јас го направив Богоев градоначалник, а пари од бизнисмен му се дадени нему!

Бојан Јовановски-Боки 13 на последното рочиште за „Меѓународен сојуз“ пред изрекување на пресуда, јавно кажа дека тој го направил Стефан Богоев градоначалник на Карпош. Потенцираше и дека пари од бизнисменот Ардијан Амзовски кадени во кеш завршиле кај него.„Точно е дека Ардијан Амзовски дал 350.000 евра во готовина и дека имал потпишано договори. Под целосна одговорност тврдам дека Христина, мојот татко Миле, биле присутни, давале пари. Не знаела ни Јасна Ерцеговиќ за тие 350.000 денари, туку знаеле политичари. Парите се дадени на лидер на партија Зоран Заев, генерален секретар на партија Александар Кирацоски и градоначалник Стефан Богоев. Мене ме злоупотребил Зоран Заев, а не јас него“, кажа Јовановски.Тој додаде дека Богоев бил еден од функционирате кој му помагал за да се обезбеди државно земјиште во Карпош за да се гради старечки дом.„Обвинителството тврдеше дека јас сум знаел дека нема да има земјиште, па сум ги држел во заблуда бизнисмените. А Обвинителството изведе доказ, скриншот комуникација во кој се вели од моја страна: ‘итно ние мора да прецизираме дефинитивна локација или да се откажам од договорот и да пропадне сѐ’. Стефан Богоев бил информиран и знаел и повторно го поврзувам со 350.000 евра. Дека знаел зборува и фактот дека јас Ардијан Амзоски не го криев тајно, не му дадов забрана да комуницира со луѓе, па комуницирал и со Богоев, јас сум го испратил. Зарем на таа средба не можел Амзоски да го праша Богоев до каде е проектот? И го прашал“, додаде обвинетиот.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања