Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

боки 13

Screenshot-2024-05-10-at-15.54.36

(Видео) Боки 13 му врати на Спасовски: Лаже, комунициравме до пред апсењето, му го пријавив „Рекет“ и ми кажа дека нема ништо од тоа

Бојан Јовановски-Боки 13 кај Лазаров тврди дека ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски лажел во подкастот „Претрес со Ландов“ кога кажал дека имале само службена комуникација, како и дека кај него не бил пријавен „Рекет“. Боки 13 тврди дека има пораки со Спасовски, а дека комуникацијата дека ја започнале на 08.12.2018 година.Првата порака која Боки 13 ја испратил до Спасовски, според него е: „Ако може да се слушнеме, итно ми е, му пишав и на премиерот“, а се работеше за напад кој го имаше моето семејство во тоа време, јас пријавувам кај него, па му пишувам адреса“.Боки 13 кажа дека стопати бил кај Спасовски, како и дека му ја работел ПР промоцијата за да биде претседател.?t=4250„Јас и Оливер Спасовски сме комуницирале заклучно со месец јуни, 2019 година, се додека не ме уапсија, две недели пред апсење. Новинарот во подкастот, Ландов, му постави едно круцијално прашање, кога го праша, дали можеби јас сум му го пријавил случајот Рекет“, рече Јовановски, па додаде дека бил во неговиот кабинет и посочи: „Јас во неговиот кабинет одам и му кажувам дека сум снимен од странски служби, дека тоа ми го кажал Зоран Заев и дека тој лично комуницира со Камчев, Зоран Милевски-Кичеец и дека ми се подготвува таква и таква работа. Тоа ми беше кажано мене и Катица Јанева. Тој ми кажа дека нема да има ништо од тоа, па се повлекува“.Според Боки 13, Спасовски со страв дал одговор на прашањето во подкастот „Претрес со Ландов“.Гостувањето на Спасовски во прилог:?t=7017

Македонија | пред 1 година

IMG_3929

(Видео) Боки 13 поднесе кривични: Зоран Заев е во скоро секоја пријава, Русковска доби за поткуп и тортура, не е поштеден ниту Спасовски и многумина од СДСМ

Поранешната шефица на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, сите поранешни генерални секретари на СДСМ меѓу кои и Оливер Спасовски, експремиерот и претседател Зоран Заев, се само дел од лицата против кои Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави. Тој образложи дека ова се само дел од кривичните пријави, за кои рече дека има докази и непосредни сознанија.„Именувани директори, лица кои вршеле јавни функции, судии и обвинители, ексфункционери – сите беа дел од кривично-правната операција Бумеранг. Имавме прв распит пред предметен надлежен обвинител. Се работи за кривични дела за изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства. Станува збор за повеќе дела за кои се поднесени кривични пријави“, рече Јовановски.Тој посочува дека предал докази за криминали кои се јавна тајна во Македонија.„Мислам дека ќе произлезат предмети каде лицата од СДСМ ќе одговараат. Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службена положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е скоро во секоја пријава“, додаде Јовановски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3884

(Видео) Боки 13 за пријава од Кичеец: Заканувачот и насилникот пријавува некакво насилство, очекуван ми е неговиот страв

Бојан Јовановски-Боки 13 посочи дека Зоран Милевски-Кичеец го пријавил поради статусот во кој вели дека лица блиски до него пробуваат да го замолчат. Посочи дека Кичеец е дел од неговите кривични пријави за сторени кривични дела за кои тој има докази па додаде: „Тоа ќе биде предмет на постапка, а ова го чувствувам како директен притисок бидејќи се случи вчера кога скоро цела држава знаеше дека имам јавен настап, најавено интервју. Пријавителот, Кичеец, беше еден од лицата за кои зборував“.„Од авион се гледа дека е тенденција во прашање, притисок во прашање. Знаете како човек кој цел живот се заканувал и се занимавал со таков тип на работа, овде единствено што ми се поклопува е да ја кажам онаа народната: кога крадецот вели држете го крадецот. Така што, заканувачот и насилникот пријавува некакво насилство. Беспредметно е и трошење време за полициските службеници кои мора да ја запазат формата“, додаде Јовановски.Тој додаде и: „Јасен ми е стравот на Зоран Милевски-Кичеец, очекуван. Поради тоа што, човек кој толку многу се огрешил пред законот, а не одговарал за сите грешки соодветно, човек кој нанел многу злодела за кои не бил санкциониран навремено, очекувано е да има вакви потези како овие. Јас сум решен, ова е почеток на конечна битка и разрешница со цела криминална банда, а во таа криминална банда еден од предводниците е Зоран Милевски-Кичеец“.Прашан дали се плаши дека може да биде ликвидиран, тој рече: „Не. Знаете како, има непријатност и немагодност која се случи вчера повеќе поради семејството. Да се разбереме, докажано е дека овие луѓе се спремни на многу работи, дека се спремни на се – покажано, докажано, видено, чуено. Не се санкционирани за своите постапки соодветно поради дерогираниот систем во кој живееме. Но дека може да се очекува се, особено кога давеник се фаќа за сламка спас... Па така не можам да кажам дека имам конкретен став, но треба да бидам претпазлив“.

Македонија | пред 1 година

IMG_3882

(Видео) Бојан 13 во полициска станица со адвокатот Туфегџиќ, по пријавата дека загрозил нечија безбедност

Бојан Јовановски- Боки 13 дојде во полициската станица во Кисела Вода, каде што е повикан на информативен разговор пораду пријава дека загрозил нечија безбедност. Тој внатре влезе во присуство на адвокатот Владимир Туфегиџиќ.Јовановски го бараше полиција додека беше на подкаст, тој обвини дека е обид за замолчување. Посочи дека пријавителот е Зоран Милески-Кичеец, за кого посочи и дека бил лице кое му се заканувал преку други за да не гостува.

Македонија | пред 1 година

IMG_3883

(Видео) Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Осудениот во „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела, од кои едното е загрозување на неговата безбедност, а второто е демнење. Според Владимир Туфегџиќ, адвокат на Јовановски, наводите се неосновани, а за лажното пријавување очекува одговорност.„Пријавата е за сторени три кривични дела: загрозување на сигурноста, демнење и кривично дело лажно пријавување. Кратко се задржавме во просториите на СВР Скопје. Ги отфрламе сите наводи бидејќи сметаме дека не постојат законски основи за понатамошно процесуирање. Потпишавме записник и можам да кажам дека самиот настан е од таков тип да надлежните органи треба да преземат мерки и активности во насока на водење на постапки за лажно пријавување спрема пријавителот. Тој што знае дека некој не сторил кривично дело а пријавил, подлежи на кривична одговорност“, рече адвокатот Туфегџиќ.Тој додаде дека полицијата во Скопје им посочила дека се почнало поради фејсбук статусот на Јовановски, во кој вели дека Кичеец преку луѓе му испраќал порака да не оди на подкастот кај Лазаров.„Прочитана ни е телеграмата, немаме увид односно одговор дали пред поднесување на кривичната пријава е известен јавен обвинител од Охрид и немаме целосен увид во образложението односно конкретните наводи за конкретни дејствија кои наводно ги преземал Јовановски, за да денеска му се става на товар дека ги сторил овие три кривични дела“, додаде Туфегџиќ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-07-at-08.41.11

(Видео) Боки 13 мора во станица и утрово: повика медиуми откако добиваше закани, па беше пријавен во полиција додека е на подкаст

Бојан Јовановски-Боки 13 утринава треба да се јави на информативен разговор во полиција, откако вчера, додека беше на подкаст кај Лазаров, полиција го бараше во домот на неговите родители. Тој вчера, по подкастот, по полноќ се јави во полициската станица-Карпош, каде беше екипа на „Скопје1“. Немало кој да го изврши тој информативен разговор, па затоа денеска, во Кисела Вода, тоа треба да го направат инспекторите од Единица за насилен криминал, кои ја примиле пријавата.„Беа коректни, ми кажаа дека го води Единицата за насилен криминал, тоа значи дека сум направил некакво насилство односно дека сум загрозил безбедност. Јас имам информации дека лицето Зоран Милевски-Кичеец ме пријавило поради моите јавни настапи, дека сум му ја загрозил безбедноста“, рече Јовановски-Боки 13.Прашан од „Скопје1“, дали чувствува одговорност, рече: „Никаква одговорност, каква црна одговорност. Мојата безбедност е загрозена, неговата не е. Немам проблем да отидам на информативниот разговор, колку и да е банално. Ова беше обид за притисок и цензура“.„Искрено ме потресе, во моментот кога Тони ми кажа дека дошла полиција кај моите, ми се вратија стари спомени. Но за конкретната ситуација, конкретно дејствие, не дека ме потресе.. Не дека сум загрозел нечија безбедност.. Дали ме цензурираа? Се обидов да бидам сконцентриран..“Вчера, ги повика и медиумите за денеска во 10 часот пред полициската станица Кисела Вода.„Утре во 10 часот сум повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода ( Пролече ) во врска со пријава за загрозување на безбедност согласно член 144 од КЗ. Ова го чувствувам за директен притисок и обид за цензура од страна на засегнатите лица во врска со мојот настап кај Лазаров!!! Ги повикувам медимите и најавувам изјава за јавноста по завршување на информативниот разговор“, напиша Јовановски.На ова имаше и претходница. Завчера, Јовановски-Боки 13 алармираше дека има притисоци, од лица кои ги поврзуваше со Милевски-Кичеец. Кажа дека пред неговиот стан го пречекале две лица да му пренесат порака.„Па еве вака, јас нему му кажувам јавно, дека утре дополнително ќе го разобличам и него и целата останата политичка криминална банда и утре во 20 часот на интервјуто кај Лазаров ќе му одговорам на пораката која ми ја пренесоа неговите каубојци!!! П.с за утре имам голем, обемен и многу содржаен материјал кој ќе го понесам со себе кај Лазаров!!! Нема да ме заплашите со ништо и нема да ме спречите, единствено може да го откажам утрешниот настап и да молчам ако ме убиете, друго решение немате!!! П.с-2 Кичеец веќе има искуства со ликвидации и мафијашки пресметки со убиства, ваљда истражните органи тоа го знаат и подобро од мене, а ако не знаат ќе дознаат!!!“, напиша Боки 13

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-06-at-21.25.25

Полиција кај Боки 13 додека тој е на подкаст: Пријавен сум од Кичеец

Бојан Јовановски-Боки 13 во гостувањето кај „Лазаров“ кажа дека во домот во Тафралиџе го барала полиција додека тој е во живо на подкаст. Тој соопшти дека во два наврати бил баран од припадници на полицијата.Како што соопшти Јовановски-Боки 13, пријавен бил од Зоран Милески-Кичеец, за загрозување на сигурноста.„Пријавен сум за загрозување на безбедност. А тој е човекот што сакаше да ме замочи. Тој тоа го пробува и преку полицијата тоа го направи. “, вели Боки 13.Тој соопшти дека по подкастот ќе оди во полцииска станица.„Тој е последниот човек кој било што треба да пријавува. Ќе се јавам на тој информативен разговор, соодветно“, додаде Боки 13.Додаде и: „Цела Македонија знае дека сум овде на подкаст, може тогаш е пријавата, може тогаш полицијата морала да постапи“.Став за ова, „Скопје1“ побара и од МВР. Оттаму очекуваме одоговр.Ова доаѓа откако Милески беше обвинет од Боки 13 вчера објави дека Кичеец се обидува да го спречи неговото гостување во подкастот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-06-at-10.40.37

Боки 13: Заканите и уцените кулминираа, пред станот ме пречекаа да ми пренесат порака од Кичеец - ќе ме замолчите ако ме убиете

Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека добива разни форми на закани и притисоци за да го откаже гостувањето кај јутуберот Стефан Лазаров, за каде најави „второ полувреме“ со докази. Преку фејсбук статус алармираше дека дека пред влезот на неговиот стан го пречекале лица за да му пренесат порака, како што тврди од, Зоран Милески-Кичеец.Неговиот статус интегрално:„Ја известувам јавноста дека лица блиски и под команда на Зоран Милевски-Кичеец веќе неколку дена кон мене делуваат преку разни форми на закани и притисоци со цел да го откажам утрешното второ гостување кај Лазаров! Воедно, заканите и уцените кулминираа вечерва ( сега пред 15 мин ) кога пред влезот на мојот стан ме пречекаа две лица да ми пренесат порака од Кичеец…Па еве вака, јас нему му кажувам јавно, дека утре дополнително ќе го разобличам и него и целата останата политичка криминална банда и утре во 20 часот на интервјуто кај Лазаров ќе му одговорам на пораката која ми ја пренесоа неговите каубојци!!!П.с за утре имам голем, обемен и многу содржаен материјал кој ќе го понесам со себе кај Лазаров!!! Нема да ме заплашите со ништо и нема да ме спречите, единствено може да го откажам утрешниот настап и да молчам ако ме убиете, друго решение немате!!!П.с-2 Кичеец веќе има искуства со ликвидации и мафијашки пресметки со убиства, ваљда истражните органи тоа го знаат и подобро од мене, а ако не знаат ќе дознаат!!!Се гледаме утре во 20 часот во второто продолжение, поткаст Лазаров!“, пишува Боки 13.

Коментари | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Боки 13 читаше пораки за 27-април за кои тврди дека ги разменувал со Вилма Русковска

Бојан Јовановски-Боки 13 читаше пораки за кои рече дека се разменети помеѓу него и обвинителката Вилма Русковска, која беше шефица на Обивнителството за гонење организиран криминал.„Јас ја прашувам на 23.02.2019 година, ‘Вилмич, кај сакаш да седнеме на вечера’. И ги повикувам медиумите, еве, и таа нѐ гледа, можеби само е во алкохолизирана состојба, да ѝ се јават и да ја прашаат дали е тоа точно или не е, ако е тоа точно. Вилма ми одговара ‘Ќе ви јавам, само да завршам’, јас ја прашувам ‘Што сакаш од Италија, Вилмич’, таа ми одговара: ‘Од Италија само кондури се купуваат’, јас ја прашувам: ‘Кој број кондури носич Вилмич’, таа вика ’37’, па вика дека кога била во Рим, само кондури купувала. На 20.03. 2019 година ми вели: ‘Пуштај ми новинар, ќе го викнам на распит З. Караџовски, многу ми е одвратен, ќе го уништам’, јас ја прашувам: ‘За што го викаш на распит?’, таа ми вели: ‘Нели му отворив предмет за бонусите кои ги потпиша за судиите’. Јас ја прашав кога и треба новинар, а таа одговара. Таа вика: ‘Одвратен ми е, ќе ти кажам што да го праша новинарот’. Таа ги уредуваше работите. Тоа го правела во Рекет, цело време“, рече Јовановски.Потоа продолжи со читање на пораки.„Потоа ми вели: ‘Само вие фалете ја Катица и тие дебили за да можат да им го донесат законот за да зимаат уште повеќе бонуси’. Јас ѝ одговарам: ‘Не сум во тек, на пат сум’. Таа вика: ‘Па на вести само тоа објавувате и уште најавувате дали јас сум можела да ги постигнам овие резултати во ОЈО-ГОКК. Срамота. Ај те молам кажи за кои стандарди треба да се борам’. Значи, таа уште тоа време, имаше анимозитет кон Катица и СЈО. И вели: ‘Или треба да бидам неписмена како свиња Катица’. Потоа ми вели: ‘Онаа дувнатата од кај тебе од ТВ многу се замислува’. Мисли на Дувњак и кажува дека веќе нема да гостува. Потоа вели: ‘Оној шпиунон Ордановски не мора толку да одработува за СЈО, ја изгледав емисијата за 27-ми, на што личеше тоа?’. Јас ѝ викам, чекај да видам, те барам“, додаде Јовановски.Посочи дека внукот на Вилма Русковска е обвинител во Куманово, па барала тој да биде вработен кај Катица, да помогнел.„Месец март, 2019 година. Откако јас сум ги зел наводно парите од Јордан Камчев. Јас на тоа викам, ‘слушни се подобро со Катица, така е подобро’. Да си се договорат тие две, колешки се. Се оградувам. Претходно кога ми рекла да пробам кај Катица, јас викам, ‘важи, ќе биде’“, додаде Јовановски.Потоа, посочи дека на 13.03. бил во комуникација со Русковска, на два дена пред пресудата за 27-април.„Таа ги знаеше пресудите за 27-април пред судот да ги изрече и да донесе пресуда. Јас ѝ пишувам: ‘Утре ќе ја пренесуваме пресудата за 27, цела’, Вилма враќа: ‘Ќе биде интересно, највисоки казни, после ќе давам изјава’. Јас враќам: ‘Значи Кацарска ќе направи лом’, Вилма вели: ‘Лом, лом, ќе видиш’. Јас ѝ викам: ‘Дај некоја ексклузива’, јас ѝ барам ексклузива на телевизијата. Она ми одговара: ‘Само една ослободителна, другите сите високи’. Русковска: ‘После пресудата ќе ја бараме Кацарска да гостува’ и точно, дојде кај Гордана Дувњак да гостува во емисија. Таа ми изнесува пресуда пред пресудата да биде изнесена. Потоа ми зборува за директори кои што ќе бидат ексклузивно апсени за две недели итн“, додаде Јовановски.По ова посочи: „Јас ѝ го зборував ова на Вилма Русковска, дека ќе ѝ дојде овој ден, дека ќе одговара. Она беше свесна дека ова постои во мојот телефон. Они ме уапсија, мислеа ќе ги има само доказите за Јордан Камчев, снимка, разговори и дека во мојот телефон нема да има ништо. Две недели пред да ме уапсат, една личност ме подучуваше да избришам сѐ од телефонот, да сум го напраел ко нов. Ми викаше ‘зло не требало’. Јас на тоа, за да престане да ми зборува тоа, јас викав: да, да, да избришав’. Јас намерно телефонот го држев без пасворд, намерно. Таа кога го зема телефонот, се сретна со пораки, меѓу кои, со пораки со Наум Пановски. Виде пораки каде Наум Пановски ја напаѓа, каде дава информации какво ѝ е обвинението за 27-ми април, мене ми кажува дека е алкохоличарка која е неписмена, тоа се негови зборови и дека други ѝ ги правеле обвиненијата, дека од ракав ѝ се обвинети луѓето“.Јовановски додаде и: „Заради 27-април доби шефовско место. Го доби предметот за работење, па стана и шеф на организиран криминал. За да се изживљава на луѓе, упропасти толку места. Цитирам порака дека обвинението е пишувано од ракав и дека кому-иде луѓето се ставени таму“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-22-at-22.16.50

(Видео) Боки 13: Зоран Заев има удел во бегството на Никола Груевски

Бојан Јовановски-Боки 13 во подкастот „Лазаров“ зборуваше и за Зоран Заев. Посочи дека Заев има удел во бегството на Груевски.„Најголемата животна грешка ми е што поклонив верба во човек кој што сите ги искористи и фрли. Тој ја фрли цела негова поставка од луѓе“, рече Бојан Јовановски-Боки 13 за експремиерот Зоран Заев во подкастот „Лазаров“. Посочи дека од „Шарена револуција“ почнал рекетот во Македонија.„Шарена Револуција од овој аспект сметам дека беше политички инструмент. Покрај алатка за да стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука е почнато да се рекетираат луѓе и бизнисмени кои ги имаше на тие снимени разговори. На покојниот Силјан Мицевски му се земени 800 илјади евра. Јас ги знам посредно, непосредно работите, за кои можам да посведочам. За сѐ што зборувам во дадени ситуации сум материјализиран во смисла на материјални докази. Ако се спои целиот мозаик, ќе видите дека ништо не зборувам само така. Рекетирани се цела плејада на лица. После е Кирацовски, кој и мене ме спои со Силјан Мицевски. Кирацовски му се јавил бидејќи биле сограѓани со Силјан Мицевски и му кажал дека за да не му бидат објавени тие снимени разговори дека овој другиов ќе го чека во Струмица. Тие викаат дека тоа е за помош на партијата. А тоа било повише личен интерес. Потоа, брат му станува главен. Јас останувам во некакви комбинаторики со нив. Тие комуницираа со обвинетите во СЈО“, рече Јовановски.Јовановски посочи дека Заев има удел во бегството на Груевски.„Што мислите Никола Груевски, така избега? Најдобро е да го прашате Зоран Заев. Онаа несреќна Вилма Русковска водеше постапка за бегството на Никола Груевски. И што откри? Зоран Заев има удел во бегството на Никола Груевски. Зоран Заев беше сериозен тровец-поединец. Прво јас му верував многу – неговата простодушност, неговиот шарм, наводната доброта, ми даваше чувство на сигурност. Јас го познавам пред да стане премиер и после откако стана премиер. Неговите апетити пораснаа многу повеќе“, додаде Јовановски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-22-at-21.47.25

(Видео) Боки 13: Пендаровски на минатите избори победи со сомнителни избори и едвај во 2019 година, имам материјален доказ

Бојан Јовановски-Боки 13 во подкастот „Лазаров“ кажа дека во 2019 година, изборите биле сомнителни и со нефер кампања. Посочи дека Зоран Милески-Кичеец организирал група луѓе од Охрид, во договор со Зоран Заев за гласање. Посочи дека има материјален доказ.„Пендаровски на минатите избори победи со сомнителни избори и едвај во 2019 година, сум бил сведок. Имало лобирање гласање и нефер кампања. Ако Кичеец ти организира да гласаат одредена група на луѓе, како што Зоран Заев и Кичеец договараа за претседателските избори во 2019 година, за некоја група Еѓипјани во Охрид, за што имам материјален доказ – што ти говори тоа? Тоа се сѐ ама не се фер избори. На мускули победи Пендаровски“, рече Јовановски-Боки 13.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-22-at-10.39.47

Боки 13 алармира дека добива закани и има притисоци поради гостувањето кај Лазаров вечерва

Бојан Јовановски-Боки 13 вечерва ќе го има неговиот прв настап во подкаст, кај јутуберот Стефан Лазаров. На социјалните мрежи Боки 13 објави: „Денеска е денот“, па дополни дека подкастот е во 20 часот.„Пс. престанете со притисоци и закани за вечер“, додава тој во објавата.[caption id="attachment_287043" align="alignnone" width="1183"] Screenshot[/caption]На социјалните мрежи се огласи и Лазаров.„Од денес многу работи ќе се поинакви, 20:00 поткаст со Боки 13… Дознавате работи кои ни во сон не би замислувал дека се можни. Се гледаме…“, напиша Лазаров.

Македонија | пред 1 година

C010055-copy

Боки 13 најави нови кривични за политичари, бизнисмени, функционери и нови докази - повикан е во Обвинителство на 10 мај

На 10 мај, Бојан Јовановски-Боки 13 ќе продолжи со поднесување кривични пријави против сегашни и поранешни политичари, бизнисмени, функционери. Тој пред новинарите откри дека имал притисоци и пред денешната прес-конференција.„Формално-правно е пријавено во Скопското обвинителство кај обвинител тогаш делегиран од Љубомир Јовески. Нема јавно-обвинителска резолуција за тие кривични пријави. Ќе ми дозволите јавно да поставам прашање до Гаврил Ристовски, обвинител, кој во два-три наврати при мое барање од затворот Идризово, бев одбиен и не ми беше даден термин за сослушување“, кажа Јовановски.Тој додаде и: „Кривичните пријави ќе бидат предмет на разгледување со дополнителни докази пред Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал. За пријавите за закани – имам поднесено пријави за кои имаше институционален молк. Претставуваа слика дека јас зборувам неаргументирано и нефактолошки“.Тој посочи дека секогаш зборувал со факти.„Во нашава земја не важи она ‘пред фактите и боговите молчат’, овдека ние мора да молчиме бидејќи тие ја имаат моќта. Јас не молчев ниту во притвор, ниту кога ме судеа, нема да молчам ни сега, се до расветлување на целата состојба. ‘Рекет’ не е расчистен. Јавноста да дознае што се случило, сите инволвирани да одговараат.

Македонија | пред 1 година

C010055-copy

(Видео) Боки 13 пред нови операции

На повидок се и нови операции на Бојан Јовановски-Боки 13, рече тој, посочувајќи дека иако е на нозе и функционира, здравјето не му е во добра состојба. Побара јавноста да не ја цени неговата состојба според физичкиот изглед, напоменувајќи дека докторите и конзилијарните мислења говорат за тоа.„Мојот моментален статус е правосилно осудено лице кое во моментот го користи институтот прекин на издржување на затворска казна, по добиено позитивно мислење од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, согласно медицинска документација и по добивање на позитивна судска одлука на овој суд позади мене, Кривичен суд. Тоа што јас функционирам и сум пред вас, тоа не значи и немојте да го поистоветувате мојот физички со мојата здравствена состојба. За мојата здравствена состојба има повеќе од десетици конзилијарни мислења, имам субтотална гастроктомија и за жал во овој момент имам индикација за нови некакви интервенции бидејќи тоа кај мене е состојба која не ја посакувам на никого“, рече Јовановски.На прашање од „Скопје1“ дали по оваа прес-конференција очекува да го вратат назад во затвор, поради тоа што претходно наведе дека имал притисоци да не ја одржи, Боки 13 рече: „Јас имам правосилна одлука за прекин, медицинската документација и согласно претпоставките во законот, не го дозволуваат сето тоа. Јас се надевам дека нема толкава негативна тенденција и злонамера тоа да се случи“, додаде Јовановски.

Македонија | пред 1 година

12345679iuyhdgfd

(Видео) Боки 13: Русковска селектираше пораки со Заев, тој е сѐ само не човекот кој го бранел законот!

Бојан Јовановски-Боки 13 кажа дека добил екстерен хард диск со податоците од неговиот телефон, а во кој има куп пораки со поранешни и сегашни високи функционери. Кажа дека до Кривичен суд доставил ИТ-вештачење кое бара да се изведе во нова судска постапка за „Рекет“. Потсети дека на судењата биле презентирани неколку пораки кои ги разменувале со експремиерот Зоран Заев, а дека има цела комуникација која ќе даде друго светло на случајот.„Во судот, доставивме и вештачење од проф. Орце Симов, од мојот телефон, и сега судот може да го извештачи и да тргнеме во една постапка кога ќе се види не само селектираните докази кои ги презентираше Русковска. На пример, од Бојан Јовановски и Зоран Заев се презентирани 2-3 пораки. Од тие излезе дека Зоран Заев знаел за ‘Рекет’, но во една позитивна афирмативна смисла дека тој е човекот кој го бранел законот. Тој е се, само не е човекот кој го бранел законот!“, рече Јовановски.Посочи дека тој е осуден за дело кое го сторил Зоран Заев.„Зоран Заев беше човекот кој комуницираше со сите овие лица кои беа засегнати од постапките на СЈО, Зоран Заев беше човек од позиција на моќ, кој имаше реален авторитет каде можеше да влијае на многу постапки и влијаеше на многу постапки. И на крајот, Зоран Заев е човекот кој изврши влијание за целосно да му биде вратен пасошот на Орце Камчев за она за што сум осуден! Тоа го имам како материјален доказ“, додаде Јовановски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања